|
|
Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival |
На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои беше поканета и Гордана Димовска, претседателката на литературното друштво “Кочо Рацин“ Мелбурн. Присутни беа и членовите на оваа Асоцијација, Христијана Марковска, Љупчо Столески, Стеван и Зора Ацески, а изложбата ја посетија и Никола Ставрески (од вебпорталот Фаланга), Нургул Озсој и други посетители и автори од разни националности. Книгата Патник по ѕвезденото македонско небо која е збир од раскази, песни, научно историски записи и легенди, Гордана ја претстави пред публиката со свој говор и читање на поемата Memories and tears на англиски јазик. Настанот беше одлична прилика за авторите да воспостават контакти, да посетат и работилници организирани во текот на денот. Посетителите навистина уживаја во големиот избор на изложени дела а авторите беа задоволни од професионалната организација на библиотеката во Mill Park. Македонската Заедница треба да биде поактивна со присуство и поддршка на нашите автори кои ја користат секоја прилика да ја афирмираат македнската литература на двата јазици во Австралија. Македонска нација |