|
|
Комитска вечер во Мисисага |
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА 5 март 2017 година, Торонто, Канада - Викендов во банкетната сала на Македонската православна црква “Свети Илија“ во Мисисага, а во организација на Македонскиот културен центар во Канада и Зоран Ивановски, се одржа Традиционалната Комитска вечер 2017. Поради неможност да присуствува од здравствени причини, организаторите одлучија од година Комитската вечер да биде посветена на големиот и долгогодишен македонски активист во Канада Мирче Џими Смагранов како “Вечер на Мирче Џими Смагранов“. На Комитската вечер со песни и ора настапи фолклорната група “Илинден“ при Македонската православна црква “Свети Илија“ од Мисисага. На Комитската вечер присуствуваа неколку стотини Македонци од Торонто. Комитската вечер ја поздрави Генералниот конзул на Република Македонија во Торонто Јовица Палашоски. На Комитската вечер присуствуваше и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес за Канада и заменик претседател на Светскиот Македонски Конгрес Боби Темелков. |