Среда, 14 Декември 2016   
Драмата „Баба се мажи“ го надмина очекуваното

baba-se-mazi-1

Минатата сабота, 3 декември, во просториите на Полскиот клуб се прикажа последната петта престава на „Баба се мажи“. Како и што се очекуваше, до последно место беше пополнато и публиката задоволна го напушти клубот со благодарност и барање преставата повторно да се прикаже и да уживаат во доживувањата на баба Јана која преку ноќ стана сензација или целебрити – славна. Понуди пристигнаа од Квинбијан и Мелбурн и се планира баба Јана со белото магаре да отиде во овие градови каде Македонците достојно ќе ја пречекаат. Се надеваме дека понуди ќе има и за мажење, а свадбата секако ќе биде по македонската традиција.

Според кажувањето на драматургот Душан Ристевски, „Баба се мажи“ беше една од најгледаните престави на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Истата беше видена од повеќе од 1500 луѓе, публиката задоволна, коментарите позитивни, а и глумачкиот тим задоволен што успеа да се даде квалитетна престава. Турнејата за во другите градови изгледа е неизбежна во почетокот на годината, а и се планираат други две нови продукции за наредната година, едната наменета за младите.

baba-se-mazi-2

За да се „овековеча“ плодната година на Театарот на 17 декември во просториите на Civic Theatre со почеток во 19 часот, ќе се одржи традиционалната Гала вечер каде ќе се доделуваат награди за глума Александар Македонски, но ќе следи и богата театарска програма која ќе биде започната со прикажување на поетскиот драмски приказ Неда, кој авторот Душан Ристевски го работеше инспириран и врз основа на поемата „Сердарот“ од Григор Прличев.

Честитки за ова реномирана театарска група која успева да ни нуди се повеќе квалитени дела и да ни го збогатува културниот живот на овие простори.

Иван Трпоски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.