| Во приквечерината на востанието, кручевските востаници се собрале во Беринската корија, чекајќи ја во секој момент наредбата за да го нападнат градот.
|
|
| Галичката свадба е регистрирана во голем број туристички алманаси во светот, календари и проспекти, па затоа често странски гости од сите меридијани присуствуваат на овој свадбарски спектакл Петровден за Галичник и галичани бил и останал голем празник.
|
|
| И оваа година се одржа традицоналниот планаинраски марш “Васил Чакаларов”,кој го организара Македонското патриотско здружение “Тодор Александров” Планинарскиот марш се одржа на релација од селото Лавци до врвот Неолица.
|
|
| Повеќе од четириесет години поранешниот весник на македонската емиграција а денес веб портал „Македонска нација“, претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација.
|
|
| СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
|
|
| Македонското литературно друштво ‘Кочо Рацин’ од Мелбурн организира Саем на книгата под мотото “Со љубов кон македонскиот јазик“. Беа изложени македонски книги, романи, историја, поезија и детска литература. На Саемот присуствуваа градоначалникот на Општината Витлси, Стеван Козмевски, Мери Лалиос од Општината Витлси, Ацо Талевски, истакнат активист во Македонската заедница, Маргарита Василева, Игор Павловски.
|
|
Анкета на „Павел Шатев“: ВМРО-ДПМНЕ со 49,6% – СДСМ со 20,2% доверба меѓу граѓаните
|
|
| Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник Велигден упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до православните верници.
Ваше Блаженство, со голема чест и радост во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам мирни и благословени празнични денови, се вели во честитката од Груевски до г.г. Стефан.
Денот на Христовото воскресение, се потенцира, е ден кој со векови наназад е водилка и поткрепа на секој верник и на сите христијани во светот.
Велигден е поткрепа и на македонскиот народ и на сите верници во нашата држава. Да се помолиме на нашиот милостив Бог и да му се заблагодариме на неговата закрила кон нас луѓето. Исус го презеде гревот човечки и за навек го задолжи човештвото да размислува и да го разликува доброто од злото, го задолжи секој поединец да размислува со љубов, да сака со срце, да прави добри дела и да се покае за грешките, се посочува во честитката.
Да се заблагодариме на Бога, се нагласува, за неговата милост и со радост да ја примиме веста за воскресението Христово. Да се помолиме на Бог и да си посакаме и во иднина да биде блиску до нас, до нашиот народ, до нашата татковина.
Нашиот народ низ годините има поминато многу тешкотии и искушенија, успеал да преброди многу грешни човекови дејанија. Нашиот Бог и вера биле отсекогаш со нас да нè поткрепат и утешат кога било потребно. Токму затоа, да бидеме благодарни, да се радуваме на Велигден и да си посакаме божја поткрепа и во иднина, се вели во честитката.
Нека Бог нè чува и биде со Македонија, се додава, да си го зачуваме она што е наше и она што нам ни припаѓа.
Нека Бог ни помогне во сите искушенија, нека го зацврсти единството помеѓу народот, нека ја умножи љубовта и нека го одврати секој оној кој крева рака врз другиот. Нека нè избави од насилство и неред, нека нè потхрани со мир и спокој. Да си се почитуваме себеси, за да нè почитуваат и другите. Како што сме единствени во верата, така да сме единствени и во државата. Да се натпреваруваме кој може повеќе и кој може подобро за државата и за народот. Да си ја сакаме Македонија со целото срце, со секоја мисла и во секоја наша одлука. Нека Бог ни даде мудрост и сила да ги зацврстиме и унапредиме заедничките вредности на кои се родила, израснала и во иднина ќе се издига македонската држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник! Нека ни е честит Велигден ! Христос Воскресна ! Навистина Воскресна !, се потенцира во честиткатаод плидерот наВМРО-ДПМНЕ до г.г. Стефан и православните верници. |
|
| 
Македонското патриотско здружение Тодор Александров најостро го осудува вандалскиот и антимакедонски чин на антимакедонските вандали од СДСМ и СОРОС кои ги сквернвеа македонските спомнеици. Ние нема да дозволиме уништување на спомениците, понижување на македонските херои кои се бореа за слободата на Македонецот од антидржавни елементи на кои Македонија не им значи ништо, нивниот удрар врз спомениците е удар врз македонскиот идентитет и врз македонското достоиснтво.
Оние кои ги сквернавеа спомен обележјата и Порта Македонија се тие чии дедовци во Комунистичка Југославија ги убиваа и затвроаа борците за Независна Македонија, се тие чии дедовци ги затвораа и понижуваа македонските патриоти кои се бореа за демократија и слобода и ги испраќаа по комунистичките затворите во Голи Оток,Идризово и Белград. Овие антимакедонски елемнти во 1990 година кога ВМРО ДПМНЕ се борше за Независна Македонија,сеуште мечтаеа и се бореа за Југославија.На овие антимакедонци, паролата Независна Македонија им е туѓа тие не ја чуствуваат дури имаат одбивност и аверзија кон оваа света парола, затоа што припаѓаат на една друга атеистичко комуниситичка антимакедонска матрица.Вандалите на СДСМ и СОРОС ги осквернавија и оштетија,обележјата на првото заседание на АСНОМ,обележјето на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија,обележјето на 8 септември,со овај чин тие ја осквернавија и борбата,страдањето,илјадниците македонски жртви,плачот на македонските мајќи за своите синови кои ги положија своите животи за македонската кауза,со овај чин овие антимакедонски елементи го понижија македонскиот народ.Овие антимакедонски елементи го сменија името,го сменија знамето на Македонија и денеска заговараат украинско сценарио.Нивната цел е веќе јасна братоубиствена војна, протекторат и крајна цел, распад на Р.Македонија.
Бараме од надлежните органи да ги заштитат македонските спомен обележја кои се сведоштво на историјата ,културата и борбата на македонскиот народ за своја држава.МПЗ Тодор Александров бара и посебен закон за заштита на културното наследство и споменичните обележја,а за нивните сквернавења да има соосдветни казни. Денесека е време кога делата,борбата и имињата на овие македонски херои кои имаат зслужни спомн обележја да бидат пример и патоказ како да ја сакаме чуваме нашата Македонија од оние кои и денес сакаат да ја уништат.
МПЗ „Тодор Александров“ |
|
|
|