|
|
Жаклина Михајлова - добитник на највисоката награда во 2017 |
Учителката, м-р Жаклина Михајлова, е добитник на највисоката награда за едукатор и промотор на наставата по јазици во НЈВ, Австралија за 2017 година. Асоцијацијата за модерни јазици на НЈВ, ѝ ја додели оваа Награда на Госпоѓа Михајлова за нејзиното доброволно ангажирање на национално ниво за афирмација и промоција на наставата по јазици. Во образложението, при доделувањето на наградата, Професорката Робин Мелони( Професор на Маквори универзитетот во Сиднеј) истакна дека: „Жири комисијата одлучи да ја додели оваа престижна Награда на Госпоѓа Жаклина Михајлова, заради нејзината систематска, упорна и натпросечно квалитетна работа и ангажирање на полето на наставата, промовирањето и застапувањето на јазиците. Жаклина Михајлова е учителка со високи квалитети и критериуми при изведувањето на наставата по македонски јазик. Таа планира, организира и обучува други учители, за тоа како се изведува наставата по јазици и литература. Жаклина Михајлова е лидер во организирање и раководење на училиштата по јазици, но и организатор на големи и квалитетни Конференции и Конгреси за учители и лидери на училиштата во кои се изведува настава по јазиците на заедницата, и тоа во НЈВ и во Австралија. “ Наградата во присуство на 500 учители ѝ ја врачи Претседателката на МЛТА, госпоѓата Џилиан Корди, која во персоналната порака за госпоѓата Михајлова порача: “Вие сте прекрасен модел на квалитетна учителка во практика и секако, Вие сте инспирација за многу учители по јазици во земјава. И честитаме на госпоѓа Жаклина Михајлова и ѝ посакуваме уште многу години успешна работа во негувањето и зачувувањето на македонскиот јазик на овие простори. |