Среда, 14 Јуни 2017   
Значајна улога на весникот „Обединета Македонија“ од Минхен (7)

obedineta-makedonija

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО ЕВРОПА

Македонците во Европа секаде и во секоја пригода го истакнуваат македонското битие, изразено преку сопствената, богата, културна, национална и духовна историја. Во таа насока се и настојувањата на весникот „Обединета Македонија“ од Минхен, Германија.

Имено, во 1975 година се појави весникот „Обединета Македонија" како тримесечно издание (за октомври-ноевмри-декември). Tоj e отпечатен на 14 страници на формат 31x47 см. на македонски јазик, а има текстови и на англиски јазик. Издавач на весникот е Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ).

Весникот „Обединета Македонија" го уредил Редакциски колегаум чиј главен редактор бил професор Станко Карев, а одговорен редактор Ване Самоилов. Името на весникот е на македонски со кирилица, а под него и на македонски и англиски јазик е запишано дека тоа гласило е „македонски народен весник". На левата страна е поместено црвено знаме со лав и на него пишува Македонија. Во средината на насловната страна е етничката карта на Македонија, а потоа е даден опширен текст под насловот: „11 Октомври - втор македонски Илинден".

„ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА" (1975) — МИНХЕН

obedineta-makedonija-2

Во опширниот воведник поместен на втората страница, меѓу другото се вели: „Весникот „Обединета Македонија", кој е орган на ДООМ наша величина и гордост затоа што се вбројува во тој помал дел на емиграцискиот печат и покрај тоа што меѓу него и некои весници и списанија од тој помал дел, постои и мора да постои разлика.

Македонското прашање го надминува доменот на југословенската внатрешна политика - тоа е и балканско, а денес и меѓубалканско прашање, па затоа „Обединета Македонија" како слободна национална трибина и како орган на едно македонско ослободително движење чија што главна цел е обединувањенa распарчена Македонија, има задача која што весниците и списанијата од демократскиот и прогресивниот дел на другите национални емиграции ја немаат".

 „Обединета Македонија" како слободно македонско гласило денес исполнува една историска мисија. Весникот има света задача да работи за извојување на нови придобивки за македонската нација, a не да ги урива оние што веќе нашата нација ги извојувала по цена ла   големи и скапи животи".

Bo овој број на англиски јазик е презентиран дел од говорот на секретарот Ване Самоилов пред Националниот комитет на 13-та годишна конференција на Централниот комитет во Франкфурт - Германија, како и соопштението во кое се објаснува дека:

„Досегашниот орган на ДООМ списанието „Македонска нација" отсега ќе се издава во состав на весникот „Обединета Македонија" и секакви други списанија и весници подова име ќе се сметаат за непријателски на ДООМ. Причинате за ваквите промени се реорганизацијата и проширувањето на соработката на ДООМ со целокупната македонска емиграција а патриотските весници и списанија „Македонска вистина", „Македонска трагедија" и „Македонски глас" добиваат свои места како органот на ДООМ „Обединета Македонија". Co ваквото отворање кон „братските весници и списанија", Редакцијата очекува целосна соработка и поддршка од македонските патриоти и читатели".

Така. на четвртата страница од весникот е поместен додаток на „Македонска нација" како прилог на „Обединета Македонија". Овде „Македонска нација" е регистрирана под брот 27 (година V). Под насловот стои „Обединети Македонци за обединета Македонија"! На левата страна е втиснат амблемот на ДООМ со етничка карта на Македонија во средината, каде што е сместен лав како симбол. На оваа страница се наоѓа текст под наслов: „Илинден е жив, бесмртна е македонската нација", а потоа следи текстот за Сава Михајлов под наслов: „Доследен борец на МНОД".

Во продолжение иа „Обединета Македонија" на седмата страница е бројот 11 год. III) на весникот „Македонска трагедија", каде што се дадени текстовите под наслов Фашизмот - најкрволочниот ѕвер на денешницата" и текстот „Кон етногенезата на современиот „грчки народ".

makedonska-nacija-3

На деветтата страница, пак, следи првиот број од весникот „Македонска вистина" од Торонто, Канада, орган на Македонското ослободително движење (ДОМ) за Америка, Европа и Австралија. Бројот е отпечатен за октомври, ноември и декември 1975 година, На неговите страници се текстовите „ Еден октомвриски ден", „100-годишнината од раѓањето на Димо Хаџи Димов", „Федерална Република Пиринска Македонија", „Судска лакрдија" и рекламнопропагандни информации и мали огласи.

На четиринаесеттата страница е презентиран весникот „Македонски глас" год. I бр. I - како списание за македонски јазик, литература и култура. Тој започнува со изреката на Гоце: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар и почит помеѓу народите", во продолжение следат неколку патриотски поетски творби од необјавената стихозбирка „Погребани во ветрот".

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.