Среда, 26 Октомври 2016   
Пред споменикот на Исус Христос – Спасителот во Рио де Жанеиро

brazil6-1
ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – БРАЗИЛ (5)

Над Рио се вишнее највпечатливата ви­со­чин­ка од која можат да се видат спомениците на оваа мет­ропола на контрасти. Корковадо е имиџ на Исус Хрис­тос со раширени раце кој е заштитник на Кариоките и симбол на Рио де Жанеиро.

Споменикот на Исус Христос - Спасителот се наоѓа на самиот врв на планината Корковадо. Тоа е дело на архитектот Хелтор да Силва Коста, а скулп­тор бил Французинот Паул Ландовски. Овој значаен, впе­чатлив и по многу нешта уникатен споменик од свет­ската култура, е поставен на надморска ви­со­чи­на од 710 метри, а бил изграден во 1931 година на највисокото плато. Само статуата е висока 30 мет­­ри, пречникот на раширените раце е 28 метри, а вкуп­­ната тежина на споменикот е 1.145 тони. Низ не­го минува тунел од околу 30-тина метри (во прос­то­­рот на раширените раце на Исус Христос) во кој е смес­­­тена мала христијанска црквичка со капацитет за околу 150 по­­­се­тители.

До споменикот на Исус Христос се доаѓа со ав­­­томобил и со воз. Отидовме со возот, кој од под­нож­јето кон врвот на Корковадо (се движи како ста­риот воз од Кичево до Охрид) стигнува за дваесетина мину­ти. Од подножјето до споменикот се качувавме по 225 скалила и дојдовме до статуата и панорамската плат­форма од која се гледа голем дел на градот. Нај­првин паѓа во очи мостот Нитерој, еден од нај­долгите мостови на светот, кој го по­вр­зува растојанието од Рио до поранеш­ната прес­толнина Нитерој, град со околу еден милион жи­тели. Потоа се забележува Шугер Лоф, Ботаничката градина, Клубот за јахти, а во далечи­ните се бранува Ат­лантскиот Океан.

Покрај Корковадо, Рио е познат и по гра­нит­ниот масив Шугер Лоф, кој се издига на околу 400 метри над­морска височина на самиот брег од северната стра­на на Копакабана. На ова чудесно место може да се дојде само со жичарницата, бидејќи ридот стр­мо се спушта кон океанот. Некоја Ан­гли­чан­ка уште во 1817 година, на чудесен начин се ис­ка­чила на овој масив и го поставила англиското зна­ме. Потоа тоа знаме било симнато, па потоа и заменето со зна­ми­ња од друга група  планинари.

brazil6-1-2
Улица во Рио

Меѓутоа, се смета дека 1912 година е роденденот на овој значаен споменик, кога Германците ја монтирале жичарницата, нај­првин до првото возвишение Ирка, а потоа до Шу­гер Лоф. Кабините можат да соберат по 72 пат­ника, кои понекогаш на патникот му при­ре­ду­ва­ат из­не­надување но, и страв. Кога се движат, се гледа го­­лем дел од градот, како и плажите Леблон и Ко­па­ка­бана и двата аеродрома на северната страна.

Стадионот Маракана, пак, е имиџот на спор­т­с­кото живеење во Рио и во светот. Тој е најго­ле­миот фуд­­балски стадион во светот со капацитет од 180 ил­­јади гледачи, изграден за Светското првенство во 1950 година. Го посе-тивме во обичен ден кога нема фуд­балски натпревари, меѓутоа без оглед на тоа, беше исполнет со народ, зашто Рио живее за фудбалот, а фудбалот живее за Рио.

Вниманието ни го привлече и манастирот „Свети Бенедикт“, еден од најдобрите примероци на барок сти­лот во религиозниот Бразил, изграден во 1691 го­дина. Кога Португалците пронашле големо бо­гат­ство во оваа земја не го штеделе златото за из­ра­бот­ка на храмот во кој се позлатени речиси сите де­лови од олтарот до натриксот. Затоа, овој огромен и значаен манастир претставува богат католички храм во Рио. Исто така, и црквата Канделарија од 1775 година, која е лоцирана во строгиот центар на Рио, е значаен еклизијастички центар.

Го запознавме градот на самбата и на фев­руар­скиот карневал што се одржува на температура од 40°C, неколку денови и кога во градот и на плажите не може да се најде слободно место, не само во хо­те­лите, туку и на песокот. Го запознавме градот во кој живеат голем број богати луѓе од целиот свет, а во кој, во исто време, живеат едни од најсиромашните на планетата Земја. Рио е гнездо на сиромаштијата што се шири во фа­ве­лите во кои тешко може да се одреди што е улица, а што е куќа.

Rio-de-Janeiro-Mountain-Top-Church1
Католичка црква

Имавме прилика да направиме споредба меѓу овие контрасти кога посетив ед­на фавела на западната страна на Рио, еден ки­ло­метар на брегот од океанот. Хотелот „Ин­тер­кон­­ти­нен­тал“, пак, е „база“ каде луѓето живеат во еден друг свет, во светот на наследеното богатство и благосостојба.

Рио има древна историја. Тој е исполнет со бројни монументи од минатото и сегашноста, безброј паркови, плажи и други интересни места кои се мета на посети-телите. Во оваа пригода ќе ги споменеме неколкуте културно-историски и други споменици кои ги посетивме за време на нашиот престој: Кариока аквадуктот, Националниот музеј, Фламенго паркот, Тујука национал-ниот парк, црквата Глорија и катедралната црква „Свети Себастијан“, преку кои се запознавме со еден сегмент од богатата историја и култура на еден од најубавите градови во светот – Рио де Жанеиро.

Во Рио ги почувствуваме тропските ноќи кога се палат илјадници светилки околу најубавиот залив на светот. Посетителот на Рио ужива во неговата панорама, но, се чини, најмногу ужива во самракот. Тогаш може да се видат три слики на Рио: Рио преку ден, кога контрастот меѓу синилото на заливот и белите облакодери е најубав; во вечерниот самрак, кој во тропските предели трае премногу кратко време, но, сепак, доволно панорамата на Рио да добие нови тонови од бои.

Веќе по неколку минути самрак, над Рио се спушта вистинска ноќ. Тогаш се палат стотици илјади електрични контрасти, убавини, предизвици и специфични карактеристики што го прават Рио де Жанеиро еден од најинтересните, најубавите и најпривлечните градови на светот.

shutterstock 181331087
Џунгла покрај Амазон

Последниот ден го искористивме во прошетка во околните места на Рио. Домаќините нѐ однесоа во националниот парк „Тујука“, кој е непрегледен и, веројатно, најпростран во светот. Се шетавме со авто-мобилот низ сите делови каде успеваат голем број видови цвеќиња, растенија, плодни и неплодни дрва. Се насладувавме на зимските банани, кои се двојно помалечки од обичните, како и со некои други тропски плодови. Ги посетивме просториите кои се покриени со густа тропска шума и мочуриштата во кои живеат крокодили.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.