|
|
По девети пат одржан Натпреварот по рецитирање во НЈВ |
Успешна традиција Во организација на Македонскиот Просветно Училишен Одбор на НЈВ, во Сиднеј по девети пат се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните училишта. И оваа година, традиционално, домаќин беше Основното училиште во Карлтон. Голем број ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја изрецитираат својата стихотворба. Рецитирањето е древна македонска вештина , која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или памтењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе. Сите ученици заслужуваат пофалба за вложениот труд, честитки и до вредните учители кои ги подготвија учениците, а особена пофалба заслужуваат грижливите родители кои најдоа време и во сабота ги донесоа децата на Натпреварот. Жири комисијата во состав проф. Бранко Наумовски, проф. Славица Ристеска и проф. Елизабета Хаџијевска, потврдија дека сите деца заслужуваат пофалба за својот труд , но одлучија оваа година наградите да ги добијат: Од забавиште Јован Ташковски од „Filip II “ Peakhurst West Stage 1( 6-8 god) 1. Антони Мандаровски од MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg 2. Јустинијан Велковски од МЕОU „11-ti Оktomvri” Yagoona 3. Никола Кочанковски од „Filip II “ Peakhurst West 3. Лора Стојановска од „Filip II “ Peakhurst West Stage 2: ( од 8-10год) 1. Мартина Ѓергис од „Kliment Ohridski” Rockdale 3. Милан Славески од Kliment Ohridski” Rockdale Stage 3 (од 11-13 год)
2. Ванеса Новак од Carlton PS 3. Оливија Дак од MEU „Nikola Karev “Bonnyrigg Текст: Жаклина Михајлова -Учителката Слика: Радица Бојковска Димитровска |