Среда, 31 Јануари 2018   
Македонците во градот Асти, Италија, како и во многу делови Во Европа и светот се креваат за одбрана на суверенитетот на Република Македонија

protest-za-makedonija-asti-1

Започнува Движењето #Ние сме Македонија, како продолжение на За заедничка Македонија.

„Поагајќи од нашите искуства во државите каде што живееме, забележуваме дека барањата на албанското малцинство стануваат се поапсурдни. 

Политичката елита водејќи се од своите лични и партиски интереси не е веќе во состојба да ги брани и зачува интересите на Република Македонија. Двете национални партии почнаа да се натпреваруваат кој на кој повеќе ќе дозволи да не гази и угнетува. 

Ние македонците сме загрижени за опстанокот на нашата држава и нашиот идентитет. Се обидуваат да ни ја поништат историјата, нашето постоење.

Свесни сме дека македонскиот народ е изморен, омаловажен, доведен на работ на егзистенција и нема доволно сила да се бори повеќе.

За тоа, мора да признаете дека доста допринесоа и некои медиуми, намерно или случајно. Секојдневно се пишува за промената на името како тоа да е веќе завршена работа. 

Се лаже македонскиот народ дека со промена на името Р. Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ, а сите сте свесни дека тоа нема да се случи, особено не во ЕУ. 

Се лаже народот дека влегувањето во тие организации ќе донесе благосостојба, а веројатно сте свесни дека и ова не е точно. Македонија веќе има пристап до европскиот пазар, а доколку се случи да влезе во ЕУ, ќе земе повеќе обврски отколку права, кои во вакви моменти тешко ќе може да ги исполнува, а секако ЕУ е свесна за тоа. Оттука влегувањето во ЕУ за долго време ќе биде одложено, дури и со евентуална промена на името, кое со сите расположливи средства ќе се потрудиме да го спречиме.

protest-za-makedonija-asti-2

Република Македонија е изложена на потсмев.

Нашите барања се јасни и децидни:

1.Стоп на преговорите за името;

2.Стоп на донесување на законот за двојазичнст;

3.Поништување на сите договори и закони донесени од оваа нелегитимна влада;

4.Попис на населението;

5.Предвремени парламентарни избори;

protest-za-makedonija-asti-3

Ние македонците нема да застанеме овде. Сите кршења на Уставот и законите на Република Македонија што се вршат во овој момент ќе бидат сигнализирани во меѓународните институции и ќе се врши постојан притисок на меѓународната јавност.

Немојте да мислите дека овие дивеења ќе останат неказнети.

Нашиот протест беше симболично одржан токму на денот на Холокаустот.

Еми Вајзел, добитник на Нобеловата награда за мир во 1986 година напиша: "Спротивно на љубовта не е омразата, тоа е рамнодушностa. Спротивно на уметноста не е грдотија, тоа е рамнодушноста. Спротивно на верата не е ерес, тоа е рамнодушност. И спротивното од животот не е смртта, тоа е рамнодушноста”. 

Ние нема да го оставиме светот рамнодушен.

И уште една изрека од концентрационите логори:

 "Оние кои не се сеќаваат на минатото се осудени да го повторат". 

Ние нема да дозволиме општа амнезија. Постојано ќе повторуваме што ни се случувало во минатото, и што се случува денес.

Ќе продолжиме со протести, со писма, со барања и притисоци во цел свет.

Нема да дозволиме човештвото да се здобие со уште една црна дамка како Холокаустот. 

Нема да дозволиме бришење на еден идентитет, особено кога се работи за нашиот.“

Македонско здружение КАМЕН МОСТ, Канели, Италија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.