Среда, 26 Јули 2017   
Од Будим до Пешта со весникот „Македонски извор“ (7)

budimpesta7

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – УНГАРИЈА

Во Будимпешта се сретнавме со главниот уредник на весникот „Македонски извор“, Коста Андреов, кој беше присутен на прес-конференцијата на Меѓународниот симпозиум „Улогата на црквите во новите општества“. Тој нè информира за животот и активностите на Македонците во Унгарија, како и за значајното информативно гласило „Македонски извор“.

Меѓу другото рече: „Од самото име на гласилото се гледа дека сакаме да ја разлееме нашата вистина како од извор. И покрај скромните можности се трудиме да ги информираме Македонците во Унгарија и другите во светот. Се трудиме на читателите  да им ја зацврстиме љубовта кон Македонија и да ги запознаеме особено со настаните кај егејските Македонци раселени ширум светот. Ние сме релативно далеку од Македонија, но со срцето сме во нашата Македонија. Тоа особено го почувствував кога присуствував на иселеничката средба што ја организираше Матицата на иселениците од Македонија. На неа се сретнав со бројни иселеници од сите делови на Македонија, а особено ми беше мило што ги видов и разговарав со највисоките личности на политичкиот и културниот живот на Република Македонија“, рече Коста.

budimpesta7-2

Будимпешта е град со околу два милиона жители, со исклучително богата и бурна историја, но и со големо културно и градителско наследство. Посебно треба да се одбележи впечатливиот број цркви градени во разни периоди, како и најголемата синагога во Европа, каде го видовме дрвото со ими­њата на Евреите од холокаустот изградено од ро­ди­телите на познатиот артист Тони Кертис. Од гра­ди­телските зафати посебно се издвојуваат деветте мостови на реката Дунав, која минува низ градот, а во неа посебна атракција се двата острова.

Оваа дунавска убавица се состои од два дела, кои некогаш биле посебни градски населби, а тоа се Бу­дим и Пешта. Будим е историскиот, а Пешта де­лов­ниот и административно-управниот дел на метрополата. Бу­­дим е „претоварен“ и е културно-историски ре­зер­ват. Според своето историско значење, мо­ну­мен­тал­нос­та и специфичните архитектонски белези, се из­двојуваат царската палата и црквата „Матијас“, ед­на од најпознатите во Будимпешта, па и во Унгарија, стара 750 години. Нејзината највисока купола, која е висока 85 метри, доволно кажува за неа и за нејзиното значење.

Сите места, објекти и дру­ги урбани локации од секаков вид до коишто до­пира окото, тонат во светлина, чиј бле­сок посебно ја нагласува монументалноста и атрактивноста на мос­товите на ре­ката Дунав, зградата на Пар­ла­мен­тот, како и некои други впечатливи зданија. Покрај Па­риз, според многу атрибути, и Бу­димпешта, без пре­терување, може да се нарече град на свет­лината, така барем ја опишуваат некои од патеписците.

Инаку, меѓу другите главни знаменитости на Будимпешта се Неоготскиот парламент, кој ја поседува Светата круна на Унгарија, Базиликата „Свети Стефан“  (или Свети Иштван), каде што се чува Светата десна рака на пронаоѓачот и оформувач на првата унгарска држава (или Иштван),  исто така, е голема атракција.  Унгарската кујна како и кафе културата се дел од главните знаменитости на Будимпешта. Кремеш е првата кремпита направена специјално за кралицата Сиси. Денеска уште постојат римски остатоци во „Музејот Аквинкум“ како и остатоци од историски мебел во Замок-музејот „Нагитетени“ и реката Дунав, како и нејзините два брега кои се официјално признати и заштитени како светско наследство на УНЕСКО.

Поранешната Кралска палата, исто така, е еден од симболите на Унгарија. Денеска на ова место се наоѓаат два импресивни музеја како и „Националната библиотека на Унгарија“. Соседната палата содржи канцеларии како и официјалната вила на претседателот на Унгарија. Друго обележје на Будимпешта е црквата „Свети Матијас“ која е стара околу седумстотини години. Веднаш до неа се наоѓа споменикот на првиот крал и пронаоѓач на Унгарија свети Стефан, а зад него се наоѓаат Рибарските кули, од каде што се добива голем панорамски поглед врз целиот град. Статуите на Турул, митската птица која е заштитник на Унгарија, се наоѓаат во округот замок и дванаесеттиот округ.

budimpesta7-3
Готска црква

Во Пешта, пак, најголема знаменитост претставува авенијата „Андраси“. Булеварите „Кодали“ и „Октогон“ од двете страни се оградени со големи продавници и згради кои се споени едни до други. Помеѓу нив и Плоштадот на хероите, куќите се одделени и поврзани заедно. Под сево ова се наоѓа најстарата континентална европска метро-станица, станица од која повеќето денешни станици го презеле изгледот.

Плоштадот на хероите доминира со статуите на сите унгарски кралеви и врвни луѓе значајни за историјата на Унгарија, како и со Гробот на непознатиот војник. Од страните се наоѓаат „Музејот на убавите уметности“ и „Палатата на уметноста“, а зад нив е Градскиот парк. Еден од бисерите на авенијата „Андраси“ е Унгарската оперска куќа. Паркот на статуите, чија тема се статуите од комунистичката ера е сместен надвор од центарот и до него може да се стигне со јавен транспорт.

Будимпешта ја напуштивме во попладневните часови. Вагонот на Македонски железници беше приклучен за композицијата што се движеше кон Суботица, Скопје и Атина. Не ни остана ништо друго, освен да ги гледаме непрегледните полиња на Панонската Рамнина и да уживаме во убавата глетка што постојано се менуваше како на филм.

Ја напуштаме Унгарија со помислата и желбата нашите браќа Македонци од егејскиот дел на Македонија, што останаа да живеат во оваа богата и демократска земја, да го добијат заслужениот третман и од унгарските и од македонските власти како дел од народот кој припаѓа на една од најстарите европски цивилизации. Зашто Македонците кои останале да живеат во Унгарија ја одбрале оваа демократска земја за свој дом, во кој ќе се множат македонските поколенија.

Крај

slave-katin-svajcarija
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.