|
|
СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА |
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС СЕМАКЕДОНСКИ ПРОТЕСТ ВО ШВАЈЦАРИЈА, ГЕРМАНИЈА, ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 27 јануари 2018 година, Берлин, Германија - Македонските заедници во Швајцарија, Германија, Франција, Италија и Велика Британија денес одржуваат протести за заедничка и унитарна Македонија. Македонската заедница во Швајцарија протестот го започнува со собир во 12.00 часот на Quai Wilson 47 - 1201 Geneve - Palais Wilson. Собирот ќе продолжи со марш долж Avenue de France од 12.00-13.00 часот, до Плоштадот на Обединетите Нации Palais des Nations во 13.30-14.00 часот, каде организаторите ќе имаат поздравни говори. Македонската заедница во Германија протестот го започнува со собир во 13.00 часот пред Бранденбуршката Порта во Берлин, каде организаторите ќе имаат поздравни говори. Собирот ќе продолжи со марш кон Германскиот Парламент и Владата каде што и ќе заврши. Македонската заедница во Франција протестот го одржува во 14.00 часот на Place Joffre-Mur de la Paix (Champ de Mars) Paris каде што организаторите ќе имаат поздравни говори. Македонската заедница во Италија протестот го одржува во 15.30 часот на Плоштадот Алфиери во градот Асти каде што организаторите ќе имаат поздравни говори. Македонската заедница во Велика Британија протестот ќе го одржи од 14.00-16.00 часот пред зградата на Европската Унија во Лондон - European Commission Building, 32, Smith Square, Westminster, London SW1P 3 EU, каде што организаторите ќе имаат поздравни говори. Македонците во Европа се обединети: (1) против промена на името на државата и идентитетот на нацијата, со барање за крај на разговорите со Грција и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија; (2) против донесување на Законот за употреба на јазиците со цел двојазичност на територијата на Македонија и во нејзините меѓународни односи и редефинирање на унитарноста и државноста на Македонија; (3) против ратификација на Договорот со Буагрија, којашто не ги признава Македонците и уредува формирање на меѓудржавна комисија за ревизија на македонската историја; и (4) за безусловно ослободување и помилување на сите притворени и осудени за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Македонија и на Едмонд Темелко. Доколку Владата не ги прифати овие барања, Македонците бараат распуштање на Собранието и организација на вонредни парламентарни избори во Македонија! Македонските заедници во Европа овие барања ќе ги достават до Претседателот, Собранието и Владата на Република Македонија преку македонските амбасади и конзулати и до претседателите, парламентите и владите на државите каде што престојуваат, а сите заедно и до Европската Унија, ОБСЕ, Советот на Европа и НАТО Алијансата! Семакедонски протести наскоро се најавени и во Канада, Австралија и Холандија. Организаторите апелираат на масовно присуство на Македонците на протестите во овие држави. Организаторите повикуваат на семакедонско помирување и обединување, затоа што силата е во единството, а со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Заедно во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! |