Среда, 28 Септември 2016   
Бразил - земја на големини и на контрасти

brazil

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – БРАЗИЛ (1)

Интересен е податокот дека денешната територија на Бразил била населена уште пред 6.000 години. Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран емигранти кои пристигнале овде од Северна Азија, поточно од Сибир. Во 1500 година од нашата ера територијата на модерен Бразил броела население од околу 3 милиони жители, разделено во повеќе од 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил постојано колонизиран од Португалци. Лингвистиката, пак, открила дека во Бразил има над 188 живи домородни јазици со над 150.000 говорници и дека 67 домородни племиња кои сè уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација. 

Според податоците што ги прочитавме, Бразил е најголема држава во Јужна Америка. Површината и е речиси повеќе од половина на целиот континент, со главен град  Бразилија. Бразил на исток е заграден од Атлантскиот Океан со долга брегова линија од околу 7.500 километри. На север се граничи со Венецуела, Суринам, Гвајана и со прекуморскиот оддел на Француска Гвајана. На северозапад се граничи со Колумбија, на запад со Боливија и Перу, на југозапад со Аргентина и Парагвај и на југ со Уругвај. Бројни архипелази припаѓаат на Бразил, како Фернандо де Нороња, Атолските Карпи, Свети Петар и Павлевите Карпи и Тринидад и Мартин Ваз.

brasilia
Главниот град Бразилија

Оваа огромна јужноамериканска држава е десетта светска економија. Бразил е член и основач на Обединетите нации и Унијата на јужноамерикански нации. Во Бразил е доминантна римокатоличката религија, а државен јазик е португалскиот. Доста различни елементи го сочинуваат бразилското општество со својата мултиетничка комплексност. Бразилската култура, главно, била под влијание на европската, африканската, и  домородните  култури и традиции. Најголемо влијание има, секако од португалската култура, поради силните колонијални врски на Португалската Империја. Бразил има доста наследено од Португалците,меѓу другото наследен е  јазикот, католичката религија и колонијалните архитектонски стилови. Исто така, бразилската култура има влијание од италијанската, германската и од други европски доселеници чие влијание може да се забележи на југ и на југоисток во Бразил. 

Домородните народи влијаеле на кујната и јазикот, додека Африканците, донесени во Бразил како робови, влијаеле на јазикот, кујната, музиката, игрите и религијата. Кујната, пак, многу варира од регион до регион. Ова ја рефлектира измешаноста на домородците и емигрантите. Така е создадена национална кујна обележана со зачувување на регионалните карактеристики.  

Карневалот со спектакуларни улични паради и музика, е една од посилните слики на Бразил. Тој се одржува секоја година на пред Велигден кога се означува почетокот на великите пости. Карневалот се слави во цел Бразил, секаде е обележан со своите регионални карактеристики, но најспектакуларните славења надвор од Рио де Жанеиро се одржуваат во Салвадор, Ресифе, и други.

vikinzi-brazil
Викинзи во Бразил

Религијата е многу разнолика во Бразил, уставот дава слобода на вероисповед, и владата генерално го почитува тоа право во практика.  Во Бразил преовладува Римокатоличката црква, правејќи го Бразил најголема като- личка нација во светот.  Формалната врска меѓу државата и римокатолицизмот ослабнала кон крајот на XIX век, сепак, до определен степен црквата го задржала големото влијание. Споменикот на Исус Христос над Рио е едно од новите седум светски чуда и симбол на религиозноста на Бразил. Тој е едно од најпосетените и најинтересните места во Рио. 

При нашата посета на Рио (авторот на овој текст како учесник на меѓународен симпозиум за религијата, заедно со сопругата) се уверивме дека бројот на протестантите расте. До 1970 година, мнозинството бразилски протестанти биле следбеници на „радиционалните цркви“, повеќето лутеранци, презвитеранци и баптисти. Од тогаш па наваму, бројот на пентокостните и неопентокостните следбеници значајно нараснал. Традиционалните африкански верувања од донесените робови се имаат измешано со католицизмот, и така се создале афробразилските религии макумба, кандомбле и умбанда. Домородните религии варираат од група до група во градовите Рио де Жанеиро, Сао Паоло, Порто Алегро, Флорианополис, Салвадор и други.

Рио де Жанеиро лежи на бразилскиот брег на Атлантскиот Океан, близу до јужниот напоредник, чие што крајбрежје е ориентирано од исток кон запад. Овој град е основан на мал залив наречен Гуанабара, чијшто влез е местото наречено Шугер Лоф. Центарот, јадрото на Рио, лежи на рамнините на западниот брег од заливот Гуанабара. Поголемиот дел од градот, најчесто именуван како Север-ната Зона, се протега на северно - западните рамнини составени од морски и континентални седиментни карпи, како и на околните ридови и неколку карпести планини.

Јужната Зона на градот ги опфаќа плажите кои ги допираат краевите на отвореното море, оваа зона е одделена од Центарот и од Северната Зона со помош на крајбрежните планини. Големата Западна Зона, која долго време била отсечена поради непроодните планински терени, станала проодна и се здобила со нови патишта и тунели до крајот на XX век.

Продолжува

slave-katin-2
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.