Среда, 28 Декември 2016   
Гласот на етничките Македонците на петтиот континент (13)

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Гласилото „Глас на Македонците“ беше орган на Австралискиот поткомитет на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија“ (ДООМ). И покрај тоа што не е наведен датумот на излегувањто на првиот број, од содржината може да се претпостави дека всушност е отпечатен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, во октомври 1977 година. Весникот е отпечатен на македонски јазик, на 16 страници, на формат 21 х 29 см, но не е дадено кој го уредува гласилото. На клишето од главата од левата страна е даден амблемот на ДООМ, во средина е ликот на Гоце Далчев, а на десната страна е поместена етничката географска карта на Македонија. Под тоа стои слоганот „Нема слобода без револуционерна борбаи.

Првиот број на „Глас на Македонците“ е посветен на 11 Октомври, а значаен простор е посветен на текстот за загадочната смрт на генералот Васко Карангелески, што е преземен од „Македонска нација“, потоа се ставени изворни текстови за состојбите, прашањата, иднината и проблемите со свештените лица во македонските православни црковиите општини во Австралија.

Настојувањата на весникот се да излегува на две недели и да се испраќа бесплатно во сите земји каде што живеат Македонци. Главен и одговорен уредник е Ангело Вретоски, а се јавуваат поголем број уредници, но под псевдоними, или со имиња кои тие ги избрале, веројатно од оправдани причини.

Инаку, во наредните годдни ова информативно гласило се печати во вид на списание од 20 до 32 страници на формат 21 х 29 см. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има позајмени текстови и на англиски јазик.

Од ова македонско гласило, во јануари 1978 шдина е издаден уште еден број, кој како и првиот број е исполнет со антијугословенски и во одредена смисла на антимакедунски написи за тогашна Република Македонија.

Во наредните броеви списанието го менува клишето на главата и се пласира по цена од  50 центи. Во 1980 година се отпечатени шест броеви, што е случај и во наредните години. За периодот ноември-декември 1980 година, на 32 страници е отпечатен бројот 21, чија цена е 50 центи. Него го уредил Редакциски комитет, чиј технички уредник е Ангело Вретоски, а е печатен во Печатницата „Враќа Миладиновци“ од Сиднеј. Овој број е посветен на Нова година и во него се поместени материјали за свети свети Климент Охридски, потоа е даден Новогодишниот апел до македонскиот народ, некои историски материјали за Австралија и тогашна Југославија, пиома од бројни читатели ширум       светот, литературни остварувања на читатели кои припаѓаат на ДООМ и друви текстови.

„ГЛАС НА МАКЕДОНЦИТЕ,“ (VOICE OF  MACEDONIANS”)
(1977 )  СИДНЕЈ

glas-na-makedoncite

Во јануари 1986 година се нојави бројот 43, чија цеиа е еден долар и е печатен на 28 страници. Покрај другото, поместени се текстови кои имаат силен национален набој и кои се однесуваат на македонската кауза, потоа бројни писма од читателите, како и позајмени текстови кои се однесуваат на минатото на македонскиот најрод и неговата историја, текстови на англиски јазик и друпи информации.

Бројот 56 е отпечатен во февруари 1987 година. Тој е на ист формат како и претходните броеви, но на 24 страници. Во него се застапени текстови во врска со црковното живеење во Сиднеј и осветувањето на Македонската православна црква „Свети Никола“ во Камбрамата, потоа материјал за Македонија, за културното живеење на Македонците во дијаспората, како и за црковното живеење во Македонија и поставувањето на новиот поглавар на Македонската православна црква, неговото блаженство г.г. Гаврил.

Во јуни 1991 година, пак, се појави бројот 66, чија цена е 2 долари, а кој е печатен на македонски и на антлиски јазик. Овој број, покрај другото содржи текстови за Методцја Андонов Ченто и други материјали кои се однесуваат на почетните моменти на самостојна и независна Република Македонија.

СОНЦЕ“ (1977) — ЊУТАУН

sonce-vesnik

Детскиот весеик „Сонце“ скромен по својот квалитет, за првпат се појави во 1977 година, а го печати Осумгодишцото училиште во Њутаун, населба во Сиднеј. Тој е пишуван на македонски јазик и на 22 страници, на формат 16 х20 см. чиј уредник е наставникот Горѓи Ѓоршев. Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: „Списанието „Сонце“ за првпат е издадено во учебната 1977 година, кога македонскиот јазик се предаваше во државното основно училиште во Њутаун како еден од мултикултурните австралиски јазици во тоа училиште.

Македонскиот јазик не го изучуваат само деца од македонско потекло, туку и деца од други националности, а нивниот труд е презентиран во списанието... „Сонце“ е прво македонско детско иселеничко списание издадено во Нов Јужен Велс, а можеби и во Австралија. Во списанието се отпечатени оригинални текстови и илустрации што самите ученици ги направиле и нацртале“.

Покрај детските текстови и илустрации е поместен текст кој се однесува на наставата по македонски јазик во Австралиското основно училиште во Њутаун, за карактеристиките на етничкото училиште, а е поместен и коментарот на директорот на етничкото училиште, како и списокот на наставниците во училиштето.

Ист ваков број како и бројот од 1977 година е репродуциран во 1988 година, кој всушност ги содржи истите или слични материјали за македонските дечиња и нивните наставници кои го продолжија македонскиот глас на петтиот лпмтинент..

mip

„МАКЕДОНСКИ СПОРТ“ („МАСЕDONIAN SPORT“)
(1978)  ПРЕСТОН

Ова е прво спортско списание во Австралија, а и пошироко меѓу македонското иселеништво. Тоа започна да се печати 1978 година. Првиот број е отпечатен на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик, на осум страници на формат 21 х 29,5 см. како орган на Спортското друштво „Престон-Македонија“. Не е назначено кој го уредува, но се чини дека уредници се членови на Спортскиот клуб.

Во кусиот вовед;, покрај другото, се вели: „Макодонски опорт“ на своите страници           исклучиво ќе пишува за спортскиот живот  на Македоиците во Австралија и во Република Македонија. Редакцискиот одбор ќе стапи во контакт со „Нова Македонијаи од Скопје и ќе бара радовно известување за спортските настани во Македонија, како и за пресликување на готови материјали од весникот. . . Овој весник за кусо време ќе излегува периодично; се’ додека не се решат сите технички проблеми и дсдека не се најдат редовни репортери ширум Австралија. Потоа, се планира гласилото да излегува на секои две недели“.

Во првиот број се дадени информации за спонзорирањето на Фудбалската екипа „Престон-Македонијаи, нејзините постигнати резултати и новите фудбалери. Потоа; е поместен материјал за Фудбалската екипа „Македонијаи  од Квинсбијан; која е формирана при крајот на 1965 и почетокот на 1966 година,; како и за тимот „Обединети Македонци“ од Сиднеј; а се поместени и бројни фотографии, текстови и неколку позајмени спортски информации.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.