Четврток, 22 Септември 2016   
11 септември - Десет години од смртта на американско-македонската писателка Емилија Кукубајска (1979-2006)

Секој напад носи деструкција, хронична или терминална. 11 септември 2001 година за Америка означи отворен судир меѓу религии, култури и општествени уредувања на САД и дел од светот. 11 септември 2006 за 27 годишната македонско-американската писателка Емилија Кукубајска означи крај на нападите на лупус нефритис и дијализа од нејзината 16-та година.

Кратката историја на времето на Емилија не признава пораз, ниту кога живее со ретката болест, ниту последните години откако замина од овој свет. Годинава ќе бидат објавени првите 1000 страници од нејзините дневници водени на англиски јазик, Emi’s Diaries во кои Емилија ја побива тезата дека нападот може да е метафора за деструкција, а болеста за губење на моралните вредности. Еми и во овој книжевен жанр е современ симбол за верување во  човечност, љубов за живот, напредок на науката и позитивни промени во човекокот.

Дел од нејзиниот огромен опус на писма, написи и песни, објавени во Вселена во вселената (ЕМАРИ, 2007) постана „ода на љубовта“ на младот автор кон фамилијата и животот, чувство  пресудно за култивирање на доблестите кај детето и младина на светот. Книгата Зборник од меѓународниот меморијален конкурс Емилија Кукубајска (ЕМАРИ, 2008) дава книжевни одговори со длабоко доживеани реакции на читатели и учесници на конкурсот, претставници од четири категории: поети, возрасни читатели, студенти и ученици од Македонија и САД.

Борбите за одржување во живот и при тоа за чување на висок морал во односите со својата генерација која е духовно и културолошки загрозена, Емилија ќе ги посведочи и годинава, на 10 годишнината од нејзината смрт, во најдолгите постхумно објавени дневници во светот.                             

emilija1
Пред лупусот: Еми во Северен Холивуд...

emilija2
... и на прошетка покрај пристаништето во Малибу

Дневниците се детско-младинска исповест пред тајниот другар, дневникот, со кого Емилија расте, отворена кон своите погледи и односи со светот и луѓето, а свесно затворена за необичната болест (Ана Франк и непријателот). Во тој сооднос на силна надеж и тешки загуби, Емилија се одржува себе си, и останатите во нејзиниот круг, со неуморна љубопитност за човековата психа, со радост што ја црпи од надежта дека сепак има светлина на крајот од тунелот во кој се повторуваат загубите. Дневниците се многу современ и навремен доказ дека и во кризни времиња, меѓу луѓе без интегритет, со наука често неодговорната и без доволно ресурси, една несекојдневна тинејџерка прави чуда со својата духовна и морална сила и убавина, чуда и за другите и за себе. Во тие чуда на издржливост и несебичност Еми го дава од себе и тоа што го нема – здравјето, и тоа што го снемува – времето од својот живот на земјата. Им помага прво на другите, и од случај до случај не се откажува да буди почовечна одговорност и подлабола свест кај другарките и другарите околу неа. Љубовта кон луѓето и животот Еми ја храни од вербата дека утре ќе биде нов ден на успех, ново откритие на искреност и чесност, нов спас од лупусот и дијализата, лек за кој и науката се бори да го открие, и Бог се грижи во својот тајминг да го донесе. Еми до крај длабоко верува и во науката и во Бог кој ја раководи вселената, науката, човекот, и човековите подеми и падови ...

emilija3
Пет години пред болеста: најздраво дете, најнапреден ученик во Холивуд, Colfax

emilija4
На дијализа, а сепак на пат кон образованието, Nazarene University, San Diego

Извадоци од Emi’s Diaries (Потрага по вредното, доброто, искреното)

... Се прашувам дали искушенијата ги гледам како можности? Дали негодувам и се жалам или и овозможувам на издржливоста да создава совршените резултати? И уште нешто: Дали гледам што Господ сака да ме поучи преку тие искушенија?              ...Живеев меѓу деца од многу култури и вери. Лос Ангелес е најкосмополитски мегалополис на планетата, но токму таму научив како и зошто треба да останам христијанка. А тој, не ја научил таа лекција, и сеуште талка низ заблудите на „Новото Доба“, изигрувајќи морал.                                                                          

... Заборавам  дека неговиот недостаток од темелни вредности засновани на верата се причината зошто не е за мене. Затоа не треба да жалам што губам такво едно конфузно битие. Тој може да усреќи некоја друга (секуларна и профана) девојка, но јас ќе си го најдам вистинскиот христијански младич, со цивилизарана суштина и морална екселенција.                                                                                                                                            ... Денес ме потсети и Библијата дека шармот лаже, убавината исчезнува а материјалните нешта се губат, но жената која има стравопочит кон принципите на Бог – е поинаква, бидејќи стравот е почеток на мудроста, и праведноста која ослободува.    ... И, како и секогаш, нема да пишувам за дијализа, лекари, или здравствени агонии. Во овие дневници пишувам за growing pain во животот на едно младо девојче. Но, не можам да верувам што се ми се случува!

emilija5
Еми, новороденче во Бенгази, Либија (1979), со татко и проф. др. Дончо Донев, и мајка и проф. др. Кукубајска

emilija6
Еми, со мајка и, на Егејското море

emilija7

emilija8
На 11 години Еми волонтира (со своите другарчиња)  во културно-уметничките проекти на својата мајка, тогаш уметнички директор на виетнамската галерија на Виет Нгуен,  Бурбанк, Лос Ангелес. За Кинеската Нова година, со композиторот од Париз, Pham Dui и сликарот Виет Нгуен.

emilija9

emilija10
Пресреќна со своите баба и дедо, Дуна и Александар Кукубајски,  во Лос Анѓелес Музејот за наука и технологија (1989). Тогаш Еми веќе го има прочитано бестселерот на Стивен Хокинг на англиски, Brief History of Time.          ... Еми, 1993 (на 14 години),  дома во Лос Анѓелес, 1 години пред појавата на лупус.

emilija11
Еми, дома, во Северен Холивуд, со дедо, баба, мајка и Марија и вујко и Тодор, 1992. 

emilija12
Во UCLA болницата, лупусот ја нападна и на 17-от  роденден. Со Еми се секогаш саканите, и книгите.

emilija13
Во првата гимназија во Скопје, American School Macedonia, 1995,  Еми волонтира кај мајка и Марија (зам. директор). Меѓу учениците Валентина Трони,  Димитар Оровчанец (десно)...

emilija14
... и со другарите во летникот камп во Поинт Лома, Сан Диего, Калифорнија.

emilija15
Во Арлингтон, Virginia Hospital Center, на евалуација за пресадување на бубрег кој никогаш не се најде: Дијализата продолжува,  лупусот и натаму напаѓа... а Еми, со мир и мудрост – одново се надева....

emilija16
Еми, на снимање на „Ин Витро“, ТВ Сител, со М. Синадиновска (2000)

emilija17
Еми во Hollywood Bowl, 2002.

emilija18
Само 30 дена пред неочекуваната смрт: на Харвард универзитетот, во Бостон, кај Проф. Денис Фаустман – на клинички испитувања, пред последното патување во Македонија, 2006, и...

emilija19
… Еми, последната Нова година, 2006, Windham Hotel, Washington D.C.

Професорката од Харвард лабораторијата при Massachusetts General Hospital, Denise Faustman; лекарите од UCLA Лос Ангелес; светски познатиот Ted Groshong, Columbia University Children’s Hospital; Благој и Вера Механџиски од ЗЕГИН; кинескиот доктор од Аугсбург, др. Џимјади; лекарот на американскиот олимписки комитет од Брансон, Мисури, др. Патрик Бејз (кој дијагностицираше лупус кај Емилија); професорите од УКИМ клиниките за нефрологија и ревматологија во Скопје и многумина од дијализните центри во САД, Скопје и Штип, имаа привилегија да ја запознаваат и следат Еми, нивниот обожуван борец за живот и за нов бубрег, млад и мил, но и длабоко аналитичен и активен учесник во современието на 20 - 21 век.

emilija20
На предавање во Херитиџ Фондација, со конгресменката Марша Блекберн: Емилија и Марија Кукубајски, членки  на Вашингтон Клубот на конзервативни жени ...

emilija21
... и на прошетка покрај реката Потомак. Вотергејтс зградите во позадина.

emilija22

emilija23
Четири години пред смртта, со македонскиот амбасадор во Вашингтон... и со британскиот во Скопје.

emilija24
Две недели пред смртта - преморена од лупусот, а среќна што е дома во Скопје, со роднините.

emilija25
Со Валентина Трони (подоцна баронесата Таруд), на свадба на братот Микеле Трони, Скопје.

emilija26

 

Од предговорот кон книгата Слобода над смртта:

ЕМИ … ПРЕМНОГУ СОВРШЕНА ЗА ОВОЈ СВЕТ

Од Баронесата Валентина Трони Таруд

... Еми ја постигна својата мисија и цел во овој живот. Таа толку многу научи од животот, повеќе од повеќето луѓе на земјата. Уште на рана возраст веќе стекна неверојатна мудрост и можеби за неа немаше повеќе лекции од овој живот, бидејќи беше постанала неверојатно силна и зрела, како стара душа која веќе живеела толку многу животи и стекнала толку многу разумност.  

Еми ми постана инспирација во животот, дури и по моето стапување во брак, по одимување на моите деца, па сѐ до денес. Таа е мој пример на личност каква треба да се обидувам да бидам... беше трпелива, силна, љубезна, секогаш се трудеше да ја гледа позитивната страна на животот, беше верен другар, подготвена секому да му прости за сѐ, имаше милосрдие за другите и беше голем слушател и советник. Таа беше премногу совршена за овој луд и неморален свет, можеби и затоа Господ си ја зема кај Себе.

Многу сум среќна што ја сретнав за време на моите тинејџерски години зашто таа тогаш имаше толку добро влијание на мене што дури и мајка ми постојано на тоа ми укажуваше. Еми ги потврди и поддржа моите морални сфаќања и таа за мене беше вистински пример за каква личност треба да бидам. Мислам дека никогаш нема да ги постигнам нејзините стандарди и да постанам совршена како неа, но понекогаш се обидувам да го следам нејзиниот совет, бидејќи знам што таа би рекла во одредени ситуации, тоа е како да ја слушам да ми зборува, да ја гледам како ми се насмевнува и тогаш едноставно знам што таа би ми кажала да сторам и што таа би сторила наместо мене. 

Еми беше испратена од Господ на земјата за да се обиде да ги просветли луѓето околу себе, за тоа сум сигурна сега. Сега таа е и пример за тебе, во текот на твоите маки во животот таа ќе те води и дава сила. Внимавај на знаците. Можеби фактот што ти пишувам и кажувам за овие нешта е знак од Еми, можеби таа зборува преку мене и сака да бидам во контакт со тебе и да ти го кажувам сето ова...

Се согласувам за она што кажав за муслиманите, во однос на твоето прашање дали тие би сакале да читаат книга од една христијанска девојка. Вие и јас имаме живеено во муслимански земји и стекнато многу муслимански пријатели, ти не си против нивните верувања, тогаш зошто тие би биле против твоите? За жал една од најголемите теми во светот денес е стравот дека постојат исламски лидери кои ќе се обидат да го доминираат и освојат светот преку нивната религија и да ја наметнат на другите. Ова е застрашувачка мисла. Но ние ќе работиме совесно, без да повредуваме кого и да било, да споделуваме со светот одредени идеи на одредени неверојатно добри човечки души кои преку своите животи не учат како да постанеме подобри човечки суштества, а не политички идеолози.

Бог е еден за сите, без разлика на која религија ѝ припаѓаме? Тоа е истиот Бог во кој веруваат сите, тоа е истиот Бог на кого сите луѓе му се молат, сѐ друго се само ситни нешта, ситни нешта кои создаваат војни и судири и омраза и нетрпеливост.

Треба сите едноставно да обраќаме внимание на нештата кои ни се заеднички и да имаме чувство за заедништво со сето ЧОВЕШТВО зашто СИТЕ сме деца на Господ, без разлика какви религиозни текстови читаме и каде се молиме. Храмот е во нашето сопствено внатрешно битие. Пишувам книга за религиите и духовноста и за виртуелната матрица на нашата реалност и постоење во оваа димензија. Животот на Еми беше заснован на христијанството, една од религиите, а читателите треба да покажат толеранција при споредување на доблестите, моралните вредности и културните квалитети на едно човечко битие и на културата од која тоа произлегува.

Во работата над книгата дневници од Еми сакам да се вклучам и да сторам сѐ што е најдобро. Тоа ќе е мој подарок за Еми... Ти давам право да објавиш сѐ што кажав за Еми во оваа електронската пошта. 

Татко ми се пензионираше пред неколку години. По Македонија, тој и мама беа испратени во Камерун каде што му беше и последното назначување. Поради неговата возраст, тој требаше да се повлече и сега го минува слободното време читајќи ги сите свои книги. Живеат во Рим но набргу ќе се селат во Австралија за да бидат со моите сестри, со своите внучиња. Баба ми е сѐ уште жива, многу силна жена е! Има 90 години и сѐ уште пее... :-)

Сопругот и дечињата Елоиза и Леонардо се добри. Ме праша во последното твое писмо дали сум среќна и мојот одговор е - да, ценам сѐ што имам во животот. Животот за секого е полн со успеси и падови и не е совршен. Но јас сум благословена со грижлив и прекрасен сопруг. Во брак сме веќе 10 години. Набргу ќе ти испратам слики. Ти пожелувам добро здравје, внатрешен мир и внатрешно сознание дека и на крајот ти си сеуше поврзана со Еми преку енергетското поле што не спојува сите нас луѓето а кое е создадено од Бог.

Валентина                                         

(3 август, 2009, Дубаи, ОАЕ)

Од книгата „Слобода над смртта“. Кукубајска, Марија Емилија (ЕМАРИ, 2014)

ДЕТЕ НА МАМА - НА ПЛАНЕТАВА ЗНАЕШЕ ЛИ
ДЕКА ПОРТИ ЌЕ ОТВОРАШ КОН ВЕЧНОСТИ НА ДОБРИНАТА,
ЖИВА СТАТУА ВО ПЛАШТ ОД ЗЛАТЕН НЕБЕСЕН ПАТ ЌЕ СИ,
КОДЕКС НА КОСМИЧКА РАМНОТЕЖА НА ВРЕДНОСТА,
ВО КОЈА ДОБРИНАТА ОСТАНУВА ДА Е СУШТИНА
НА УБАВИНАТА?! ... ВО ОДБРАНА ОД ВЕШТАЧКИ
ИНТЕЛИГЕНЦИИ, МОНСТРУОЗНИ ГЕНЕТИКИ, РОБОТИКИ, БИОЛОШКИ СИНТЕТИКИ:
ТИ БОЖЈИ ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ЧОВЕК ГРАДИШ - НАД СМРТТА, ВО ЕНЕРГЕТСКИ-ПРОСТОР ЛАБОРАТОРИИ,
НЕ ВО ПРОСТОРИИ ЗА МАШИНИ И ЖИВОТ(НИ) ВО ЧОВЕК ИСКОНСТРУИРАНИ.
ПРЕЧИСТА, ПРЕМИЛА СИЛА СИ, ПРВА И ПОСЛЕДНА ЉУБОВ НА БОГ ВО ЕДИНСТВЕНА ЕМИЛИЈА ОСТВАРЕНА.  
ОСТАНУВАШ НАЈЉУБЕНА ОД МАМА И ОД НАЈУМНИТЕ КОИ ПОКРАЈ УМОТ ОСТАНАА И ПО ДУХ НАЈДОБРИ.
ЧЕСНА, ПРЕЧЕСНА - ЧЕСТ ИМААТ ДА ТЕ ЗАПОЗНАВААТ
ПРЕКУ МЛЕЧНАТА ТИ НАСМЕВКА, ПРЕКУ ГЕНИТЕ НЕДЕГЕНЕРИРАНИ ОД НЕЧОВЕЧНОСТ, ВДАХНОВЕНИ ОД БОЖЈЕ ДЕЛО.
НАЈДОБРИТЕ, ПОСЛЕДНИТЕ МИЛИОНИ ИСТОМИСЛЕНИЦИ ...  ТЕ БАРААТ, ТВОЈАТА ПРАВИЧНОСТ ИМ ТРЕБА
ДА СЕ ТЕШАТ, ДА СЕ БРАНАТ ОД „НЕПОЗНАТИ“  ТРУЕЊА ПО ЗЕМЈА, ПО ВОЗДУХ, ПО ПАДНАТИ АНЃЕЛИ...
ПО ЛАЖНИ СИЛИ ВО ОБЕЗБОЖЕНИТЕ, ВЕШТИ ЗА ВЕШТЕРСКИ ПОБЕДИ НА ИЗВЕШТАЧЕНИТЕ.
А ТИ, А НИЕ... ПРЕМИЛА ЕМИЛИЈА, НАД ТЕМНИТЕ ИГРАЧИ ЛЕТАМЕ НА ЗРАКОТ НАДЕЖ
ОД СКОПЈЕ ДО ПОИНТ ЛОМА: СМИРЕНИ, СИГУРНИ КРУЖЕЈЌИ КАКО СОНЦЕ
СО СВОИТЕ ПЛАНЕТИ ПЛАНИРАНИ ЗА ЗДРАВИ ПОЛИЊА НА НОВИТЕ СЕЗОНИ
НА ЉУБОВ КОН  УЧЕЊЕТО, ПОСВЕТЕНОСТ НА БДЕЕЊЕТО:
ДА СТИГНЕМЕ ВО ЗОРИ ДА ГРАДИМЕ НОВ ПАТ КОН СВЕТЛИ ГОРИ,
ДАЛЕКУ ОД КОНТРОЛАТА НА ЗЛОТО ШТО Е ВОН КОНТРОЛА.

НАЈДОБРИТЕ, ПОСЛЕДНИТЕ МИЛИОНИ ЗБОР ОД ТЕБЕ БАРААТ,  
ПО ПОРАКИ ТРАГААТ, ПО ОЧИТЕ ТИ НЕЗАГАДЕНИ ОД ЗЛО...
ОЧИЊА ПОТОЧИЊА НА СВЕТЛИНА  ШТО НЕ ЗАОЃА. ОД НИВ САМО МИЛОСТ, САМО ЉУБОВ
ИЗВИРА, СЕ СОЗДАВА, ДАВА – ТЕК НА МИСЛАТА: ДА СЕ БАРА ЛЕК, КАДЕ И ДА ВЛЕГУВАМЕ:
ПО БОЛНИЦИ, ПОРОДИЛИШТА, ПОГРЕБУВАЊА, НА СВАДБИ, И - ОНАМУ ДУРИ
КАЈ СЕ МИСЛИ ДЕКА БОГ ДОБРА НОЌ ИМ КАЖАЛ НА ЛУЃЕТО.
ЛЕК ОД ТЕБЕ БАРААТ, НЕ ОД ТЕХНО-ЛЕКУВАЧИ, НО ОД ПОСЛЕДНИТЕ БОЖЈИ УМУВАЧИ,
 КАКО ТЕБЕ МАЧЕНИЦИ ВО НОВОТО ВРЕМЕ НА СТАРИ БОГО-УБИЈЦИ. НАД НИВ ТИ ОСТАНА:
НЕ ЗА РАСА ИЛИ РЕЛИГИЈА ДА СЕ УНИШТУВАШ, НО ЗА РАЗУМ, РАДОСТ, МУДРОСТ, МИР ВО ТЕБЕ –  
СРЦЕ НА КОДОТ, КОД НА СРЦЕТО ТВОЕ БОЖЈЕ.   
ЌЕРКА МОЈА ЕДИНСТВЕНА, НЕ СИ ТУКА – А СИ,  
СЕЌАВАЊЕ НА ИДНИНИ, НА МИНАТОТО, ИДНО и МИНАТО, НЕСВРШЕНО ...

emilija27

1978 - Заспав на аеродромот во убавиот Бенгази, се пробудив во најубавата земја на светот, Македонија. Каков благослов!

emilija28
2006 – Заспав ... се разбудив на небото! Прости мајче, нема веќе утрински прегратки, освен преку воздухот, и преку духот на нашата љубов која нема крај, нема... На сите болести еден ден ќе им дојде крај, само луѓето да можат да останат добри... до бескрај.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.