Среда, 21 Декември 2016   
Во Сиднеј традиционална Гала Вечер: НАГРАДИ ЗА ГЛУМА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА 2016

aleksandar-sidnej-10

Минатата сабота, 17 декември во просториите на Civic Theatre во Хрствил (предградие на Сиднеј) се одржа Гала вечер посветена на театарската уметност при што се доделија престижните награди Александар Македонски. Гала вечерта официјално ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Австралија, неговата екселенција Веле Трпевски. За најдобра актерка прогласена Валентина Апостоловска, а за најдобар актер Васко Србиновски.

Во еден убав на високо ниво амбиент и богата програма Австралиско македонскиот театар од Сиднеј по втор пат ја организира својата традиционална Гала вечер при што за присутните приреди забава, драмски изведби и го возвиши името на Александар Македонски со доделувањето на награди за глума и сценска уметност.

Вечерта започна со прикажување на поетската драматизација Неда од Душан Ристевски, работена според поемата Сердарот од Григор Прличев. Неда изврсно ја толкуваше Валентина Апостоловска, во придружба на Стефо Нанцу, Васко Србиновски, Самоил Митревски, Антонио Нешковски, Спасија Огненовска, Македонка Наневска и Зора Сазданова како и во придружба на Горан Вељаноски, Кристофер Карафиловски Антонио Трајковски, Стефан Климоски, Јован Апостоловски од КУД Илинден.  Зад-сценските гласови беа на Валентина Апостоловска, Дона Димовска Кантаровска и Никола Апостоловски. Драматизацијата беше работена во режија на Стефо Нанцу, а сценски техничар за ефектите беше Никола Апостоловски. Авторот со целиот актерски тим не врати на тешкиот период на македонската трагична историја кога Гегите ги пустошеа македонските села и го убиваа и силуваа македонското население.

Се дадоа и две кратки комични сценски изведби: Ѓурѓа и Ѓорѓи толкувани од Јаворка Котевска и Владо Сазданов како и Шекира во Татјана Шоу толкувани од Гордана Милошевска и Татјана Нешковска со помош на Стефо Нанцу. Овие изведби не насмеа до солзи и публиката уживаше во игрите на Шекира.

Промоција на најновите ДВД од драмите Куферот и Баба се мажи направи Омер Зекировски, познат македонски режисер и продуцент кој со пофални зборови ги отцени драмските продукции.

Театарот за прв пат одлучи да додели награди за уметност и култура под името Александар Македонски, за врвно културно остварување и промовирање на македонската култура и нација во Австралија. За сценска уметност во негување на македонскиот фолклор доби Кристофа Каранфилоски, кореограф и уметнички координатор на КУД Илинден во кое доброволно работи десет години. Исто така награда Александар Македонски доби и КУД Илинден за 50 години негување и промовирање на македонскиот фолклор и култура во Австралија. Ова награда ја прими претседателот на КУД Илинден, Пецо Наумовски.

Наградите Александар Македонски за театар и театарска уметност ги добија:

Наградата за најдобар дебитант и припадна на Татјана Нешковска за улогата на Лидија во Баба се мажи. Најдобрата женска придружна улога и припадна на Мена Ристевска во улогата на Зои во Куферот. За најдобра машка придружна улога доби Антонио Нешковски за улогата на Стојан во Баба се мажи. За најдобра женска улога и припадна на Валентина Апостоловска за улогата на Ангела во Куферот, а наградата за најдобра машка улога му припадна на Васко Србиновски за улогата на Лук (Лазе) во Куферот. Наградата по избор на публиката ја добиЈаворка Котевска за улогата на Јана во Баба се мажи. Исто Театарот додели и награда за животно дело, а ова наград се додели од членовите на самиот Театар за врвно достигнување во театарската уметност. Ова награда ја доби Васко Србиновски кој во Театарот членува од самиот почеток, 9 години, а со глума и режија се занимава 25 години.

За неградите одлучуваше Жири комисија составена од видните културни и филмски работници од македонската заедница: Тони Радевски, Радица Бојкоска и Иван Трпоски, а наградите беа врачени од: Иван Трпоски, Радица Бојковска, Ан Марие Вајлс, Тони Радевски, амбасадорот Веле Трпевски, Стефо Нанцу, Душан Ристевски, Васко Србиновски и Никола Апостоловски.

Вредно е да се напомене дека Гала вечерта беше отворена и затворена со звуците на гајдата во интерпретација на Ѓорѓи Стојчевски. Водител на програмата беше Душан Ристевски кој на крајот забележа дека театарот за идната година припрема интересни нови театарски продукции. За техничкиот дел на програмата се погрижи Никола Апостоловски.

Секако нема подобро преставување на македонската уметност и култура доколку нема македонска традиционална закуска подготвена од вредните раце на Македонките, членови во Театарот.

Честитки до сите оние кои ги добија овогодишните награди и честитки до целиот театарски тим што така возвишено ја преставуваат македонската култура посебно театарската уметност овде во Австралија.

Иван Трпоски

Фотос: Таше (Тони) Наумовски

aleksandar-sidnej-1

aleksandar-sidnej-2

aleksandar-sidnej-3

aleksandar-sidnej-4

aleksandar-sidnej-5

aleksandar-sidnej-6

aleksandar-sidnej-7

aleksandar-sidnej-8

aleksandar-sidnej-9

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.