|
|
Македонско друштво „Илинден“ - Тирана, повторно се печати |
Весникот "Илинден" гласилото на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, повторно се печати благодарение на финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права ММДЧП со седиште во Торонто, Канда. На тој начин, од следниот број весникот ќе продолжи да се дели низ Албанија, но да се дистрибуира и сред дијаспората по светот, секаде каде што живеат Македонци. Сред Македонците во Торонто, Канада наидовме на искрени соработници и борци за накедонското дело и свесни сме дека, доколку бе беше нивната финансиска поддршка, весникот „Илинден“ веќе ќе беше замрен засекогаш и немаше повеќе да излегува. Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза. Од наше и ваше име, искрено се заблагодарува на Македонското меѓународно движење за човекови за патриотскиот чин. Македонско друштво “Илинден”-Тирана Претседател Никола Ѓурѓај |