Среда, 27 Септември 2017   
Разговор со повод: СОНЦЕ МОЕ – НОВА ДРАМСКА ПРОДУКЦИЈА ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ

dusan-intervju

Поведовме разговор со драмскиот писател Душан Ристевски по повод неговото најново драмско дело СОНЦЕ МОЕ кое набргу ќе се изведе од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Премиерската изведба е на 4 ноември во 19 часот во Civic Theatre во Хрствил.

. Душан, овој Театар, можам слободно да забележам, покрај Литературното друштво „Григор Прличев“ е единствена македонска организација која косистетно го негува и промовира македонскиот јазик и култура во Австралија.

Љубовта кон македонскиот јазик и театарската уметност не поттикнува да работиме во промовирање на македонската култура и нација. Постоиме повеќе од десет години. Како и во минатите години, сакаме да бидеме присутни на Фестивали, во случајот каков што е со Фестивалот за култура Discovery Festival for Community Arts, во општината Georges River. Тоа е најдобриот начин во промовирање на македонската нација, каде нашите продукции имаат можност да ги видат и австралјанци од немакедонско потекло. Како што знаеш Театарот има добивано повеќе државни награди за уметност и нашите настапи се ценети од австралјанските културни средини. Па не е ни чудно што сме пак поканувани на вакви фестивали. Убаво е да спомнам дека и нашиот режисер Стефо Нанцу  има добивано и интернационални награди и признанија.

. Душан, кој е поводот да се напише драмата „Сонце мое – My Sunshine“?

Преку оваа драма сакав да ја прикажам љубовта што родителот ја има кон своите деца, посебно кон децата кои имаат некои развојни попречености или попреченост поради сообраќајка. Не мислам на обична љубов, туку на „двојна љубов“ што постои за да може родителот да ги истрае различните предизвици поврзани со телесното и интелектуалното/ менталното здравје на своите деца. Но исто така да ја прикажам жената како најјакиот и најглавниот столб во семејството (куќата) без која семејството не може да функционира. Доколку нема љубов нема да постои семејството, ќе се распадни, ќе се распадни и општеството. Едноставно во оваа драма нема ништо што не повикува на омраза, непочит туку ни покажува и ни дава надеж дека со љубов има излез од сите ситуации, има иднина.

. Луѓето со попречености многу лесно можат да бидат заборавени од општеството.

Точно, воглавно тие живеат во маргината на општеството или во посебни гета, не дека не сакаат да бидат рамноправни граѓани туку некои граѓани мислат дека тоа е најдоброто решение, по изреката “out of sight out of mind“. Старателите се тие кои се жртвуваат за своите деца или партнерите и многу малку се знае за нивните перипетии и страдања, а еве и тоа го експонирам, публиката да влези во психата на тие луѓе кои се вистинските „ангели“ без кои луѓето со попречености не би живееле во слобода туку би биле некаде затворени и заборавени од општеството.

. Урнебесната комедија „Баба се мажи“ привлече најголем број гледачи, каков мислите ќе биде односот на публиката кон вакви теми?

Досега како што знаеш успешно сме поставувале на сцена комедии и трагедии, мјузикал и монодрами. Имаме широк репертоар за да привлечеме различна публика и ме радува дека успеваме да поставиме на сцена наши оргинални дела наменети не само за постарата туку и за помладата гледачка публика. Во „Сонце мое“ иако се обработуваат сериозни поучни теми, има доста комични сцени кои ќе бидат забавни за публиката и верувам дека ќе им се допадне. Глумечкиот тим се состои од врвни уметници, наградувани артисти: Валентина Апостоловска, Васко Србиновски, Јаворка Котевска, Зоран Гулабоски, Мена Ристевска, Татјана Нешковска, Антонио Нешковски, Никола Апостоловски, Стефо Нанцу. Инаку преставите ќе се дадат во Хрствил, Когра (две престави), Бенкстеон (две престави) и Волонгонг.

Честитки Душан како до тебе така и до целиот ансамбл на АМТ од Сиднеј со желба да ви се множат драмските продукции.

Иван Трпоски

sonce-moe

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј
Australian Macedonian Theatre of Sydney
Прикажува - Presents

СОНЦЕ МОЕ - MY SUNSHINE

Од Душан Ристевски
Режија Стефо Нанцу

Улогите ги толкуваат:

Валентина Апостоловска, Васко Србиновски, Јаворка Котевска, Зоран Гулабоски, Мена Ристевска, Татјана Нешковска, Антонио Нешковски, Никола Апостоловски, Стефо Нанцу.

Љубовта иако се искажува со збор како резултат на мислите и чувствата, истата се покажува на дело. Љубовта поминува преку препреки и граници, се бори против лошите мисли и злодела, се пренесува со телепатија, насмевка, збор и допир. Прашањето е како се мери љубовта. Дали воопшто таа може да се измери?

Дана е мајка, сопруга и старател која не се сомнева во својата способност и тоа го прифаќа бидејќи тоа е нејзина должност и не гледа излез од таа ситуација. Таа не само што се грижи за нејзиниот млад син кој деновите ги поминува осамен во инвалидска количка, туку и за нејзиниот сопруг кој полека тоне во светот на деменцијата.

Нејзината многу постара сосетка Грозда, целиот живот го посветила на својата ќерка, Наташа, која е родена со интелектуални попречености. Грозда се соочува со дилемата за тоа кој ќе се грижи за нејзината ќерка после нејзината смрт.

На помош доаѓа соседот Бил, кој знае со својата постапка, не само да ги насмее соседите туку и да помогне да се вклучат и да социјализираат во македонската заедница.

Овој реномиран Театар на сцена поставува драма која ќе поттикне разговор и размислување, да се преиспитаме за тоа што е најважно во нашиот живот.

Драмата „Сонце мое“ премиерно ќе се изведе на Фестивалот за уметност во Хрствил (Discovery Festival of Community Arts) на 4 ноември со почеток во 19.00 часот во Civic Theatre, Hurstville Entertainment Centre.

Драмата ќе се прикаже на следните места и време:

HURSTVILLE

Civic Theatre

Hurstville Entertainment Centre

MacMahon Street, Hurstville

Saturday - 4 November, 7 pm

KOGARAH

St George Bank Auditorium

4-16 Montgomery Street Kogarah

Sunday - 5 November, 2 pm & 7 pm

BANKSTOWN

Bankstown Polish Club

11 East Terrace Bankstown

Saturday, 11 November, 2 pm & 7 pm

WOLLONGONG

Sun Lounge

Function & Reception Centre

8-14 Stewart Street, Wollongong

Saturday, 25 November, 6 pm

Цена: $20 полна цена $10 за студенти и пензионери

Со карти ќе можете да се снабдите на влезот пред преставите или за резервации и повеќе информации јавете се на 0425231335 или на и-маил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Фејсбук: Australian-Macedonian Theatre of Sydney (AMTS)

Главен покровител:Settlement Services International (SSI)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.