Среда, 20 Април 2016   
Од мајка Абориџинка, по татко Македонец, во душа фудбалер

Сте слушнале ли за Сем Петревски – Сетон? Сигурно не. Се работи за најголемата надеж во австралискиот фудбал со многу интересно потекло, ем наше дете, ем од џунгла каде не постојат закони.

156406-od-majka-aboridzhinka-po-tatko-makedonec-vo-dusha-fudbaler

Холс Крик е австралиски град кој се наоѓа во регионот Кимберли лоциран на северниот дел од Западна Австралија, каде според податоците од 2006 година живеат 1.211 луѓе. Нашинците кои се распрскани на овој континент тешко дека заминале да го разгледаат тој дел. Од Перт е далеку 2.855 км и се патува околу 30 часа со кола, а од Сиднеј авантурата изнесува 3.800 км или околу 43 часа возење.

Епа од ова место е Сем Петревски – Сетон, најголемиот талент во австралискиот фудбал или по нашки рагби. Кога тренерите и менаџерите добиваат прашање да го споредат со актуелните играчи на Австралискиот фудбал (АФЛ) тие остануваат без зборови.

Тинејџерот има голем афинитет за овој спорт, како и голема желба за работа, а на негова возраст реткост е да се види играч со таков талент од толку оддалечена и запустена област во земјата. На само 13 години Сем го одиграл првиот меч во сениорска конкуренција за Холс Крик Хокс во Источната фудбалска лига во Кимберли.

156400-od-majka-aboridzhinka-po-tatko-makedonec-vo-dusha-fudbaler

Во првите три години како репрезентативец за У16, на два пати бил прогласен за најдобар играч, а минатата година влезе во селекцијата за играчи до 18 години.

Тренерот Мајкл Аблет смета со неговиот прогрес тој може да стане најдобар играч на континетот.

„Многу занимливо, имаше луѓе кои пред една година ми велеа дека тој може да биде подобар од Џек Мартин кој игра во среден ред, а Џек е еден од најдобрите играчи кои сум ги видел на таа возраст. Бев резервиран, но како продолжува сезоната ако ја видите способноста на Сем и онаа на Џек, тоа е реткост“, вели австралискиот стратег.

За разлика од Џек кој потекнува од метрополата Голд Коуст, Сем е од град кој го бие лош глас во медиумите и кој е опишан како град во Австралија каде најмалку се почитуваат закони.

156405-od-majka-aboridzhinka-po-tatko-makedonec-vo-dusha-fudbaler

Регионот е полн со талентирани фудбалери кои не успеале да направат кариери поради тоа што не можеле да се справат со стандардите кои се барани од страна на спортските организации.

„Треба да бидеш горд на местото од каде потекнуваш и да ја чувствуваш љубовта во себе која ти ја дава вашиот дом. Ние немаме многу сличности со луѓето од градовите, но се додека стоиме на две нозе и одиме напред, треба да постигнеме нешто“, вели Сем.

Интересно за Петревски е неговото потекло. Татко му Крис Македонец, а мајка му Анџелина е Абориџинка. Холс Крик е средина каде живеат Домородни Австралијци односно Абориџини, а тоа се луѓе кои постоеле во Австралија и околните острови пред Европската колонизација.

Off.net.mk

156401-od-majka-aboridzhinka-po-tatko-makedonec-vo-dusha-fudbaler

За Абориџините постојат дебати меѓу научниците со излегоа со проценки дека потекнуваат од пред 125.000 години. Во моментов 2,7% од населението во Австралија се Абориџини.

„Многу хорор приказни се слушаа за ова место, но тоа не е толку лошо. Треба само да дојдете тука и да ги запознаете луѓето“, вели мајка му Анџелина.

На Сем Петревски му недостига тој живот каде возел со валкан точак и се пентарел по дрва, а кога пристигнал во Перт голем предизвик му бил да го научи англискиот јазик со австралиски акцент кој не се зборува во Холс Крик. Тоа што потекнува од џунгла, тинејџерот со македонско  и абориџинско потекло не го спречува да биде фаворит број 1 за прв пик на драфтот следната

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.