|
|
Разговор со повод: СТЕФО НАНЦУ и театарската престава „ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА“ |
Разговараме со Стефо Нанцу, драматург и режисер, за неговата најнова театарска престава „Изненадувача забава“ која на сцена ја поставува Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Инаку Стефо е еден од најпознатите, спрема творештвото што досега го има остварено, и најплоднотворен театарски работник во Австралија кој зад себе има напишано над четириесет пиеси кои исто ги има режирано, а и повеќе улоги има толкувано во истите. Неговите драми се имаат изведувано на сите континенти во светот и повеќе пати добивал и интернационални награди за театарска уметност. . Стефо со каква цел и повод ја напишавте ова драма? Сакав да напишам нешто посебно за помладите гледачи кои доаѓаат да ги гледаат нашите престави. Во минатото, нашиот Театар воглавно даваше продукции за постарата публика и поради тоа сакав да напишам престава за сите генерации, постари и помлади, со цел да биде гледана од сите членови на семејствата. . Која е главната тема на преставата „Изненадувачка забава“ Има повеќе теми но воглавно е околу младите лица и за тоа тие како се снајдуваат во средината околу нив, ефектите што влијат врз нив поради конфликтите во семејството, културната изолираност, психичкото и физичкото насилство и за животот воопшто кој еден ден изгледа дека е многу мизерен и лош, а другиот ден е убав и фантастичен. . Покрај глумците од Македонскиот театар, настапуваат и други глумци? Претходно ја направивме многу успешната драма „Ограда“ во која беа вклучени, покрај македонските, глумци и глумици од либанксата заедница и од други националности вклучувајќи и Абориџанец. Преставата привлече нова публика и за преставата добивме признанија од пошироката јавност, влучувајќи и национална награда за култура. Со „Изненадувачка забава“ сакам да одам еден чекор понапред и да направам повеќе врска со локалните групи и глумци, посебно со помладите лица. . Изгледа дека оваа престава ќе го промовира македонскиот јазик и култура? Сакам работата што ја работиме во театарот како Македонци да биде дел од австралјанската културен пејсаж, не само да ги истакнеме нашите искуства и животни приказни туку да бидеме дел од универзалната приказна на емигрантското искуство во ова мултикултурна земја. Сакам луѓето да знаат кои сме и дека нашите искуства што ги имаме во Австралија се слични на повеќе луѓе од други култури, а исто да знаат дека имаме уникатна историја и јазик и јас токму би сакал да ја промовирам оваа наша гордост меѓу помладата гледачка публика. . Повеќе години работите во АМТ и ги пренесувате своите интернационално здобиени искуства. Какво задоволство понесувате со себе што работите во Македонскиот театар? Кога го слушам македонскиот јазик, македонските песни, македонските приказни, моето срце чука од голема страст а тоа е во мојата крв и во мојата душа. Јас сакам и сум добар раскажувач на приказни но тогаш кога ќе бидам дел од македонската приказна, уделот мој е поголем како и ризикот е поголем бидејќи целата продукција е дел од мене, искуството што го споделувам не е само дел од мојот живот туку е и дел од мојата кариера во театарот. Во стварност тоа е како поголем надоместок во мојата животна кариера како глумец/писател/режисер да работам со луѓе кои се дел од мојата оставштина и од мојата животна приказна. . Што е вашата цел – што е следното што би сакале да го направите за македонскта заедница? Ние имаме илјадници приказни да раскажеме и верувам дека гледачите се жедни да ги слушнат. Луѓето сакаат да бидат разонодени од работи кои се релевантни на нивните животи од карактери преку кои можат да се препознаат, со искуства кои им се блиски на нив, и верувам дека АМТС ќе продолжи да ја следи оваа традиција. Приказните не се секогаш убави и весели, има многу паѓања во животот и треба многу работи да се земат во обзир и меѓусебно да се дискутират, а се надевам дека ваквата дискусија која ќе се земи во обзир ќе доведе до подобар живот за сите нас. Театарот може да ги експлоатира нашите најдлабоки чувства и мисли и прикаже во сигурна и заедничка атмосфера каде гледачите ќе го споделуваат своето искуство и се чувствуваат дека нивниот живот е важен, почитуван и се претставува нивниот начин на живеење со почит. И доколку младите луѓе ќе можат да се инспирираат и да ги земат предизвиците и придонесат кон нашите патувања низ животот, тогаш иднината е посветла за сите нас. Душан Ристевски
„Изненадувачка забава“ ќе се прикаже во:
Рогдаел - Rockdale Ilinden Macedonian Cultural Centre 65 Railway Street Петок 28 април, 19 часот Сабота 29 април, 19 часот
Бенкстеон - Bankstown Bankstown Polish Club 11 East Terrace Петок 5 мај, 19 часот
Калтон - Carlton Shopfront Theatre 88 Carlton Pde. Недела 7 мај, 18 часот
Волонгонг - Wollongong Sun Lounge Function & Reception Centre 14 Stewart Street Сабота 13 мај, 19 часо |