Среда, 02 Август 2017   
Во престолнината Париз – „Градот на светлината, љубовта ...“ (1)

francija1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА

Франција, е демократска држава која се простира во Западна Европа.  По површина e најголема во Европската унија, а по бројот на население е на второ место Земјата е составена од збир на прекуморски острови и територии лоцирани на други континенти.

Франција се граничи со  Белгија,  Луксембург, Гер-манија, Швајцарија, Италија, Монако, Андора и Шпанија. Франција со своите острови, исто така, се граничи и со Бразил и со Суринам (во делот на границите на  Француска Гвајана), со Антилите (во делот на Сен-Мартен) е поврзана со Британија преку Ламанш.

Франција е демократска држава, организирана како унитарна полупретседателска република. Таа е развиена нација чија современа и напредна економија е петта по големина во светот. Нејзините главни вредности се изразени во  Декларацијата за правата на човекот и на граѓанинот.

Франција е најголемата франкофонска држава во светот по број на говорители. Франција е една од земјите основачи на Европската унија, една од основачите на НАТО и на  ОН и е постојана членка на Советот за безбедност при ОН. Таа припаѓа на еврозоната и на шенгензоната, членка е на Франкофонијата и на Латинската унија, дел од групата Г8 најразвиени земји во светот и на Организацијата за соработка и економски развој (OCDE). Како воена сила, ја поседува главната војска во Европската унија и е една од седумте земји кои официјално поседуваат атомско вооружување.

Доколку не ви се вкрстат патиштата во преубавиот Париз, кој не случајно е обележан со предзнакот „Град на светлината“ исто како да не сте ја виделе Европа. Многу песни, опери, драми, посвети, ремек-дела, многу воздишки се создале за Париз и останале во него..

... „Париз е главата на Земјината топка, мозок кој пука од генијалност и ја предводи човечката цивили-зација, великан, уметник кој непрекинато твори, далеку-виден водител кој мора да има бразди во мозокот, пороци на голем човек, мечти на уметник и рамно-душност на политичар“.

francija1-2

Ова го ре­кол и го запишал го­ле­миот Балзак, кој целиот свој живот го по­ми­нал во овој прекрасен град на верата, надежта и љу­бовта. А парижа-ните за својот град велат дека е цен­тар на светот. Ако им забележите дека тоа звучи тен­­ден­цио­зно, бидејќи многу велегради во светот се користат со тој пиетет, ќе ви дадат сосем логичен одговор. До­колку са­кате да патувате од која било земја во све­тот во некоја друга, на друг крај, убаво е да минете низ дванаесетмилионскиот Париз.

И не само тоа, на кого не му е желба да го види градот на со­ниш­та­та; градот кој е да­леку од морето, а на грбот има ед­рилица која пот­сетува дека трговијата се одвива са­мо по воден пат. Париз како да е рожба на реката Сена, на чиј остров е из­гра­дена галската населба Лутеција, која се споменува во 52 година пред Исуса Христа, кога ја освоиле Рим­јаните, и која со векови се шири за да биде денес нај­позната во светот како метропола  на светлината.

Времето кога го посетивме Париз (министерот во Владата на Република Македонија, Владо Наумовски, митрополитот Горазд, надлежен за Европската епархија на Македонската православна црква и авторот на овие редови како заменик-претседател на Комисијата за односи со верските заедници) беше во зима. Тогаш Македонците во фран­цуската престолнина со низа пригодни ма­ни­фес­та­ции достојно ги одбележуваа петте години од фор­ми­рањето на првиот македонски све­ти­кли­мен­тов духовен храм во оваа земја, Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“.

francija1-3
Париз – градот на светлината, љубовта

Временски скромно врамен ју­билеј, но многу значаен по својата духовна, национална и афирмативна ми­сија и по амбициозните најави на неговите вте­ме­лу­вачи и ентузијасти, кои остварувале богати ак­тив­нос­ти ре­чи­си на сите полиња. Тие не пропуштаат, а да не го од­бележат секој позначаен настан од историјата на Ма­кедонија, на македонскиот народ и Црквата.

Така, 8 декември, патрониот празник на Ма­кедонската православна црква „Свети Климент Ох­рид­ски“ во оваа европска метропола се прослави достоинствено и мошне оригинално. А одбележувањето на петте лета на оваа национална духовна и културна македонска асоцијација во Париз беше можност да се проговори за до­то­гашното работење и бележито дејствување, кое со ог­лед на околностите и низата лимитирачки фак­тори, си трасирало свои патеки и обезбедило свое мес­то во еден таков мегаполис каков што е Париз. Меѓутоа, ед­но­вре­мено, се укажа и на многуте проблеми, тешкотии, сла­бос­ти и особено делбите, кои се разорни доколку не се надми-нуваат етапно, разумно и ефикасно.

Прославата и овој пат беше фокусирана на афирма-цијата на националните и духовните вредности. Вредните домаќини од Управниот од­бор на Македонската право-славна црковна оп­штина „Свети Климент Охридски“, вложиле големи усил­би и понудија ефектни содржини кои побудија видлив интерес кај многуте присутни меѓу кои имаше и Французи и други националности.

Во Париз бевме сместени во хотелот „Холидеј ин“, кој се наоѓа на стотина метри од Ајфеловата кула и ре­ката Сена. А „Дамата на Париз“, како што обично се нарекува кулата на инженер Ајфел, била из­гра­дена во 1889 година по повод Париската светска изложба. Иако оттогаш минало многу време Ај­фе­ло­ва­та кула не загубила ништо од својот шарм, од своето тех­ничко значење и од сопствената симболика. Напротив, во текот на сите овие години со старите лифтови до пространите плат­форми на челичниот џин се искачиле милиони луѓе.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.