Среда, 24 Мај 2017   
Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

velika-britanija

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земјата на Обединетото Кралство, која често пати многу автори од многу причини ја нарекуваат „средиште на светот“. Нашето патување (авторот на овие редови и неговиот син Александар Николовски) започна во еден зимски ден кога Македонија беше покриена со снег и кога од патници на аеродромот во Скопје вриеше како во кошница. Тоа беше повеќе од причини што густата магла надвисна над Скопје, а особено над Аеродромот  „Александар Велики“ за што многу летови за различни дестинации беа откажани.

Седевме во аеродромската зграда и се мислевме како ли ќе биде времето во магловитиот Лондон, кој во светот е препознатлив по оваа природна појава - густата магла. Времето полека си минуваше и кон пладне, кога како нешто да се случило со маглата која беше многу ретка и дозволуваше авионите да полетуваат и слетуваат.

Влеговме во авионот на британската компанија кој леташе на релацијата од Скопје до Париз, а потоа за Лондон. Како авионот се оддалечуваше во висините, така видливоста на просторот над Македонија беше појасна, поубава и впечатлива. Но тоа траеше за кратко време и, кога се најдовме над облаците, во непрегледните небесни простори, нашата ориентација за простор ја изгубивме и чекавме што поскоро да стасаме над убавините на Франција, над Париз.

Во Париз времето беше сончево и топло, преубаво, како некој друг Господ да имаат парижани. Гледавме населени делови на предградието на Париз, за кои човек тешко е да каже и да одреди дека е во Франција, бидејќи такви населени места има речиси пред сите европски метрополи.

london
Лондон

Меѓутоа, кога авионот полека се спушти на аеродромот „Орли“ се почувствува темпото на светската авионска сообраќајница. Влеговме во аеродромската зграда во која човек се чувствува дека се наоѓа во некој голем град и, доколку не се погледне на надворешните простори, се мисли дека е во некој трговски центар, каде можат да се посетат бројни бесцарински дуќани.

Времето брзо одминуваше и по два часа повторно заминавме во авионот и го продолживме патувањето за Лондон, светската метропола. Бидејќи небото беше чисто, немаше облаци, од височините се гледаа многу населени места и брзо се најдовме над каналот Ламанш.

Тогаш разговаравме за значењето и историското минато на овој морски канал кој ги дели и ги спојува двете светски сили Франција и Велика Британија. Во исто време се потсетивме дека растојанието што ние го поминавме со авион, неколку Македонци го поминале во студените води на Ламанш, препливувајќи го каналот од Франција до Велика Британија.

edinburg
Единбург

Во Лондон, каде има пет аеродроми, авионот со кој доаѓавме од Скопје, слета на аеродромот „Гетвик“(„Gatway“), кој е второ по големина авионско пристаниште  во големата метропола. Ако во Скопје чекавме и молевме Бога да се крене маглата, во магловитиот Лондон небото беше чисто, без облаци, како да не е тој Лондон, за кој многу сме читале дека е покриен со магла.

После сите царински процедури се упативме во аеродромската зграда каде срдечно бевме пречекани од нашите пријатели. Бевме информирани дека ќе патуваме од аеродромот до одредена дестинација со еден вид воз со вагони од подземното метро и дека ќе го продолжиме нашето патување до станицата Викторија, која е центарот на транспортот во Лондон, а потоа ќе продолжиме на нашата одредена дестинација за Западен Лондон.

Таквиот транспорт овозможува многу побрзо стасување до целта, отколку со автомобил кој по лондонските улици се движи неколку пати побавно отколку од метрото. А, во Велика Британија автомобилите се движат на левата коловозна лента, за разлика од другите европски земји, каде се вози на десната коловозна лента.

Во текот на патувањето од аеродромот до домот на нашите домаќини бевме информирани за многу интересни улици, плоштади и згради на Лондон, особено за бројни споменици на културата, квартови, театри и други државни, кралски и други објекти и туристички места од кои барем дел од нив  ќе треба да ги посетиме.

Пред нашето доаѓање во Велика Британија, кое беше петто по ред, читавме различна литература за историскиот развој на оваа една од најголемите империи во историјата на човештвото. Инаку, Велика Британија е официјалното име кое се однесува на двете кралства, и тоа на Англија, со главниот град Лондон и на Шкотска, со главниот град Единбург, како и на Велс, со главниот  град Кардиф и Северна Ирска со главниот град Белфаст, кои ја сочинуваат оваа значајна светска сила.

Инаку, Единбург како главен град на Шкотска е вториот најнаселен град во Шкотска, а со околу половина милион луѓе е седмиот град во Обединетото Кралство. По речиси три века на унитарна влада, мерките на локалната самоуправа го пренесле шкотскиот парламент официјално во Единбург во 1999 година. Градот е место на многу национални институции, како што се: Националниот музеј на Шкотска, Националната библиотека, Националната галерија и бројни други споменици на историјата на Шкотланѓаните кои имаат слична судбина како и Македонците.

Единбург е богат со многу значајни историски градби  од минатото, како што се замоци, цркви и други споменици на културата. Градот одамна е познат како центар на образованието, особено во областа на медицината, законодавството, науката и инженерството. Универзитетот во Единбург, е основан во 1583 година и е еден од четирите во градот.

Во 2004 година  Единбург стана првиот светски УНЕСКО град на книжевноста со наградата доделена како признание за нејзиното литературно наследство и за живите литературни активности. Тој е најпопуларна туристичка дестинација во Шкотска, која секоја година привлекува голем број на странски посетители.

Продолжува

slave-katin-germanija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.