|
|
ММД НИКОЛА КАРЕВ 40 ГОДИНИ АМБАСАДОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР |
ММД ”Никола Карев", го одржа презентациониот бал на 16 декември во просториите на Ferraro Reception. Одбележувањето на достигнувањата, макотрпната работа през годината беше наградена со доделување на пехари на играорците од сите три групи. Вечерта ја отвори и ги поздрави присутните, претседателот на друштвото Аце Петровски кој истовремено посочи на фактот што ова друштво од самото формирање па до ден денес, означувајќи 40 годишне јубилеј, неуморно работи и е верен амбасадор на македонскиот фолклор, песна и оро. Исто така значајно за оваа година е тоа што ММД “Никола Карев” додели специјални признанија на долгогодишните членови : Андријана Стојановска – 20 години, Александра Петровска – 20 години,Сашо Петровски – 18 години, Николче Петровски – 14 години, Стефан Јовановски – 17 години, Александар Јовановски – 18 години, Тони Јовановски - 22 години Македонското младинско културно уметничко друштво Наградата за доживотен член (life membership) ја доби Гордана Аневска за нејзиниот огромен допринос и долгогодишна работа во друштвото. Ова е петнаесетта личност а прва жена која го доби ова високо заслужено признание во ММД “Никола Карев”. Вториот дел од оваа вечер продолжи со распеаниот Дамјан Стојановски во придружба на Соната бенд & Влатко, Мелбурн гајда. Дамјан за првпат гостува во Австралија и со своите гласовни квалитети докажа дека е вистински професионалец и ја воодушеви публиката со изборот на свои песни но и песни од легендата на македонската народна песна, неговиот татко Војо Стојановски. Прекрасно организирана вечер која беше круна на сите успешни концерти, настапи и презентации одржани во годината што измина како дел од одбележувањето на 40тиот годишен јубилеј на ММД “Никола Карев”. Честитки до сите играрци, кореографи, родители, управниот одбор, со надеж за уште поуспешни години што следуваат во негувањето на македонското оро и песна. Гордана Димовска |