|
|
Македонците во областа Голо Брдо барат граничниот премин Џепиште – Требиште од трета категорија да премини на регионален премин од втора категорија |
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ја изразуваат својата загриженост и посочуваат дека се згрозени од положбата на Македонците во областа Голо Брдо. Поради тоа отворено ја повикуваат Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија итно да превземат соодветни мерки за подобрувањо на состојбата во оваа обласат. Ваквото барање на жителите на македонското национално малциство во областа Голо Брдо неколкупати било актуелизирано, но по него ништо не се презема. Македонците од бласта Голо Брдо барат од Министерството за внатрешни работи на Албанија и Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште - Требиште Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година од локален премин од трета категорија да премине на регионален премин од втора категорија. Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно, ќе се овозможи на поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини. Македонско друштво “Илинден”-Тирана Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо |