Среда, 25 Јануари 2017   
Иселенички од

Денови и ноќи минуваат брзо,
Секое утро нов предизвик ти носи
Мислиш да успееш и повеќе да сториш
Илјадници мисли се ројат во глава
Планови за дом и иднина во новата земја.
Се вивнуваш силно и повторно паѓаш
Не знаеш дали се на небо или земја.
Дали умираш или се раѓаш!

И тој е тука и се повеќе те гризе
невидлив но доволно присутен,
доволно силен да ја раздвои душата на две.
Две планини на грбот ти тежат а ти одиш
Одиш по непознати улици и непознат град
И упорно талкаш, да ги осетиш за свои сакаш.

Еден ден ти е светлина и спокој
Другиот ден ти носи неспокој и грижа
И жал и радост се во едно се збрало.

Како во “Сердарот“ пискотници се слушаат
И тешка несреќа ги збрало од мало до старо
Жалосно и болно се изгубиле по патиштата во новото време.

Се гледаш и чудиш, одговор бараш во немоќ и страв
Дали е утрото побело од денот
Дали е ноќта поцрна од некогаш што беше
Та носи толку неспокој и дели душата на две?

И жуборот на реката не го слушаш веќе
или звукот е прикован и немоќен да стигне до твоето срце
или водата решила да се раздвои на две
или два брега како да се соединиле во еден
како да те довикуваат, но мамат
и да сакаш не можеш да ги стигнеш
и продолжуваш да талкаш низ времето бурно.

Споменот ќе биде вечен и свет
поттик за твоите чеда во новиот свет
предизвик и борба за самиот себе.
Еден ден може повторно ќе се вратиш
иако душата е поделена на две
иако жуборот на реката не го слушаш
и не стигнува до твоето срце
а брегот само те вика и мами,
Служи му верно на твојот род
тоа е твојот иселенички од.

gordana-dim
Автор: Гордана Димовска

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.