Среда, 28 Декември 2016   
Киев - градот на вечноста и христијанството

kiev2

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – УКРАИНА  (2)

Црквата „Света Софија“ претставува  пре­кра­сен споменик, чии 13 куполи покриени со 19 килограми злат­­­­ни листови ги симболизираат 12-те апос­то­ли, за­ед­но со Исус Христос и 13-те области што ги обе­ди­ну­ва Украина. Киев, пак, често го на­ре­куваат: град на вечноста, контрастите,  цвеќето,  сту­дентите, на минатото, сегашноста,  иднината, на љубовта...

Киев опстојувал како еден од најстарите градови во Источна Европа. Најверојатно, градот постоел пред петтиот век и претставувал трговски центар, како и место кое претставувало значаен трговски дел помеѓу Скандинавија и Константинопол.

Градот бил престолнина на Киевска Русија за во 1240 година целосно да биде разрушен во времето на монголската инвазија. Во следните векови, градот го изгубил своето значење и станал провинцијален град во рамките на Големото Литванско Војводство, Кралството на Полска и Руската Империја.

Градот значително започнал да се развива кон крајот на деветнаесеттиот век во рамките на Руската Империја. Во 1917 година, откако Украинската Народна Република прогласила независност, градот станал престолнина на новата држава.

Во 1921 година, Киев станал дел од Советскиот Сојуз   и престолнина на Украинската Советска Социјалистичка Република од 1934 година. Во текот на Втората светска војна,  градот бил значително разрушен, а по војната повторно бил целосно обновен. По распадот на Советскиот Сојуз и добивањето на украинската независност, Киев станал главнен град на Украина.

При посетата на Киев патникот намерник се среќава со старата традиција преку црквата „Света Софија“ што ја подигнал киевскиот владетел Јарослав Муд­ри во 1037 година. Црквата претставува вистински спо­меник и пре­кра­сен монумент чии 13 куполи покриени со 19 килограми злат­­­­ни листови ги симболизираат 12-те апос­то­ли за­ед­но со Исус Христос и 13-те области што ги обе­ди­ну­ва Украина.

marinskata-palata
Маринската палата

Внатрешниот дел на црквата е многу ин­тересен, особено мозаиците кои се из­ра­­ботени со един­ствена техника која до денес ос­та­­нува неиз­ме­не­та, а мозаиците воопшто не се рес­та­врирани. Во цен­тралниот внатрешен дел на ку­по­лата доминира све­та Богородица, а во долниот дел на црквата се чу­ва саркофагот на големиот гра­дител владетелот Јарослав Мудри.

За време на престојот ја посетивме надалеку познатата Киевско-печерска лавра која е изградена во 1051 година во текот на владеењето на на­пред­ниот владетел Јарослав Мудри, кој бил вљубеник во уметноста и културата. Многу се интересни старите пештери, за кои се верува дека во една од нив се наоѓа и гробот на познатиот руски патописец Нестор, кој ја за­бе­ле­жал и легендата за градот Киев.

Овој стар интересен ма­настир во 1926 година бил претворен во голем ис­то­риско-културен музеј. Денес тој е дел од Киевската пат­ријаршија и во него започнал да се развива украинскиот цр­ков­но-духовен живот.

Со право се вели дека  најсвето христијанско место во Киев е Печерската лавра или манастирот на пештерите и катедралната црква „Света Софија“,  и истите можеби претставуваат едни од најпознатите места во градот, кои во текот на историјата биле посетувани од страна на милиони аџии. Денеска овие комплекси се вклучени во списокот на светското и културно наследство на УНЕСКО и претставуваат најголеми туристички атракции на градот. Освен во списокот на УНЕСКО, овие две атракции се вклучени и во списокот на Седумте чуда на Украина.

panorama-kiev
Панорама на Киев

Киев е познат и по театарскиот живот во Источна Европа. За време на нашата посета посетивме неколку од големиот број познати театри, и тоа: Националната опера на Украина, Националниот академски драмски театар „Иво Франк“, Националниот академски театар на руската драма, Киевскиот академски театар на операта, Киевскиот академски куклен театар, Националната филхармонија  на Украина и други.

Во 1946 година, градот Киев имал четири театри, една оперска куќа и една концертна сала. Овие културни објекти во голема мера биле наменети само за најпривилегираните луѓе од градот. Нивниот број денеска е значително зголемен.

Други значајни културни центри во градот се Фимското студио и Киевскиот циркус. Исто така, во градот се наоѓаат четириесетина музеи, од кои најпознати се: Националниот музеј на жртвите од Големата патриотска војна, Националниот музеј на уметноста на Украина, Музејот на Богдан и Варвара Карненко, Музејот на народната архитектура, Музејот на културното наследство, Националниот научно-природен музеј на Украина,  а еден од најинтересните во градот е и таканаречениот. Рециклирачки музеј,   поради својата единственост, и често пати се нарекува Музеј на бескорисни работи.

Киев, посебно се гордее со Маринската палата која е официјална резиденција на претседателот на Украина. Таа е изградена во стилот на украинскиот барок и претставува  значајно архитектонско остварување, со кое граѓаните на Киев се гордеат.

Продолжува

katin1
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.