Среда, 01 Март 2017   
Весникот „Австралиско - македонски неделник“ – темелник на македонско информирање (22)

amw

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

„Австралиско-македонскиот неделник“ од Мелбурн е мошне значаен, ако не и најзначаен, македонски неделник во иселеништвото започна. Тој започна да се печати на англиски и на македонски јазик и претставува вистински афирматор на македонската култура, литература, јазик, историја, спортот и другите традиции. Во исто време, со ширењето на вистината за Македонија, за македонскиот народ и за македонското иселеништво, весникот претставуваше и сега претставува еден од трите најзначајни и најтиражни етнички гласила во мултикултуриа и демократска Австралија.

Првиот број на „Австралиско-македонски неделник“ излезе јна 6 мај 1988 година. Тој е отпечатен на 20 страници, на формат 29x42 см. со паралелни текстови на англиски и на македонски јазик. Клишето на главата на весникот е исто така на двата јазика, во средината го содржи глобусот на светот од кои полетуваат три гулаби, како симбол на мир и пријателство. Цената на весникот е еден долар, а се дистрибуира во сите македонски колонии ширум Австралија и во многу места во оветот. Во воведот на втората страница даден на двата јазика, покрај другото, се вели:

Ги поздравуваме нашите читатели на првиот број на овој весник, кој одбележува нов правец во македонскиот печат во Австралија. Нашата намера е да подготвуваме вредни и потребни информации за читателите. Всушност, весникот ќе биде македонски, но за да биде пошироко прифатен ќе има содржини и на англиски јазик. Ниту една етничка група не живее изолирано во Австралија и ние се надеваме да шириме солидарност со групите кои се интересираат за прогресивен напредок на Австралија, преку „соединување на разликите“, за кои често зборуваме и кои ќе бидат основната австралиска придобивка за мир во светот. Ја избравме оваа позитивна и конструктивна намера за да овозможиме комуникација и информација за потребите на македонската заедница... Гледајќи ја мачната и тешка македонска историја, не треба да го изненади никого тоа што: мирот и човековите права ќе бидат приоритетни за весникот“

Весникот во почетокот го уредуваше Редакциски одбор составан од Џим Томев, Крсте Наумовски и Питер Коронеос, а менаџер за рекламите беше Анџело Патера, еден од сопствениците на весникот. Првите четири години главен и одговорен уредник и еден од сопствениците на весникот од мај 1988 до де- кември 1990 година беше доблесниот иселеник Џим Томев, интелектуалец, драматург и патриот, по потекло од селото Кабасница, Леринско.

Исто така, огромна е улогата и придонесот на бројните ентузијасти, интелектуалци и истакнати македонски иселеници, како и многубројни соработници од Австралија, Канада, Шведска и од Републиката, меѓу кои и авторот на овие редови Славе Катин, кој беше акредитиран новинар од Република Македонија за „Австралиско- македонски неделник“ во период од четири години. Сите тие со своите текстови за активностите во своите средини и за постигнувањата на Македонците во целина во годема мера ја збогатуваа содржината на весникот и ја афирмираа македонската заедница на новите простори ширум светот.

amw-2
АВСТРАЛИСКО-МАКЕДОНСКИ НЕДЕЛНИК“
(„THE AUSTRALIAN – MACEDONIAN WEEKLY“)
(1988) - МЕЛБУРН

Во првиот број, а сличен распоред на рубриките има и во наредните бпоеви, се застапени, односно е направена следната структура: „Писма до уредникот од читателите“, „Политички анализи“, „Новини од заедницата“, „Култура и историја". Образование и јазик“, „Литература“, „Катче за младите“, „Наша градина“, „3доавје“, „Човечки права“, „Луѓе“, „Промени во заедницата“, „Македонски дом“, „Економија", „Бизнис“, „Лични објави“ и „Спорт“. Во периодот на првите четирите години се отпечатени 176 броја, во обем од 20 до 80 странипи на ист формат.

Весникот е убаво графички обликуван, илустриран со бројни фотографии од животот и активностите на Македонците во Австралија, во Републиката и воопшто во дијаспората, а постојано се поместуваат голем бро] рекламно-пропагандни материтали не само на деловни луѓе од македонско потекло. туку и на фирми што ги поседуваат сопственици од разлинни етнички групи на петтиот континент, што зборува за деловноста, за составот и бројот на читателите. Тиражот на весникот осцилираше и се движеше од пет до десет илјади примероци.

Притоа, неизлегувањето од декември 1990 до мај 1991 година на „Австралиско- македонскиот неделник“, беше последица на финансиската состојба, како и на приликите на целокупното живеење на македонските иселеници на тие демократски австралиски простори.

Од мај 1991 година весникот започна ;да излегува под исто име, со модифицирано клише на главата, а сопственик стана брачната двојка од Скопје Александар и Павлина Георгиевски, Во текот на 1991 година се отпечатени триесетина броеви од „Австралиско-македонски неделник“, на помал број страници, на ист формат како и претходните броеви. Во новите броеви се поместени бројни позајмени текстови од други гласила, особено од Републиката.

amw-3

Весникот „Австралиско-македонски неделник“ во периодот од четири години на своето излегување, а и во иднина ја продолжи истата улога, да има значаен придонес во афирмирањето на македонскиот јазик, култура, традиции, бидејќи неговата содржина го привлекува читателот. Во него особено е изразена љубосвта и поврзаноста на доселениците од македонско потекло кон родната земја Македонија и кон новата татковина Австралија, без разлика од кој дел од етничка Македонија или потекнуваат од други простори.

Тој обилува со карактеристични наслови кои во голема мера придонесуваат за создавање слика на актуелните моменти од животот и активностите на македонските доселеници во новата срецина, афирмирајќи ги макадонеките друштва, клубови, фолклорни групи, дополнителните и етничките училишта, библиотеките, селските асоцијации, фудбалските екипи, културно просветното живеење во македонските православни црковни општтини и др. Со еден збор, тој ја одигра улогата, а и во иднина е еден вид „огледало кон светоти за голем број иселеници во Австралија и еден од водечките македоиски весници во дијаепората.

Една од значајните улоги на весникот „Австралиско-македонски неделники во периодот кога го уредуваше културологот и македонистот Џим Томев, беше тоа што тој беше собиралиште на македонските интелектуалци, особено на втората македонска генерација во Австралија, кај која, покрај љубовта кон родната земја Австралија, се јавува силна љубов и поврзување со дедовските корени во Македонија.

Тие тоа го покажаа и докажаа во бројните текстови објавени во весникот, преку активното формирање на македонски асоцијации и партиципација во австралиското општество, при што ги афирмираат богатите македонски литературни, историски, нациовални и други традиции и претставуваат еден жив мост меѓу двете култури; на македонската донесена од нив и на мултикултурната во демократското општество во Австралија, каде што Македонците ги уживаат сите социјални и национални права и се значаен дел на тамошното австралиеко општество.

 Во „Австралиско-македонски неделник“ се промениле повеќе сопственици и уредници, меѓутоа, голема заслуга имаат Џим Томев, Златко Блаер, Љупчо Станковски, Александар Пашкин, Маргарита Василева и други. И денес „Австралиско – македонскиот неделник“ под раководство на Божин Павлоски со своите соработници игра многу значајна улога во севкупното информирање на Македонците од сите делови на Македонија на петтиот континент

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.