Среда, 18 Мај 2016   
Луј (Љупчо) Темелковски - истакнат македонски иселеник и пратеник во Канадскиот парламент (19)

luj-temelkovski

ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Македонците во дијаспората постигнуваат забележителни резултати на полето на бизнисот ширум светот. Малкумина си ја пробале среќата на полето на политичкиот и општествениот живот во новите среди. Еден од нив е, секако, Луи (Љупчо) Темелковски од Торонто; Канада,

. Корените на овој истакнат бизнисмен и политичар се протегаат во селото Брајчино, едно од најубавите локации во преспанскиот регион. Се наоѓа под југозападниот срт на Баба Планина, каде што се дели со атарите на селото Бистрица, Битола и со државната граница на јузниот сосед. Ова прекрасно село се наоѓа на надморска височина од 1000 метри. Тоа е сместено на крајниот југоисточен дел на Општината Ресен, од која е оддалечено 32 километра, и е распространето од двете страни на Стара Река или, како што ја викаат, Брајчинска Река.

Во Брајчино имаше основно училиште во кое се изведуваше настава до четврто одделение (изградено во 1921 година), каде го заврши своето образование Љупчо Темелковски. Денес во селото останаа само споменикот на НОБ во училиштето, продавницата на сретсело  и  угостителските  објекти,  хотелресторанот „Балтан“,и ресторанот „Шумска куќа“. Брајчино пред педесетина години броело преку илјада жители, но во последните децении многу од жителите се иселиле во: Канада, Австралија, Америка и Шведска, како и во градовите низ Македонија, затоа бројот на жителите е доста намален.Според некои податоци, само во Торонто живеат околу сто семејства од Брајчино Затоа во Брајчино останаа да живеат околу стотина жители и сите се православни Македонци. Но, среќата на ова преспанско село е во тоа што како во Македонија се развива селскиот туризам, така Брајчино е на пат да стане привлечно туристичко место.

brajcino
Панорама на Брајчино

Брајчино е познато по средновековната тврдина „Кула“, како и по петте цркви и едениот манастир. Манастирот Света Петка е едно од поважните духовни светилишта во Преспа. Тој се наоѓа во непосредна близина на селото, на едно ливадско плато, а е изграден во XVI век, а во 1902 година му биле запалени конаците, но во 1985 година повторно се обновени со приватни донации и се прилагодени за туристички цели.. Селска слава за брајчинци е Света Петка и се слави на 8 август.

Инаку, од Брајчино потекнуваат стотина дипломирани интелектуалци, меѓу кои е и Љупчо (Луи) Темелковски - канадски политичар, кој  првпат беше избран за член на Парламентот во 2004 година како претставник на новосоздадената околија Оак Риџиз-Маркам. За втор мандат беше реизбран на 23 јануари 2006 година.Неговото семејство имигрирало во Канада во доцните 60-ти години на XX век, кога Луи кој е роден на 4 октомври 1954 година,  имал само 13 години. Никој од семејството не говорел ни еден од официјалните јазици, но неговите родители станале вредни канадски работници чија единствена цел била на своите деца да им дадат можност за успех во новата татковина. Луи е првиот член на парламент од македонско потекло.

Луи (Љупчо) Темелковски дипломирал филозофија на Универзитетот „Мек Мастер“.Потоа изградил успешна кариера на полето на финансиските услуги. Почнал да работи со „Фридом 55 финаншијал“ во 1984 година како советник за продажба и напредувал до позицијата директор за развој. Бил  член на Трговскиот совет на градот Маркам.

Мултикултурните гледишта на Пјер Трудо му беа инспирација на Луи. Тој многу верува во канадскиот мозаик и работеше како претседавач на Торонто караван фестивалот. Исто така, има активна улога и во Македонска православна црква !Свети Димитрија Солунски“ во Маркам,каде беше претседател на Основачкиот одбор.

markam
Центарот на Маркам

Луи работел и во Владата на Онтарио, во Советот за мултикултурализам и државјанство. За своите значителни придонеси во подобрување на општеството, тој беше одликуван во 2002 година со Златен јубилеен медал од англиската кралицата Елизабета. Течно говори италијански, македонски и англиски јазик. Следна лингвистичка цел му е да го подобри францускиот јазик.

Иако 38 состав на Парламентот траеше само 17 месеци, Луи Темелковски беше многу активен. Тој беше копретседавач на постојаниот заеднички Комитет на парламентарната библиотека; член на постојаниот Комитет за државјанство и имиграција; ја востанови интерпарламентарната група на пријателство Канада-Македонија; тој беше  претседавач на Канадско-ерменската парламентарна група и претседавач на Канадско-филипинската група на пријателство.

До сега, во 39 состав на Парламентот, Луи работтеше како дописен рецензент за јавни работи и услуги на Владата. Исто така, тој е заменик- прет- седавач на постојаниот Комитет за меѓународна трговија. Тој се радува на продолжувањето на работата во Парламентот и групите на пријателство.

temelkovski2

Луи Темелковски е оженет со Лорета, помошник-наставник во средното училиште „Братот Андре“. Тие  имаат четири деца: Александар, Тања, Сандра и Кристијан. Неговото семејство живее во Маркам од 1983 година.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.