Среда, 11 Октомври 2017   
НЕ ЗАГРОЗУВАЈТЕ ГО СУВЕРЕНИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА!

mcc
МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА

МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЗАПАДНА АВСТРАЛИЈА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ: НЕ ЗАГРОЗУВАЈТЕ ГО СУВЕРЕНИТЕТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА!

8 октомври 2017 година, Перт, Западна Австралија

- Заменикот претседател на Македонската Заедница на Западна Австралија, Крис Ангелков упати отворено писмо до пратениците на СДСМ во Собранието на Република Македонија. Обраќањето го објавување во целост...

Почитувани пратеници од СДСМ, во име на Македонската Заедница за Западна Австралија, првата македонска заедница основана во Австралија пред 76 години, би сакале да ја изразиме нашата длабока загриженост за неодамнешните збиднувања во Македонија кои претставуваат сериозни закани за независноста и суверенитетот на нашата татковина.

Сметаме дека формирањето на новата влада во Македонија беше овозможено и спозорирано од ЕУ, САД и активностите на разни невладини организации кои дале небулозни ветувања дека на Македонија ќе и’ биде понудено членство во НАТО и ЕУ ако исполни одредени критериуми за пристапување кон тие сојузи на држави, влучувајки и промена на официјалното историско име на земјата. Иако за вас и бројни државјани на Македонија, зачленувањето во ваквите сојузи на држави изгледа како решение за бројните проблеми со коишто се соочуваат Македонците во секојдневниот живот, ние најодлучно Ве советуваме да ги земете во предвид штетните последици што ќе уследат ако Македонија се зачлени и се согалси со решенија кои задираат во достоинството и самопочитта на Македонија и Македонците. Со оглед на тоа што Велика Бртианија решила да излезе од ЕУ и сериозните фиансиски и економски проблеми на земјите како Грција, Бугарија и Италија, ние најсериозно прашуваме: Зошто Македонија има потреба толку брзо на пристапи кон овие сојузи на држави, кога од неа се бара да направи навредливи и понижувачки отстапки како преуслови за влез во нив.

Бессрамното задоволување на крајно агресивните барања на албанското малцинство во Македонија кое ужива човекови и други права како многу мал број малцинства во светот што ги имаат, е нешто што ги загрижува сите Македонци во светот. Било кој обид да се спроведува таканаречената “тиранска платформа“ за којашто силно се залагаат вашите коалициони партнери, ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците, ќе биде најостро осуден од нас, бидејки тоа подразбира ослабување на независноста и суверенитетот на земјата и би довело до распаѓање на унитарноста и независноста на Македонската држава. Сегашната дебата во Парламентот за предлог-законот за употребата на јазиците со којшто се предвидува албанскиот јазик да стане втор службен јазик во Македонија е крајно загрижувачка и е јасен доказ дека овие партии се целосно посветени на брзата имплементација на оваа платформа со СДСМ, којашто, исто така, ја дава и нивната безусловна поддршка. Силно апелираме до вас да го повлечете овој закон и што побрзо да се одржи кредибилен и веродостоен попис на населението за да се утврдат вистинските бројки и проценти на Македонците, Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите и другите малцинства во Република Македонија.

Нашето македонско име е старо повеќе од 2.000 години и нашата татковина тоа име го носела речиси неприкинато од античко време, за време на Римската Империја, Византија и Отоманската Империја и во 1913 година кога Македонија е поделена со Букурешкиот Договор, па се’ до денес. Никој нема право да чепка во нашето име кое ние високо го цениме и почитуваме и кое е камен темелник на нашата етничка припадност и идентитет. Најмалку право на тоа имаат соседните држави Грција, Бугарија и Албанија кои продолжуваат да ги негираат најосновните права на нашите македонски браќа и сестри. Било кој ваш обид или на вашата влада да отстапи и да договори со Грција промена на името ќе биде осуден како предавнички и антимакедонски чин од секој еден Македонец во светот и сите оние Македонци во Република Македонија кои сеуште се гордеат дури и најмалку со своето македонско наследство, етничка припадност, јазик, култура и историја.

Ние се надеваме дека нема да се обидете да го промените името на Република Македонија преку одржување на референдум на кој прашањето ќе биде формулирано на начин да се дојде до посакуван од вас резултат. Името Република Македонија беше масовно одобрено од Македонскиот народ на 8 Септември 1991 година, за време на референдумот за независноста на Македонија и нема потреба од преиспитување на оваа одлука.

Би требало вам и на вашата влада да ви биде повеќе од јасно, дека трајна промена на името ерга онмес ќе доведе до трајна промена во начинот на кој се именува и прикажува македонската етничка припадност, јазик и идентитет на меѓународен план. Покрај уверувањата, дека вие и вашата влада, исто така, имате свои црвени линии (т.е дека нашиот јазик и идентитет ќе продолжат да се именуваат како македонски), ако договореното име, е Република Северна Македонија, со текот на времето Грција несомнено ќе ја искористи оваа промена за промоција на идејата дека нашите луѓе се “Северномакедонци” кои го зборуваат “Северномакедонскиот” јазик за разлика од Грците во Македонија (Егејска Македонија) кои ќе бидат прикажувани како “вистинските Македонци” кои имаат македонски идентитет и ќе настојуваат овој идентитет да го поистоветуваат со грчкиот. Сето ова ќе доведе до тоа Грција да тврди дека името и историјата на Македонија се исклучиво нивни и нема да се колебат оваа пропаганда безмилосно да ја промовираат на меѓународен план. Таквото преименување неминовно ќе се случи на светско ниво со текот на времето и меѓународната заедница и поедини држави ќе се служат со изговорот дека “народот на Северна/Горна/Вардарска Македонија така одлучил на референдум што се смета за фер и слободен да си го променат името”. Еден таков исход ќе значи почеток на крајот на Македонскиот народ како посебен етнос и на Македонската држава која е резултат на борбата и жртвувањата на многу поколенија Македонци. Нема да можеме да се тешиме со новиот гетоизиран македонски идентитет во новопреименуваната држава која порано се викала Македонија, додека на меѓународен план земјата ќе биде принудена да користи друго име што ќе доведе до тоа, нашето етничко потекло и идентитет да бидат прикажувани како се’ друго, освен македонски.

Дојде време Македонија цврсто да се исправи и да си ги брани интересите. Дури да успее Македонија да се зачлени во ЕУ во скоро време, ќе треба да поминат многу години посветени на спроведување на неопходните економски, општествени и судски реформи, да се подобри животниот стандард на населението и да може да се спореди со оној во побогатите водечки држави како Германија, Франција и Шведска... Масовното иселување на младите вискообразовани лица кои веројатно ќе бидат принудени да вршат непривлечни, аргатски работни задачи додека се влопуваат во новите средини, ќе биде непосредниот резултат на зачленувањето во ЕУ и ќе има мошне негативни последици за Македонија. Освен тоа, портите на македонската економија ќе се отворат широко и неконтролираната конкуренција од појаките европски економии ќе резултира со поголема невработеност и повисоки цени на домашниот пазар штом се спроведат законите и законодавството на ЕУ. Тоа никако нема да биде корисно за Македонија и Македонската нација.

Добра алтернатива на членство во ЕУ би било да се зајакнат врските со земјите кои припаѓаат на Европската Асоцијација за Слободна Трговија (ЕФТА-Исланд, Лихтенштејн, Норвешка и Швајцарија) која има специјална трговска и политичка поврзаност со ЕУ и преку која се олеснува трговската размена со ЕУ. Исто така, би можело да се побара доделување на статус на “привилегиран партнер” што нуди бенефиции слични на тие што ги имаат земјите-членки на ЕУ, без притоа формално да се побара полноправно членство во ЕУ. Важен предуслов за економскиот подем на Македонија би било земјата да се претвори во атрактивна туристичка дестинација и да се додава дополнителна вредност на стоката што се извезува од Македонија. Освен тоа, огромен придонес за економскиот развој на  Македонија би било, дали се бара членство во ЕУ или не, да се зајкне борбата против корупцијата, да се создаде професионална, департизирана државна администрација, да се зголеми продуктивноста на работната сила преку всадување на силна работна етика, додека истовремено се бранат работничките права, се осигураат работните места и се води борба за да се скрши моќта на олигарсите кои ги запоседнаа државните претпријатија приватизирани во 90-те години.

Исто така, зачленувањето во НАТО нема да ја гарантира безбедноста на земјата и не ја исклчува можноста таа да биде нападната од некоја од соседните држави. И Грција и Турција беа земји-членки на НАТО за време на инвазијата на Кипар во 1974 година и оттогаш па се’ до ден денес некоклупати имало помеѓу нив вооружени судири. Освен тоа, не постои во НАТО механизам за решавање на несогласувања помеѓу земјите-членки што подоцна може да прераснат во воен конфликт.

Ние, Македонците во светот, не можеме рамнодушно да гледаме како се лишува од својот идентитет и достоинство единствениот слободен, независен и суверен дел на етнографска Македонија, преку понижувачки отстапки што имаат за цел да задоволуваат туѓи интереси што воопшто не водат никаква грижа за благосостојбата и иднината  на Македонија.

Како членови на СДСМ, Вие без сомневање имате родители, баби и дедовци, прабаби и прадедовци кои се бореа за формирање на слободна, суверена и независна Македонска држава и кои ги дадоа нивните животи за оваа благородна цел. Имајки ги во предвид саможртвувањата на Вашите претци, повикуваме да ги преиспитате политиките на актуелната влада и да се откажете од сегашниот политички курс кој сериозно го загрозува постоењето на Македонија како суверена и независна држава на Македонскиот народ.

Ние најискрено се надеваме ќе ги земате во предвид ставовите изразени во ова отворено орбаќање и ќе постапите во согласност со највиталните државни интереси на Македонија, Македонците во светот и целата Македонската нација при решавањето на многуте проблеми и предизвици со коишто е соочена Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.