Среда, 13 Декември 2017   
Успешен и весел крај на учебната 2017 година

ucitelkata1

Во Културниот Центар „Илинден“, во Сиднеј, се одржа традиционалниот Годишен концерт за децата кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс. Пред околу 500 посетители , учениците пееја,  глумеа и рецитираа.

Посетителите ги поздрави Мајкл Кристодулу,  директор на Федерацијата за јазици на заедниците во НЈВ, како и Претседателката на Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ , Г-ѓа Жаклина Михајлова.

Мотивациски говорници беа Емили Гошаревска, која доби 99,7 поени на Матурските испит по македонски јазик минатата година, како и Крстофер Тодоровски, кој ја доби бесплатната Награда за патување во Македонија, што ја доделува Македонскиот просветно училишен одбор, како додатна стимулација за изучување на јазикот.

На ученичката  Ангела Тумановска од МЕУ„ 11 Октомври“ од Јагуна беше врачена Наградата од Министерот за образование на НЈВ.

На Концертот беа врачени и Наградите за рецитирање на најдобрите рецитатори во 2017 година, како и пехарите за најбројните учесници од училиштата во НЈВ.

ucitelkata2

Таму беше и Дедо Мраз , кој им подели на сите деца подароци.

Ве очекуваме да ги донесете вашите внуци и деца следната година на настава по македонски јазик.

ucitelkata3

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, на сите Македонци им ја Честита Новата 2018 година и Божиќните празници и им посакува многу љубов, радост, здравје и лична среќа за нив и разум на сите во Македонија. Да ни е вечна Македонија и македонскиот јазик!

Жаклина Михајлова-Учителката

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.