Среда, 15 Ноември 2017   
39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

njvМакедонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат, во прекрасниот амбиент во Emporium Reception во Bankstown во присуство на многу гости , родители и наставници ја одржа добротворната забава, со цел да се соберат средства за да се подобри и модернизира наставата по македонски јазик. Вечерта се прослави и матурската вечер на која им беа врачени дипломите на 27 матуранти за успешно завршено изучување на македонскиот јазик во средното училиште.

Покрај, студентите и родителите на забавата присуствуваа и: претседателот на Федерацијата за јазици на НЈВ, Г-от  Алберт Вела, претседателката на Учителската асоцијација од Викторија, Г-та Љубица Талеска , координаторката за јазици при Средношколскиот училишен центар за јазици Когра, Г-та Анѓела Лирис, како и  претседателката на МПУО за НЈВ- Г-та Жаклина Михајлова.

Во своето обраќање до присутните, госпоѓа Михајлова истакна дека „ Културата на еден народ се одржува преку јазикот и тој е единственото нешто преку кое можеме да ги пренесеме и задржиме нашата историја и нашиот идентитет овде во Австралија. Вие, почитувани матуранти, носите две култури и тоа е големо богатство, вие имате големи вредности и притоа им помагате на луѓето околу вас овде во Австралија да дознаат која е Македонија. А, Македонија е лулка на културата. Ние, Македонците сме домородци на светот и имаме света крв. Затоа примарно е да си ги зачуваме корените и јазикот, наш македонски “, истакна Михајлова.

 Вечерта големо изненадување предизвика доделувањето на наградата која ја доделува Македонскиот Просветно Училишен Одбор за НЈВ, - Авионска карта за Македонија, овојпат за најсреќниот матурант кој најмалку 5 години го изучува македонскиот јазик во средното образование. Среќата ѝ се насмевна на Цветанка Марковска, кој ќе патува за Македонија бесплатно. Новата генерација македонски матуранти со гордост ги истакнаа Дипломите, искажаа искрена благодарност кон своите учители и изјавија дека ова е почеток на нивните нови походи кон повисоките образовни институции ширум Австралија.
Во забавниот дел на вечерта настапија членовите на  МКУД „Илинден“ од Сиднеј. Тие со својот беспрекорен настап и со уметничката кореографија на традиционални ора и песни ја воодушевија публиката.

Благодарност беше упатена до сите учители кои неуморно работеа и придонесоа оваа вечер да биде успешна.

 Вечерта свиреа членовите на “Група без име“ кои забавата ја направија незаборавна и весела. Водители на вечерта беа учениците од 11 година Емили Касовска и Филип Менчевски.

Матуранти 2017

Од Центарот Bankstown:

Кристина Блажевска, Натали Богоевска, Константина велковска, Јован Гашоски, Елена Димовска, Андреј Дунимагловски, Стивен Ѓорѓоски, Изабела Илиоска, Цветанка Марковска, Сара Милојковска, Вероника Превска и Александра Стојановска

Од Центарот Kogarah:

Џонатан Апостоловски, Марија Грозданова, Мелани Козаровска, Владимир Лозановски, Кристина Неданоска, Шанел Нешкоска, Тијана Петреска, Анастасија Ристовска, Мелани Спасевска, Џасинта Талевска, Климент Трајчевски  Катрина Лиговска.

Од Центарот Smith Hill:

Ана Марија Анѓелковска, Стевче Димески, Мартина Дулеска

Им честитаме!

Донации за македонскиот јазик можат да се уплатат на:

PAYMENT METHODS

DIRECT DEPOSIT

Account Details: Macedonian School Council

BSB: 032-057

Account Number: 601 946

Bank: Westpac

Branch: Rockdale

Please ensure your surname and initial(s) are on your transaction description.

CHEQUE

Payable to Macedonian School Council and posted to: PO Box 164 Rockdale NSW 2216

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.