|
|
Новата туристичка книга за Македонија излезе од печат! |
Неделава во Германија излезе најновата туристичка книга за Македонија со работен наслов „Македонија“ и е пуштена во продажба во сите книжарници во СР Германија. Иѕдавач е познатата издавачка куќа Трешлер Верлаг, којашто веќе пет години печати туристички книги за нашата земја. Затоа, не изненадува дека оваа книга е веќе петто издание, што покажува дека постои добар интерес во Германија за нашата земја. Книгата има 328 страници, 209 фотографии во боја, 34 планови на градови, листа на евтини хотели, ресторани итн - разни информации што ќе му помогнат на германскиот турист многу лесно и едноставно да се снајде во Македонија, беѕ разлика каде да се наоѓа, или како и на кој начин стигнал во Македонија, со автомобил, авион, воз, пешки…. важно книгата го упатува до сите потребни адреси за добар престој во Македонија и - најважно - уживање во природата, природните убавини и старите градови и села, со кои обилува нашата земја. Авторката на книгата е Филине фон Опелн, и самата пред една година дошла на едноставен начин во нашата земја и ги посетувала сите села, места, градови, езера, пешки, со автобус, автомобил, велосипед: што ја мотивирало да ја напише оваа туристичка книга од своите лични прекрасни доживувања во земјата, средби со луѓе, доживувања и се она што дава прекрасно чувство за убавина, спокојство, уживање и проширување на знаењата за една мала земја на Балканот. Затоа оваа книга ѓе биде многу интересна за сите оние Германци кои сакаа да ја доживеат нашата земја на свој личен начин! Драко Антов |