Среда, 07 Декември 2016   
Македонски живот“ (1974-1975) – значајно гласило на МПЦ „Свети Илија“ во Фуцкрај и „Свети Никола“ во Престон (10)

makedonski-zivot
НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Информативното гласило „Македонски живот“ за првпат се појави во Престон, Викторија, во април 1974 година како месечник, а како весник на Македонците во Австралија. Тој е орган на македонските православни црковни општини „Свети Илија“ од Фуцкрај и „Свети Никола“ од Престон. Во почетокот весникот е печатен на македонски јазик со латиница, а потоа со кирилица секој 15-ти во месецот, на 12 страници, на формат 30 х 41 см. Насловната страница на весникот е на македонски и на англиски јазик. Првите три броја се бесплатни, а потоа цената за примерок е 20 центи. Гласилото го уредува Редакциски колегиум составен претежно од просветни работници, меѓу кои: Христо Машаровски, Крсте Наумовски, Јованче Јосифовски, Живко Стојановски, Трајан Петровски и Цане Степановски.

Во воведот од првиот број на „Македонски живот“, што датира од средината на април 1974 година, покрај другото, се вели: ,,Макодонската емиграција на австралискиот континент датира уште од пред четириесет тодини. Во овој период од година во година бројот на емигрантите се‘ повеќе се зголемува, така што денес се претпоставува дека има повеќе од 80 илјади Македонци. Со зголемувањето на бројот на Македонците, се јавува потребата за културно-просветен и забавен живот, како и за информирање. Секој добронамерен потег на овој план беше дочекуван со големо задоволство. Меѓутоа, сите тие верници завршувале без успех. Затоа Редакцискиот колегиум составен од просветни работници, а под покровителетво на МПЦО „Свети Илија“од Фуцкрај и „Свети Никола“ од Престон одлучија да го издаваат весникот „Македонски живот“. Во почетокот ќе излегува на 12 страници а потоа тој број ќе се зголемува и ќе има формат како весникот „Сонце“.

Од изворните текстови на овој број посебно место заслужува оној за изборот на новиот црковен одбор на „Свети Никола“, чиј претседател стана иселеникот Горѓи Писевски, како и материјалите кои се однесуваат на активностите на Македонците во „Свети Илија“ и „Свети Никола“, во Мелбурн. Исто така, во овој број е поместена велигденската честитка од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква и Посланието од поглаварот на МПЦ архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј, како и поголем број текстови позајмени од гласила што се печатат во Република Македонија, куси вести од општественото живеење, лекарски совети и бројни рекламно-пропагандни материјали

sv-ilija
„Свети Илија“ во Фуцкрај

Вториот број е отпечатен во средината на мај 1974 година, исто така на 12 страници и на ист формат. Тој е исполнет со бројни позајмени текстови и куси вести од гласила печатени во Македонија, меѓу кои, текстовите за изборот на тогашниот Извршен совет на СР Македонија, материјалите за правата на малцинствата - како историска обврска, за оставката на Вили Брант, како и за новите избори во Австралија од 18 мај, кога на чело на Владата дојде премиерот г. Витлем.

Од изворните текстови, пак, треба да се нагласи оној за свештеничкиот семинар што се одржа во Мелбурн во април 1974 година, за културната манифестација по повод 71 годишнината од смртта на Гоце Делчев одржана во Престон, како и за изборот на новата црковна управа во МПЦО „Св. Илија“ од Фуцкрај. Во овој, а и во наредните броеви се содржани рубриките „Лекарски совети“, „Катче за читателите“, „Спорт“, како и се поместани и други информации од богатиот живот на македонските иселеници во новата средина на тие простори.

Бројот пет на „Македонскиот живот“ од август 1974 година е сличен на претходните, како по бројот на страниците, така и по формата и по содржината. На првата страница се дадени повеќе текстови, меѓу кои и оние за изборот на претседателот г. Форд и оставката на г. Никсон за претседател на САД, за илинденските прослави, како и текстот под наслов „На кого му пречи „Македонски живот“, кој е во одбрана на нападите за излегувањето на ова значајно гласило“. И во овој број има позајмени текстови, додека од изворните материјали значајни се оној за прикажувањето на филмот „Македонска крвава свадба“ во Фуцкрај, како и за животната прикаска на Димитар (Џим) Велјаноски, по потекло од село Драслајца, Струшко, едан од постарите иселеници кој дошол во Австралија во 1940 година.

Исто така, во овој бјрој се поместени бројни рекламни материјали, меѓу кои за фирмата за намештај „Џонс“, сопственост на трите браќа Ангеловски, по потекло од селото Драгош, Битолско, а значителен простор е отстапен за бројни писма и одговори, на забавното катче и на спортот.

sv-nikola-preston
„Свети Никола“ во Престон

Во септември 1974 година се појави бројот 6 на весникот „Македонски живот“, кој е идентичен на претходните. Изворните текстови се печатени на македонски со латиница, а само позајмените се со кирилица. Значаен простор е даден на текстот под наслов „Спроти Октомври“, клиширан со фотографија на споменикот во Крушево, потоа на информацијата за купеното место за црквата „Свети Никола“ во Престон, на бројните писма од читатели и одговори на Редакцијата, како и на информациите од македонските заедници во Мелбурн и за прикажувањето на филмовите „Солунски атентатори“ и „Запеј Македонијо“.

Седмиот број на весникот се појави во октомври 1974 година, чија цена е 20 центи, а е ист по бројот на страниците, формата и содржината со другите броеви. На првата страница е поместен текстот по повод 50-годишнината од монашењето на архиепископот Доситеј, како и текст за новата МПЦ „Свети Илија“ во Фуцкрај, која претходно беше методистичка црква.

Бројот осум од ноември 1974 година, пак, е посветен на Денот на востанието на македонскиот народ - 11 Октомври, по чиј повод се одржаа бројни манифестации во Мелбурн, Њукасл, Перт, Квинсленд и други места, чиј текст е придружен со неколку фотографии од македонските културно-уметнички друштва.

Во втората година од печатењето на весникот „Македонски живот“ како вонредно издание за 1975 година се појави бројот десет. Тој е печатен на први јануари и е посветен на свеченото отворање на МПЦ „Свети Илија“ во Фуцкрај, на чија манифестација присуствуваа околу 1.500 души. Свеченото отворање на црквата го изврши градоначалникот на Фуцкрај г. Џорџ Гришн. По тој повод, две страници, се со фотографии од свеченото отворање на црквата и активностите на тој свечен ден. Во продолжение, пак, се дадени информации од животот на македонските доселеници во новата средина, како и бројни позајмени текстови и реклами.

Во февруари 1975 грдана се појави бројот 12, кој е ист по форма и по содржина како и претходните. Од изворните текстови, покрај другите, се поместени, Повикот од министерот за труд и емиграциони прашања г. С.Р. Камерон по повод Неделата на доселениците во Австралија, потпа за дарителите на црквата „Свети Илија“, за што се поместени бројни фотографии и за отворањето на македонското учидаште во состав на црквата „Свети Илија“.

На 15 јули 1975 годана, под година II, се појави бројот 18, кој е отпечатен на 12 страници, на ист формат како претходните броеви, на македонски јазик со кирилица, кој се чини е последен број. Во него, меѓу другото е поместена информацијата за доаѓањето на новиот генерален конзул во Мелбурн д-р Георги Трајковски, како и текстот по повод 4 Јули. Во продолжение се дадени бројни позајмени материјали, рекламно-пронагандни и други пораки, како и писма и други информации од животот на македонската заедаица во Мелбурн, а се содржат и рубриките: „Забавно и детско катче“, „Лекаротки советувања" и „Спорт“.

Весникот „Македонски живот“ беше едно од најиздржаните информативни гласила во Австралија во тој период.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.