Среда, 25 Мај 2016   
Годишница на МЛД „Григор Прличев“ во Сиднеј

mld-grigor-prlicev-1

На 20 мај по повод 38 годишницата од формирањето на Литературното друштво „Григор Прличев“ во просториите на RSL Клубот во Рогдаел (Сиднеј) се одржа литературна средба при што се промовираа книгите: „Античко – Македонските историчари и нивните дела“ од Александар Донски и „Љубов и надеж“ од Ленче Целакоска Клекачкоска.

Книгата на Александар Донски ја промовира професор м-р Славица Ристеска која даде опсижен преглед на неговото дело кое е од огромно значење во расветлувањето на македонската античка историја. Книгата поезија на Ленче Целакоска Клекачкоска ја промовира професот Бранко Наумовски и покрај авторот поезија читаа Марија Александрова и артистката Валентина Апостоловска.

mld-grigor-prlicev-2

Исто така на средбата им се врачија наградите на писателите наградени со Прличева награда за поезија и проза за 2015 година: Наум Трајчевски од Квинбијан, Велика Блажевска и Марија Александрова од Сиднеј, Гроздан Јовановски од Њукастел и Емилија Жупаноска од Волонгонг. Наградата за најдобра издадена книга за 2015 година му се додели на Ристо Галевски за книгата „Спомени од Македонија“

На средбата исто така им беа доделени благодарници на Димче Џајкоски од „Macedon Travel“, Санде Квачковски од „Sloestica Rendering” и Кире Пашовски за парична донација за издавање на македонска литература, а Димитрија Кукуљовски беше прогласен за читател на годината во Библиотеката „Григор Прличев“.

Д. Ристевски

ljubov-i-nadez

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.