Среда, 14 Февруари 2018   
ПЕТТАТА СВЕТСКА СРЕДБА НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ НА 30 ЈУНИ И 1-2 ЈУЛИ 2018 ГОДИНА

makedon

Делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и секретријатот на Петтата светска средба на децата бегалци оствари средба со претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов.

Делегацијата го запозна на претседателот на Републиката со подготовките за Петтата светска средба на децата бегалци што ќе се одржи на 30 јуни и 1 и 2 јули годинава и во таа прилика му предаде Програма.

Делегацијата му ја пренесе на претседателот на Републиката загриженоста поради најава за организација на паралелна Петта светска средба на децата бегалци под покровителство на премиерот, без согласност на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

Делегацијата изрази подготвеност за надминување на недоразбирањата и упати јавен повик сите да се приклучат кон Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

- Се надеваме дека Петтата светска средба на децата бегалци ќе ја одбележиме достојно, прокламирајќи мир и љубов, било да не се повтори, - рече претседателот на Одборот на Петтата светска средба на децата бегалци, ликовниот сликар Коле Манев.

- Додека сме живи ние, жртвите од Граѓанската војна во Грција, откорнати од своите родни огништа како деца бегалци, никој не може да ни ја одземе организацијата на Петтата светска средба на децата бегалци во оваа јубулејна 70 годишнина од голготата во 1948 година, - рече претседателот на Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци, Ташко Јованов.

Претседателот на Републиката изрази надеж за надминување на недоразбирањата и организирање на една и единствена Петта светска средба на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција.

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.