Среда, 01 Јуни 2016   
„Свети Никола“ во Кабрамата - значаен македонски црковно - национален центар (16)

sv-nikola-kabramata

ДЕЛ ОД АКТИВНОСТИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

Сиднеј е главен град на австралиската држава Нов Јужен Велс. Тој е најголемиот град во јужната хемисфера со популација од околу четири и пол милиони жители од кои 170 000 живеат во централната зона. Сиднеј се наоѓа на југоисточниот дел на австралиското крајбрежје. Изграден е околу заливот Порт Џексон и е најголемиот финанскиски центар на Австралија. Тој е рангиран во десетте најдобри градови за живеење, a воедно е еден од најзначајните светски модни центри. Сиднеј е најскапиот град во Австралија и 21виот во светот.

При нашата посета бевме информирани дека Сиднеј како позната туристична дестинација, најмногу се издвојува по Сиднејската опера која е дело на данскиот архитект Јерн Уцон, изградена во експресионистички стил во 1973 година. Сиднејскиот пристаништен мост е проектиран од страна на англискиот инженер Ралф Фриман. Градот има три ботанички градини од кои најпозната е Кралската ботаничка градина. Сиднејската кула е висока 305 метри, втора по висина во Австралија, а трета по висина во јужната хемисфера. Исто така во Сиднеј вредно е да се посетат Кинескиот кварт, Сиднејскиот парк, Хајд парк, Австралискиот музеј, Плоштадот, Градската општина, Парламентарниот дом, Зградата на кралицата Викторија, Аквариумот, Олимпискиот парк итн.

Според некои податоци, во Сиднеј и околните места живеа околу сто илјади Македонци од сите делови на Македонија. Без разлика од кои простори на Ма­ке­донија се задомиле, тие  прет­ста­вуваат нераскинлив и значаен дел од цело­купниот мо­заик на македонската вистина. Врската што Маке­до­не­цот на тие простори ја одржува со дедовската земја на Бал­канот е трајна, искрена, чо­вечка, носталгична, маке­дон­ска, а мостовите што ги гради меѓу Ре­пуб­лика Македони­ја и втората татковина се двонасочни, плодотворни, от­во­рени и многу значајни во севкупното живеење, ра­бо­та и заедничките комуникации меѓу двете државите.

sidnej
Сиднеј       

Таму, покрај македонските православни цркви „Свети Кирил и Методиј“ и „Света Петка“, во реонот Кабрамата, дел од Сиднеј е изградена третата МПЦ што го носи името “Свети Никола”. Поголг период оваа црква беше на удар од несогласувањата на црковно и општествено поле, за што останаа лузните од судските спорови. Меѓутоа, состојбата се измени со формирањето на Сиднејско-австралиската епархија на Македонската православна црква, проблемот се реши во февруари 2016 година.

Тогаш, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, конечно, го одобри регистрирањето на Македонска православна епархија како правно лице во Австралија, со седиште во Сиднеј. Оваа епархија ќе работи во форма на непрофитно здружение на граѓани, сочинето од македонските православни заедници чии храмови влегоа под надлежност на митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, во декември 2012 година. 

Инаку, Кабрамата едно од најтипичните работнички населби и големо предградие на Сиднеј , каде што се лоцирани бројни индустриски капацитети. Таму се доселени бројни македонски семејства кои имаа потреба од свој македонски духовен и национален дом. Тоа е МПЦ „Свети Никола“ во Кабрамата, каде покрај Македонците има бројно иселеништво од сите балкански земји.

Иницијативата за изградба на црквата „Свети Никола“ ја покренаа активистите од МПЦ “Свети Кирил и Методиј”, кои, поради оддалеченоста на црквата решија да изградат уште еден храм. Поточно, на 3 февруари 1980 година е формиран Одбор од 15 членови, меѓу кои за претседател беше избран Драган Размовски кој, заедно со својот брат Кире Размоски подарија средства, а Петар Јанкуловски ја презеде оперативната градежна работа, а се вклучија и бројни иселеници кои спроведоја широки активности за изградба на новата црква. Потоа, во мај 1983 година отпочна изградбата на црквата “Свети Никола” по долги подготовки на Одборот. Тоа беше настан што со радост беше примен од голем број Македонци  кои живеат на тие простори.

Еден од најзначајните датуми на оваа македонско светилиште на петтиот континент е 8 февруари 1987 година, кога беше извршено осветување на храмот од митрополитот Тимотеј во сослужение на голем број свештеници. Црквата е од тврд материјал, има храм и голема сала, а во неа се активни женската и други секции.

timotej
Митрополитот Тимотеј го освети иконостасот

Овој храм, заедно со катедралата „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, е под Македонската православна заедница за Австралија (МПЗА). Таа е најстарата македонска организација во Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс. Основана е во 1969 година, а регистрирана е како посебно правно лице - непрофитно и невладино здружение на граѓани, во 1971 година. Од 1998 година МПЗА е основачка членка на Здружението на македонски заедници од Австралија, кое претставува Сојуз на регистрирани Македонски организации од цела Австралија.

Голем дел од основачите на МПЗА биле етнички Македонци прогонети од Егејскиот дел на Македонија. За нив организацијата била основна база за слободно одржување и развивање на македонскиот идентитет и македонското заедништво, како што за Македонците од Вардарскиот дел била Република Македонија.  Се‘ со цел да се ослободат православните Македонци од асимилаторските индоктринации на Грчката, Српската и Бугарската православна црква во Австралија,

Инаку, владиката г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Ѓорѓија Поповски, во јануари 2015 година го освети новиот иконостас на храмот „Свети Никола“ во Кабрамата, со што ја продолжи канонската посета на Австралија. Претходно, откако беше одржано основачко собрание за регистрација на првата епрахија на МПЦ во Австралија, г Тимотеј  изврши и осветување на новата градба на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Сиднам, а отслужи и литургии во храмовите „Свети Димитрија Солунски“ во Вулунгонг, „Свети Никола“ во Перт и „Свети Јован Крстител“ во Џилонг.

Иконостасот кој беше осветен во „Свети Никола“ во Кабрамата е дрворезбан иконостас со нови икони. Тој е рачна изработка на мајстори од Охридско-дебарското копаничарско школо „Димче Јанко“ и е изработен од ореово дрво, а новите икони се дело на реномираниот македонски академски сликар Синиша Кашавелски.Иконостасот е подарок од бројни верници на црквата „Свети Никола“. Сето тоа ја прави МПЦ „Свети Никола“ да претставува  значаен македонски духовно-национален центар со израз на верата, надежшта и љубовта  на Македонците од Австралија.

Продолжува

slave-katin-1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.