Среда, 10 Мај 2017   
Во Хамбург - градот на големиот Јоханес Брамс (3)

hamburg1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ГЕРМАНИЈА

Повеќе од 800 години Франкфурт е еден од нај­значајните интернационални саемски градови. За­тоа, и мудриот Германец најнапред започнал да го гради големиот аеродром, чија пристанишна згра­да може да прими и послужи десетици милиони патници го­дишно. Потоа, во таа метропола е изградена нај­го­­­ле­мата спортска сала, во која се одржуваат бројни ев­­ропски и светски спортски и други манифестации, се извишуваат разни зданија од уметноста, театарот, науката и други институции што £ даваат посебен белег и зна­­­че­ње на оваа германска и европска метропола.

Кога го рзгледувавме Франкфурт, чекоревме полека љубопитно набљудувајќи  ги  улиците во кои во ми­на­то­то се одвивал централниот градски соо­бра­ќај, а денес се пешачка зона. Царството на пешаците каде човек се чувствува не како во ед­на светска деловна метропола, туку како во про­стран прекрасен парк во кој холти-културата дош­ла до израз. Таму има простор за сите: за купувачи,  ше­тачи, и за оние што безделничат. Денес во милионскиот Франкфурт има повеќе ули­ци кои служат како пешачки зони за одмор и ре­креа­ција на народот.

Во центарот на градот ја посетивме црквата „Света Катерина“, а потоа се упативме во една авенија на која се лоцирани поголем број кафеани, бистроа, продавници од различен вид и тип и други интересни монументални зданија на овој град. Таму видовме голем број обновени и реставрирани деловни згради и споменици кои, како што ни беше речено, биле оштетени или уништени во Втората светска војна. Во една скромна кафеана, со германско пиво, ги слушавме 35-те ѕвона на црквата „Свети Никола“, црква која е градена во 1290 година, во исто време со црквата „Свети Климент Охридски“ во Ох­рид, што зборува дека во тој период и Германците и Македонците имале голема почит кон светителите.

Во вечерните часови заминавме од Франкфурт за Хамбург, кој е една од поголемите метрополи во Гер­манија, а и во Северна Европа, со над два ми­лио­на жители, распространет на површина од 755 квад­ратни километри. Град кој има значајно ис­­ториско минато и сегашност за германскиот народ и град пристаниште со статус на сојузна покраина на Германија, оддалечен стотина километри од ла­бин­­ската утока, преку која е поврзан со Северното Мо­ре.

Хамбург е најголемо пристаниште во Германија за прекуокеански сообраќај, а за увозно-извозната тр­­говија е еден од најголемите центри во светот. Огромни, необични и интересни прекуокеански бродови се укотвуваат во Ка­кехафен, на устието на реката Елба. Исто така, тој е важна сообраќајна крстосница за железничкиот и за авионскиот сообраќај. Во него е развиена ма­шин­ската, дрвната, авионската, хемиската и други ин­­дус­трии. Таму има бројни театри, би­б­лиотеки, високообразовни институции и ин­сти­ту­ти, цркви и многу други културно-историски зданија и споменици. Оваа метропола е родното место на големиот светски композитор Јоханес Брамс. Слушајќи ги прекрасните ноти на вечерниот концерт, господинот што седеше до нас нѐзапраша: „Го сакате ли вие Брамс?“ Му одговоривме со еден збор: „Апсолутно, го сакам Брамс!“

hamburg2

Градот го формирал Карло Велики во IX век, градејќи тврдина на истото место на кое е лоциран Хамбург. Старата тврдина се развила во бискупски центар кој заедно со околните места прет­ста­вувал стратешки објект и предизвик за бројни ос­во­јувачи. Така, Викинзите го нападнале градот, го ог­р­абиле, го разрушиле и си заминале, исто како и слав­јанските племиња што го направиле истото мал­ку подоцна. Затоа, со право се вели дека Хамбург има бурна историја, но и чудна судбина. Сепак, како феникс,секогаш успевал повторно да застане цврсто и да се обнови. 

При посетата на овој убав, современ, значаен и модерен европски центар, бевме информирани дека во XI век на просторот на Хамбург биле изградени два замока еден спроти друг, Алстербург и Неуебург. Меѓутоа, нивната судбина била тажна. Ги зафатил голем пожар и речиси ги уништил. А и бројот на жи­те­ли­те бил десеткуван од колерата, болест што го со­би­­рала својот данок низ Европа. Потоа бил освојуван и разурнуван од многу племиња, како и од Наполеон, од Германите...

Во почетокот на минатиот век, бројот на не­го­­вите жители се зголемил до еден милион, а градот ста­­нал значаен германски и севернобалтички цен­тар. Изградени се монументални зданија, обновени се старите архитектонски комплекси со што градот го добива својот вистински имиџ. Меѓутоа, во 1943 го­дина Хамбург ја плаќа цената на фашизмот; со­јуз­нич­ките бомбардери уништиле половина од него.

brams

Спо­ред зборовите на нашите домаќини, градот лежел на големи урнатини. Меѓутоа, вредните раце на гер­ман­скиот човек го направиле своето. Во  по­вое­ни­от пе­риод следи силен подем; обнова на ра­зур­на­тото и изградба на голем број објекти во централниот дел на градот, на бреговите на реката Елба и број­ните канали, како и во околните места. Затоа, денес, Хамбург е привлечен за многубројните туристи кои како река се слеваат од целиот свет и е пријатно катче за работа и за живот.

При нашата посета ни беше речено дека Хамбург често го нарекуваат „градот на скла­диш­­тата“, бидејќи во него се сместени илјадници сто­ва­ришта за различни стоки. Има безброј докови, мали пристаништа за прифаќање на бродовите со го­лем број производи, кои со безбројните големи кон­теј­нери се пренесуваат низ Европа и по­ши­ро­ко.

Градот има и еден друг изглед. Имено, веш­тач­кото езеро Алстер, заедно со реката Елба, со број­­ните канали и паркови што ги поврзуваат и нај­од­далечените места, му даваат имиџ како на „зелена“ метропола која изникнува од бреговите на водената маса. Таа глетка ја збо­га­ту­ва­ат 2. 321 мост со кои се поврзани овие канали и го др­жат при­ма­тот на Хамбург како град со најголем број мостови во светот.

Во исто време тој е град на кул­турата, за­бавата, познат по многуте изложби, спорт­ски нат­пре­вари, концерти... Затоа, дневно околу 150.000 луѓе од други места на Германија и светот доаѓаат да го по­сетат, да купуваат или да уживаат во сè она што им го нуди оваа германска метропола.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.