Среда, 23 Ноември 2016   
Одржан петтиот македонски фестивал на храна

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ВИКТОРИЈА

festival-na-hrana

20 ноември 2016 година, Мелбурн, Викторија - Во организација на Македонската Австралиска Заедница, денес, во Паркот на општина Вит’лси, се одржа традиционалниот Петти Македонски Фестивал во храна.

Македонскиот Фестивал во храна годинава го посетија повеќе од десет илјади Македонци и Австралијци. На Фестивалот беа поставени повеќе штандови со понуда на јадења од богатата македонска кујна и забава со настап на повеќе културно-уметнички друштва и играорни групи со македонски песни и ора, меѓу кои и младите играорци од Австралиско Македонскиот играорен ансамбал ТОШЕ.

Специјални гости на Фестивалот беа македонскиот амбасадор од Канбера Веле Трпевски, генералниот конзул од Мелбурн Елизабета Коруноска и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

- Честитки до организаторите и поздрав до Македонците на Петтиот Македонски фестивал на храна во Мелбурн. Продолжете ги традициите и обичаите од Македонија, фестивалот е манифестација заслужна за вашето дружење, нека е вековит и догодина повеќе и повторно заедно, - рече амбасадорот Веле Трпевски.

- Се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи, Австралиско Македонската Заедница заслужува пофалби, потврдивте дека сте достојни Македонци во одбрана на културата, - рече генералниот конзул Бети Коруноска.

- Светскиот Македонски Конгрес апелира до сите Македонци во Австралија: На семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, затоа што силата е во единството! Во согласност со Законот на Австралија, јавно соопштувам, дека од денес почнуваме со собирање на потписи за петиција до Федералниот Парламент на Австралија, да и’ препорача на Австралиската Влада веднаш и безусловно да ја признае Републиката со нејзиното единствено име коешто се состои од еден и единствен збор - зборот Македонија! - рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес.

Организаторите, амбасадорот, генералниот конзул и претседателот на Светскиот Македонски заедно го прекршија славскиот колач.

festival-na-hrana-5

festival-na-hrana-6

festival-na-hrana-7

festival-na-hrana-8

festival-na-hrana-9

festival-na-hrana-2

festival-na-hrana-3

festival-na-hrana-4

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.