Прва македонска банка?! Префрлувајќи и прегледувајќи ги документите во архивот на покојниот татко, Илија Ризов од Битола меѓу другите документи го пронашол и овој чек на македонската народна банка а.д. Од кажувањата, Ризов дознал дека оваа банка била формирана 1935 година во Софија, од луѓе со македонско потекло. Дури тврдат дека банкарите - Македонци потекло водат од Галичник.
Во тоа време на овој простор имало околу 300 банки, главно во рацете на англискиот, францускиот и германскиот капитал, но досега не се знаело дека постоела и македонска банка. Карактеристично е што чекот е издаден во Софија и вредноста е во левови, меѓутоа на него јасно и прецизно е нацртана етничката карта на Македонија.
|