Четврток, 04 Август 2016   
Илинденски иселенички средби во Љубојно

ljubojno-iselenicki-sredbi-1

На први и втори август 2016 година „Љубанските илинденски иселеничките средби“  прославија 43 години од своето постоење. Со тоа се потврди фактот дека тие се значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија.

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на Македонија. Тој е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно. На Илинден во Љубојно се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што дошле за Илинден во убавата Долна Преспа. 

Оваа година на Илинден во Љубојно се собраа неколку илјади иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени и Крани, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

„Љубанските илинденски иселеничките средби“  се одржаа во центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно на први и втори август. Тие започнаа со народна веселба, за потоа да ги прогласи за отворени градоначалникот на општината Ресен, д-р Ѓоко Стрезовски. Веселбата ја збогатија младите и полетни играорци на Друштвото „Мирче Ацев“ од Прилеп, кои се претставија со грст македонски народни ора и песни, за што беа наградени со аплаузи.

Во текот на средбите присутните ги забавуваа  групата „Форум“ со естрадните уметници Благојче Стојановски - Туше, Ташко Каранфиловски, Серафина Фантаузо и Ефто Пупиновски, кој беше ѕвезда на 43-те „Љубанските илинденски иселеничките средби“. Исто така, на средбите се претставија и неколку групи ученици кои потекнуваат или беа гости во Љубојно. Нивните игри и песни беа проследени со големо вниманија и беа наградени со искрени аплаузи од публиката.

panorama-na-ljubojno
Панорама на Љубојно од манастирот
Свети Петар и Павле“

Како и сите изминати годиниу, на денот Илинден во црквата „Свети Илија“ во Љубојно се одржа традиционална богослужба на која присуствуваа голем број верници од Љубојно и гости на средбите.

Инаку, „Љубанските илинденски иселенички средби“ се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетители. На Илинден Љубојно добива свечен празничен лик. Тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати...

Ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националното живот, со обичаите и со културните настани ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот  -  средбите и Македонија  да бидат вечни.

Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини,  Тогаш ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.

Овој голем ден на верската и националната симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите.

Инаку, иселенички и празнични средби се одржуваат, покрај Љубојно, во Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, во Подмочани, Болно и Пустец,   во Мала Преспа. И овие средби, главно, имаат иселенички карактер. Средбите ги организираат и финансираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да има  повторни видувања со роднините и пријателите, да има пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно, со желба таквите средби да бидат мотив повеќе за другарување и организирано живеење на Македонците од етничка Преспа и пошироко.

„Љубанските илинденски иселенички средби“, покрај другарувањата во родното место, со невидена сила ги привлекуваат иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбите  се паметат деновите со прекрасната атмосфера и моментот кога селото е живо како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родното печалбарско Љубојно.

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.