Петок, 18 Август 2017   
Македонските симболи вечно ќе се веат на сите Македонски собири во Канада!

14Одговор од Македонската заедница во Канада до моменталната Влада на Македонија и Грчкото МНР

Македонските симболи забранети со Лисабонската декларација вечно ќе се веат на сите Македонски собири во Канада!

Македонската заедница во Канада е добро запознаeна со мобизилизацијата на грчкото МНР, кое преку Грчката дијаспора врши силен политички притисок врз Македонците и нивните дипломатски преставници во Канада, Соединетите Американски Држави и Австралија. Од денот кога канадската влада ја призна Македонија со нашето уставно име , притисоците, заканите, клеветите станаа релативно вообичаени случувања за нас, Македонците во Канада.

За нас, спорот е вештачки наметнат , и во главно, е плод на несогласувањето на Атина да го прифати нашето уставното име Македонија. По осамостојувањето во 1991 година, Македонија бараше признавање под уставното име во Обединетите Нации. Република Грција се спротивстави на меѓународното признавање на Македонија под уставното име по неколку основи: уставот , знамето, симболите и името Македонија. Со цел да го спречи признавањето на Македонија, Република Грција како земја членка на Европската Заедница, изврши притисок врз земјите членки преку Лисабонската декларација, која забрани било какви територијални претензии кон Република Грција, непријателска пропаганда или воопшто, користење на терминот Македонија од страна на Република Македонија. За мнозинството иселеници во Канада, спор околу името помеѓу Република Македонија и Атина не постои и не важи, ние сме Македонци, но живееме во слободна демократска земја која не’ призна со нашето уставно име Македонија и Македонци ќе си останеме за навека.

Атина нема право да се жали за прекршување на Времената спогодба од страна на Македонија. Атина е таа што ја прекрши Времената спогодба со блокирањето на членството на Македонија во НАТО, неправдата од Грција спрема Македонија после долга судска разврска се докажа и пред највисокиот суд за човекови права, Хашкиот суд. Македонската заедница во Канада или земете било која Македонска заедница на иселеници ширум светот организира неофицијални, невладини Илинденски собири со децении наназад. Илинденските собири се од забавен, славенички карактер,без политичка позадина. Како Македонци во туѓина, местото на собир е закитен со наши македонски обележја, знамиња, македонски фолклкор и слично. Поканети се почесни гости од македонската зедница, канадски гости и претставници на македонската дипломатија од Канада. На секого од нив им е даден почесен збор да ги поздрави присутните и им го честитаат светиот Илинденскиот празник. На нашите собири често пати сме имале канадски гости кои исто така, стоејки пред античката мапа на Македонија ги поздравиле присутните со почесен говот и го честитале празникот Илинден.

Грчкото МНР можеби треба да поднесе жалба и до Кандските власти? Се разбира тоа никогаш нема да се случи, причината е многу едноставна, во Канада за разлика од Грција постојат закони за човековите права и слобода на изразување, таквите жалби пред канадските власти би биле голем прекршок од Грчката страна против нашите права за слободно изразување како државјани на Канада. Мапата од Македонија за која станува збор во жалбата на грчкото МНР е само една верзија од илјадниците верзии на антички мапи од Македонија стари по сотици, илјадници години кои се слободно достапни насекаде ако го прелистате гугл, немаат забрана за гледање, печтење или изложување било каде во Канада или светот, освен во Грција и се разбира под закани во Македонија.

Тој дел од историјата е многу болна точка за Грција, но за среќа светот стана многу мал последните 20-30 години со помош на интернетот, и покрај забраната од Грција, светот може да ја прочита историјата и ја согледа вистината која Атина се труди толку вешто да ја скрие .

Илинденските собири се организирани од македонски друштва и волонтери од Македонската заедница во Канада, ние како канадски државјани имаме право да изложиме било каква мапа, знаме, обележје кое ние самите ќе го одбереме за сходно на нашите собири. Македонскиот генерален конзул во Торонто, Јовица Палашевски кој се товари за банална работа “ ги поздравил присутните Македонци и им го честитал големиот Македонски празник Илинден од бина на која во позадина биле закачени Античка карта на Македонија и македонското сонце од Кутлеш.

За овој настан, кој според Атина е иредентистички а за нас банален, одговорноста ја презамаме ние , Обединетата Македонската заедница во Канада, поплаките нека ги пратат на нашата адреса. Ако македонската држава подлегне на Грчките провокации и најде за сходно да го дисциплинира или побара одговорност од нашиот македонскиот генерален конзул во Торонто Јовица Палашевски за да добие поени во Грција, во тој случај македонската влада треба да биде спремна на целосна изолација и несоработка помеѓу сите идни диплoмати и Македонската Заедница во Канада. Затоа што нашите македонските симболи забранети во Македонија од Лисабонската декларација вечно ќе се веат и ќе бидат изложувани на сите македонски собири во Канада или било каде низ светот каде што живееат Македонци надвор од Македонија .

Да ни биде вечна Македонија!

Боне Боби Темелков

Председател на Светскиот Македонски Конгрес Канада - Македонска Нација Канадa

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.