|
|
Отворено писмо до сите МАКЕДОНЦИ и другите жители на МАКЕДОНИЈА |
м-р Жаклина Михајлова- Претседател на Македонскиот просветно училишен одбор во НЈВ, Австралија Македонија е јаболко, од кое секој без прашање сака да загризе Нашата родина Македонија е јаболко, од кое секој без прашање сака да загризе. Нејзината местоположба, природните богатства, за кои сеуште не сме доволно свесни и информирани, историјата, онаа што ни е украдена, но и оваа денешнава која во иднина ќе зборува за крадење, коските Делчеви, Јаневи, коските бранителски, нѐ обврзуваат да НЕ потклекнеме на политичкото лудило за самоуништување. Добрината и наивноста, но и слепилото во кое живееме како народ, нѐ доведе во ќорсокак, и тоа замислете во 21 век. Од плиткоумност и алчност на домашните петоколонаши, т.е. предавници, ќе го загубиме и ова мало парче земја што ни остана! За срам и пизма од нашите наследници, ќе станеме живи коски и месо, во вреќа кожа, од нигде никаде, за нигде никаде! Јазикот наш, македонски, што е јазик од кој потекнуваат низа други јазици, како рускиот, украинскиот, полскиот, бугарскиот, српскиот, итн, значи македонскиот, кој е мајката на јазиците, самите ќе си го поништиме, за грст пари, и трошка мода ископирана од западот. И за сето тоа ќе бидеме виновни СИТЕ НИЕ што живееме денес, независно дали сме за или против некоја од партиите во Македонија. Сите ние сме ставени во кафез, како опитни глувци, со кои можат соросоидите и нивните платеници да си прават експерименти. За националните интереси , за опстанокот на државата, за татковината што нѐ родила, одгледала, од каде што ни потекнуваат корените - нема компромиси. На сите политички притисоци, на меѓународните политичари, треба да им се одговори строго и отсечно, дека Македонија била, е и ќе биде МАКЕДОНИЈА! Никако поинаку! Остро и цврсто да се одговори и да не се чека во дефанзива, во повлеченост до бескрај! Мислевме дека историјата била неправедна кон нас Македонците и дека нам ни земале земја, права, археолошки богатства, историја... Денес сфаќаме дека само тоа што ќе му дозволиме на другиот да ни го земе, само тоа ќе ни го земат. Им дозволија нашите политичари на меѓународните да ги притиснат и да го сменат знамето - и го сменија, им дозволија привремено да го смениме името, и ни го закачија новото, зашто во светот политичките одлуки се имплементираат задолжително. Затоа, го подржуваме Претседателот на Македонија Господинот Ѓорѓе Иванов, во одлуката да не им го додели мандатот на предавниците и партиите кои го предизвикуваат распаѓањето на Македонија. Цврсто стоиме зад сите патриоти кои излегуваат на улиците да го покажат своето нездоволство со моментната ситуација во која што предавниците и растурикуќите дрско се дрзнале да ја превземат власта во свои раце. Демократијата и човековите права на малцинствата во Македонија се повеќе и поголеми отколку во било која друга земја во светот. Преку лебот никој не треба да бара погача! Македонија е татковина на повеќе националности кои живеат во спокој со македонскиот народ. Македонија ги цени културните вредности, разновидноста на јазиците и традицијата на сите заедници што живеат во неа.Тоа ни е аманет од Александар Македонски и од Гоце Делчев, зашто и тие прво си го сакале своето, а го почитувале туѓото. Но се знае, како и секаде во светот, и во Македонија стандарден, примарен јазик треба да биде македонскиот јазик. На кого не му се допаѓа и кој не го почитува тоа, тој тоа може слободно да се врати во земјата каде што тој јазик се зборува. Предлагаме веднаш, без исклучок да се затворат и осудат предавниците на Македонија кои јавно го подржуваат нејзиното растурање, Заев, Шеќеринска, Села, Фрчковски, Тричковски и другите од нивниот калибар. Токму така, треба да се казнат овие фашисти и недоквакани, недоделкани изроди, од кои и соспствените семејства се срамуваат! Убедена сум дека и нивните мајки си го проколнале мајчиното млеко со кое израснале вакви ништожници, бесрамници, погани злобници и идиоти без преседан! Македонија не простува! Се срамувам што меѓу мојот народ има монструми, што се нарекуваат граѓани! Само, сакам да им порачам дека, што прават - тоа и ќе им се врати! До седмо колено семето ќе им се ничкоса! Македонија нема да им прости! Пред сѐ, предлагаме без дискусии, веднаш, да се отфрли срамната тиранска Платформа од Тирана. Не треба да има мешања во македонските работи од страна на европски политичари и потплатените амбасадори. Ние сме си свои на своето и такви треба да си останеме. Се гордеам со достоинствените и чесни луѓе од мојот сој! Секој од нас, секојдневно, капка по капка , треба да им го враќа виделото на заслепените, против татковината забеганите и аздисните... „Тиква без корен - не бива“, велеше баба ми. Да си ги чуваме корените, народе! Малку повеќе љубов за своето, многу повеќе радост за сите... Македонија е повеќе од сѐ! Таа е над политичарите, над политиките и желбата за власт! Сѐ во светот почнува од Македонија! Ние Македонците сме абориџани на светот! Зародишот на сите јазици е токму во древниот македонски јазик. Горда сум што сум МАКЕДОНКА, што потекнувам од библиска и прастара МАКЕДОНИЈА, што пишувам, творам и зборувам на најсовршениот јазик во светот - Македонскиот. Македонија мора да остане цела, унитарна и наша! Македонија е вечна! Да живее МАКЕДОНИЈА! |