Среда, 08 Ноември 2017   
Илинденското востание и македонските свештеници (8)

ilinden8-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Во историјата на религијата е забележано дека свештеник е лице кое во име на заедницата принесувала жртва и обавувала и други обреди. Пред тоа таткото-главата на семејството принесувал жртви. Во понатамошниот развој на човечкото општество, се издвојуваат личностите кои се сметале за посредници меѓу луѓето и боговите. Тие вршеле и други ритуали, како што е гатањето, а биле и  учители, судии, тумачи на традициите и се’ друго во духовното живеење.

Во некои цивилизации, свештеникот бил повеќе привилегиран и ја извршувал улогата на врачар, волшебник, доктор, наставник, судија, преведувач на традицијата и сè друго во доменот на духовниот живот.

Во Месопотамија и Египет, на пример улогата на врховен првосвештеник имал кралот (фараонот), а му помагал хиерархиски воспоставен свештеник кој ја создал кастата. Кај  Евреите се сметало дека свештеничкиот чин бил наследен. Кај Римјаните свештеникот имал политичка моќ и бил избран само од семејствата на патриците. Првосвештениците се нарекувале понтифици, а највисокиот свештеник ја имал титулата понтифекс максимус.

Во Персија голема волшебност имале магиите, а во хиндуизмот имале брахманите. Во античка Елада-Грција, свештениците не играле толку голема улога. Тие биле службеници на светилиштата, односно на Богот на кого светилиштето било посветено. Женските божества имале свештенички.

Свештениците биле многу влијателни во племенскиот живот на старите Германци и Келти и тие биле наречени друиди. Свештеникот кај старите Словени, пак, во литературата, се нарекувал господин (старословенски научник).

Во почетокот на христијанството помислата за свештенството се јавувала кај сите верници (која подоцна била проследено од страна на протестантите), но, брзо се создавала хиерархија на свештенството (презвитер, свештеник, епископ, митрополитот и папа).

Повеќето заедници создадени по реформацијата немале концепт за свештеник во традиционална смисла и форма. Овие верски заедници се водени од страна на свештеници, пастори, министри, а на Англиканста црква од неодамна и жените можат да вршат улога на свештеник.

dositej
Поглаварот Доситеј

Македонските свештеници од времето на цар Самоил до денес се духовници, национални борци, чувари на верските објекти, на корените на македонштината, продолжувачи на македонските обичаи, верувања, традиции и се’ што е македонско во сите турбулентни времиња кога Македонија беше под долго ропство.

Затоа, со право се вели дека македонските свештеници секогаш биле на страната на својот народ. Меѓу другото, тие видно учествувале во подготовувањето на Илинденското востание и во самото востание служеле како пример на човештво и јунаштво, водејќи го и повикувајќи го својот народ во борбата за „смрт или слобода". Импозантен бил бројот на таквите вистински народни пастири од Македонија кои и животите свои ги положиле пред олтарот на слободата на својот народ. За тоа има докази, меѓу другото, и во извештаите на српските конзули во Македонија од тоа време.

Извештаите на српскиот конзул во Битола Михаило Ристиќ од 1903 година, покрај другото, говорат за следнотво: „Во околината на Ресен шетаат 6 чети под водстѕо на поп Ристо од Велгошти кај Охрид и други војводи. На тринаесетти јануари 1903 година, пишува конзулот Ристиќ, се судри една чета од 18 четници под водство на поп Ристо кај охридското село Којнско, Потерата и’ јави за ова содирање на властите во Охрид и побара помош и набргу таму се собраа двесте души, нешто редовната војска, нешто башибозук. По кратка борба загина само поп Ристо", стои во „Извештаите од 1903 година."

Свештеникот Ѓорѓи Попоски и неговиот син поп Цветан од село Ложани активно учествувале и во месната организација и во востанието во борбата кај селото Таш-Маруниште. Поп Мате од селото Октиси учествувап во месната организација како нејзин секретар. Во неговата куќа бил пронајден еден документ за активноста на македонските револуционери.

stefdanp 
Поглаварот Стефан со свештенослужители

Споменатиот Битолски генерален конзул го напишал и следноео: „Од зулумиге (турски) не смеат да си одат во селото повеќе од десет месеци, та седат во Охрид: поп Атанас Темјанов, поп Устијан Маленков, игумен на манастирот свети Спас, поп Ламбе Бимбил од село Велмеј, поп Борис од Белчишта, поп Силјан од Врбјани и поп Васил игумен на манастир. 

Поп Наумче Маленко од Охрид, активно учествувал како истакнат востаник. Поп Спасе од Вевчани учествувал во околискиот комитет, Поп Јордан од Присовјани, поп Захарија од Таш-Маруниште и лоп Ѓорѓија од Глобочица активно учествувале како востаници во борбата кај селото Таш-Маруниште во 1903 година, а поп Антонија од Модрич, поп Јован од Дренок и поп Климо од Враниште, како и поп Ристо од Љубојно учествувапе во месните организации.

Кичевскиот ѓакон Тома предводел една чета, а поп Трајко од селото Рударе, Кратовска околија, набавил пушки за целата чета.

И така по ред сите македонски народни сваштеници од сите села и градови од цела Македонија заедно со својот народ најактивно учествувале во месните организации на Внатрешната македонска револуционерна организација наречена ВМРО, а знатен број се истакнала во Илинденското востание. Со оглед на строго конспиративниот карактер на самата организација, најпогодната форма за организирање на народните маси и за изведување на подготовките и акциите била преку религијата и претставниците на црквата.

Во името на религијата и националната чест македонските сваштеници ги довикувале своите верници да ги чуваат и да не ги одаваат тајните на организацијата. Тој факт го потврдува и Сколскиот конзул М. Куртовиќ со своите извештаи од 1903 година кога пишува дека „селаните од Македонија ги заколнуваат попови, а комитетот се држава во држава".

Македонското Илиненско востание било задушено со страотни реплесарии, но слободољубивиот национален дух на Илинденците - световници и свештеници - и Крушевската Република и понатаму го инспирирал македонскиот народ во борбата за конечна слобода, влевајќи му елан и животна сила.

Само 41 година потоа благодарение на големата и славна Народноослободителна борба, вековните идеали се остварени и сите оправдани аспирации и борби на македонскиот народ се крунисани со блескав успех. За таа цел Илинденците, вклучувајќи ги и народните свештеници од Македонија, го дале својот значаен придонес што македонскиот народ високо го цени, а како вечна благодарност за тоа е одлуката на Народното собрание на Македонија со која Илинден бил прогласен за национален и државен празник на Народна Република Македонија.

Во оваа пригода ќе ја поместиме песната „Илинденска крштевка“ од Иван Трпоски. Тој е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе децении активно е вклучен во повеќе македонски организации каде несебично работи за доброто на Македонците во метрополата на Нов Јужен Велс и пошироко. Иван Трповски е роден во селото Волино, Охридскиа, а е познат новинар и е дописник  на многу весници, списанија и портали во Македонија и Австралија. Во Сиднеј е една од водечките личности на Литературното друштво „Григор Прличев“ и бил душата на на списанието „Повод“. Денес како новинар и поет е вграден во Библиотеката  „Григор Прличев“во Сиднеј.

ИЛИНДЕНСКА КРШТЕВКА

Утре е Илинден!
Утре ќе св заруменее небото
од замавот на црвените знамиња.
Утре ќе наздравуваме со полни чаши
пред олтарот на нашата намачена земја.
Утре со стиснати тупаници ќе и’ покажеме
на вистината дека бевме, дека сме
и дека ќе бидеме!
Утре - повторно в зори нека не фрснат
звуците на крушевските камбани.
Утре е голем ден, светол ден!
Утре - по кој знае којлат
ќе ги крштеваме македонските деца:
Гоце, Даме, Никола, Сирма, Јане, Питу...
Утре ќе ги стркаламе мислите
кон јуначкиот чекор од минатото.
Утре ќе бидеме горди зашто ќе и’ залечиме
уште една крвава рана
на македонската историја.
Утре е голем ден, светол ден!
Утре е Илинден!

Иван Трповски (Австралија)

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.