Среда, 15 Јуни 2016   
ПРОМОЦИЈА НА СТОТИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО "МАКЕДОНСКИ ГЛАС"

makedonski-glas-1

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ХРВАТСКА

14 јуни 2016 година, Загреб, Хрватска

- Минатата недела, на 9 јуни 2016 година, во Загреб, Заедницата на Македонците во Република Хрватска (ЗМРХ) го промовираше jубилејниот стоти број на своето списание "Македонски глас“. Списанието континуирано се печати од 1993 година.

makedonski-glas-2

Програмата ја водеше Елизабета Петровска, заменичка на главната уредничка на "Македонски глас“ и секретар на Заедницата на Македонците во Република Хрватска. Во улога на промотори се јавија д-р Никола Гроздановски - првиот и почесен претседател на ЗМРХ, Огнен Бојаџиски - првиот главен и одговорен уредник на списанието, Илија Христодулов - претседателот на ЗМРХ и Милена Георгиевска - главната и одговорна уредничка на списанието на македонската национална заедница во Хрватска "Македонски глас“.

makedonski-glas-3

Промоцијата беше збогатена со музички дел, каде што настапи пејачката група "Моми бисерни" којашто делува при МКД "Охридски бисер" од Загреб. Под диригентство на водителот Сафиудин Алимоски, тие испеаја неколку македонски песни, а Ѓулијана Алимоски ги придружуваше на флејта.

Својата поддршка на Заедницата на Македонците во Хрватска ја изрази и Колинда Грабар - Китаровиќ, претседателката на Република Хрватска, која испрати поздравно писмо со честитки.

makedonski-glas-4

За време на промоцијата им' се одаде почит и благодарност на главните уредници, новинари и дописници, кои се заслужни за формирањето и развојот на ова списание.

makedonski-glas-5

На промоцијата присуствуваа и голем број Македонци од Загреб и нивни пријатели. Меѓу нив беше и Maчеј Качоровски - советник во Амбасадата на Република Македонија во Република Хрватска, Ангел Митревски - член на Советот за националните малцинства на Република Хрватска, Диана Машала Перковиќ од Хрватската матица на иселенците, протојереј Кирко Велински - свештеник на Македонската Православна Црква во Хрватска, Томе Апостолоски - претседател на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, Мирјана Mајиќ - претседателка на МКД "Билјана“ од Задар, Благој Штерјов - претседател на МКД "Охридски бисер“ од Загреб, Ивона Дуноски Митев - претставничка на македонското национално малцинство за Приморско-горанската жупанија, Ненад Јовановиќ - претседател на новинарите за националните малцинства при ХНД (Хрватско новинарско друштво) и многу други.

makedonski-glas-6

Промоцијата беше проследена со видео проекција на фотографии од списанието "Македонски глас“. Покровител на промоцијата беше Советот за националните малцинства на Република Хрватска.

Светски Македонски Конгрес

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.