Среда, 21 Септември 2016   
Иван Трпоски одликуван со медал за заслуги за Македонија

ivan-trposki-1

(Ова лето во Охрид  Иван Трпоски од страна на претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов беше одликуван со медал за  заслуги за Македонија . Иван медалот го доби  за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење  со што дал значаен придонес за афирмација на Република Македонија во Австралија  и за унапредување на пријателските односи и соработката меѓу татковината и втората татковина во која живее близу пет децении.)

Иван Трпоски е роднокраен автор кој од 1979 година член е на Литературното друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, како и член во издавачкиот одбор на списанието “Повод” и долгогодишен библиотекар и архивар во библиотеката “Григор Прличев” – прва од таков вид надвор од Македонија.

Дописник е на списанието “Македонија” од Матицата на иселениците и многу други весници и списанија во Македонија и Австралија. Со своја поезија и реферати учествувал на многу собири, со кои го поткревал духот на македонецот да опстои на далечните австралиски простори.Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1988 год. , и член е на Друштвото на новинари на Македонија од 1995 год.

Автор е на повеќе книги, иницијатор е за организирање на многу манифестации и активности на нашинците во Австралија.

За својата работа и општествена дејност има добиено повеќе награди и признанија.

На промоцијата во Охрид за книгата и нејзината публицистичка вредност говореше м-р Милчо Јованоски, новинар. Во интерес на пошироката јавност и дијаспората ви ја пренесувам во целост промотивна реч. Во знак на внимание, за досегашната и идна соработка благодарница во име на охридската библиотека му врачи директорката Александра Белевска. Модератор на промоцијата беше поетесата Виолета Сековска. 


КОН ПУБЛИЦИСТИЧКИОТ ТРУД - МАКЕДОНИЈА- НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ ОД ИВАН ТРПОСКИ 

ПРОМОТОР: Милчо Јованоски, Охрид 20.8. 2016г. 

Кога ќе се спомене далечна Австралија и денес а  уште од млачечок, на почетокот на седумедесеттите од минатиот век  ми одзвонуваат гласовите на подоцна моите колеги од Радио Охрид, ненадминатите спикери Леонора Чекреџи и Цветко Божиноски. Тие читаа секоја недела поздрави и честитки од нашите слушатели и сонародници кои, како што тогаш се велеше привремено заминале во странство да спечалат и да се вратат. Во етерот летаа честитките за родендени, крштевки, имендени и свадби. Се редеа песните на легендарните македонски гласови на Васка Илиева, Никола Бадев, Александар Сариески, Виолета Томоска, Кирил Манчески и ред други.

ivan-trposki-2

Секоја нивна песна за ислениците за гурбетчиите за проклета и далечна Австралија беше како посебна приказна , приказна откорната од кревките души на разделените, споените, подоцна со некои никогаш невидените, заборавените.

Кога мојот пријател и соработник – господинот Иван Трпоски летово ми предложи да зборувам и да ја претставам на оваа охридска промоција неговата книга под наслов МАКЕДОНИЈА – НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ составена од лично негови новинарско – публицистички трудови, се прашав дали сум тој најсоодветниот и дали на мое место можеше да биде и друг?

 Подоцна сам сфатив дека изборот на Иван не е случаен. Близу две децении со моите прилози објавувани на Дојче веле им ги приближувам Охрид и Македонија на нашинците по белиот свет, а шест години, колку минува времето брзо сум дописник и за австралиското државно радио СБС со седиште во Мелбурн и Сиднеј. Така луѓето на петтиот континет ми станаа поблиски. Се трудам како новинар и преку сопствениот веб портал ПУБЛИЦИТЕТ.мк да го правам најдоброто – Македонците каде и да се по светот да ја знаат вистината за Македонија.

ivan-trposki-3

И за крај од овој дел и помислата да се биде втор промотор по познатото новинарско име Фиданка Танаскова која зборуваше на скопската промоција на книгата не е лесно. Одговорноста напротив е поголема.

Дозволете сега да се навратам на ентузијастичкиот труд на нашиот Иван Трпоски кој од Волино до Сиднеј – Австралија и циклично на секои четири години станува светски патник за да ја победи носталгијата со пишувањето, творењето и доаѓањето пак во родната грутка.

ivan-trposki-4

Книгата:   Македонија – не те забораваме на цели 270 страници на луксузна хартија и формат е сведоштво за минатите и потрошени младости и животот на илјадници Македонци кои стапнале како него на австралискиот континет и таму започнале нов живот.

Книгата е ода на херојството, на непроспаните ноќи, на тешките физички работи кои секогаш им биле судени на Македонците од Стилворк, до рудниците или како што таму ги викаат бушовите.

Книгата  во себе ја носи сета љубов на поетот, публициститот, вљубеникот во сопстевната родна грутка.

Книгата е воедно огледало и хроника на мноштвото настани, записи, репортажи за успеси, недостатоци, остварувања и достинувања на нашиците во Австралија.

Радојка Трајанова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.