Среда, 21 Март 2018   
ПЕТ ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ОД СОБИРОТ ВО ТОРОНТО ПОРАЧАА: „НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА“

protest-toronto-1

Пред парламентот на Онтарио пред 5000 илјаден македонски народ и топла поддршка од пријатели, поединци од Русија и Турција се одржа мирниот протестен собир ,,Нашето име е Македнија,, организиран од македонско-канадската заедница за поддршка на Македонија и ставање крај на антимакедонските преговори за името.

Протестот обоен во црвено-жолтатата боја на нашата земја започна со интонирање на националните химни на Канада и Македонија, а продожи со молитва од страна на присутните свештеници во македонските православни цркви во Канада.

protest-toronto-2

,,Денес ние Македонците од Торонто и од други градови им се придружуваме на нашите браќа и сестри во Македонија, САД, Австралија и Европа, барајќи итен прекин на преговорите за името со Грција. Наметнатите антимакедонски преговори за името го загрозуваат опстанокот на Македонија и ги нарушуваат сите меѓународни конвенции и конвенциите на Обединетите нации за човекови права, на кои и Канада е потписник. Ја повикуваме меѓународната заедница да ги поддржи нашите основни права на самоопределување и самоидентификација. Исто така, сакаме да ја дадеме  нашата целосна поддршка на претседателот Георге Иванов за вето на неуставниот Закон за јазиците – рече во воведниот говор водителот на прогарамата Соња Лозановска.

protest-toronto-3

Претседател на Светскиот македонски конгрес - Канада, Боне-Боби Темелков и еден од организаторите на овој протест ја презентираше  Декларацијата за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на македонската нација на македонски јазик за потоа истата да биде претставена  и на англиски јазик од страна на Петар Медичков, исто така еден од организаторите на собиот и долгогодишен македонски активист.

Во декларацијата стои:

,,Ние, Македонците во Канада, сме обединети и единствени во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! Иако сме далеку од татковината, загрижени сме за политичката криза во Македонија. Таму ни се корените, таму ни се роднините, таму имаме имоти, таму се гробовите на нашите пра-родители. Од Претседателот, Владата и Собранието на Република Македонија бараме:

(1) Безусловен крај на разговорите за името со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонците и Македонскиот јазик на англиски јазик како Macedonians и Macedonian language.

(2) Повлекување на Законот за употреба на јазиците, бидејќи тоа не е во согласност со член 7 од Уставот на Република Македонија; и го редефинира унитарниот карактер на државата преку наметнување на албанскиот јазик на целата територија и во меѓународните односи на Македонија и дискриминација на еднаквоста на помалите етнички заедници пред Уставот и законите.

 (3) Прекинувањето на договорот што го потпишаа Заев и Борисов на 1 август 2017 година, бидејќи ја поткопува македонската историја, култура и јазик. Додека Софија ја гледа Македонија како дел од Бугарија, Македонците како Бугари и македонскиот јазик како бугарски дијалект, секој договор меѓу Македонија и Бугарија ќе биде договор за велепредавство против македонската држава и нација.

(4) Итно и безусловно амнестирање на сите приведени и затворени во настаните од 27 февруари 2017 година, со ослободување од гонење или потполно ослободување од извршување на казната, и бришење на осудата.

 (5) Итно и безусловно амнестирање на Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, од домашен притвор и обвинение, со ослободување од гонење. Ние, Македонците во Канада отфрламе референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Потсетуваме, дека прашањето за името на државата е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година, кога Македонците по род и државјанство, во Републиката и светот, во апсолутно мнозинство гласаа "За суверена и самостојна држава Македонија" без додавки и без придавки, а одлуката на референдум според Уставот е задолжителна за сите, без исклучок! Доколку Претседателот, Собранието и Владата не ги исполнат овие барања, бараме самораспуштање на Собранието и распишување на вонредни парламентарни избори, со обезбедување услови за остварување на избирачкото право во седмата изборна единица, без обврска за упис на избирачкото право на секои парламентарни и претседателски избори. Ние Македонците во Канада отфрламе пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата, културата и јазикот на Македонскиот народ во целина. Ние, Македонците во Канада, бараме од Синодот на Македонската Православна Црква да го повлече барањето за прифаќање на Бугарската Црква за Мајка Црква, како неканонско и антиисториско. Го поддржуваме сослужението и евхаристиското единство на Македонската Црква со сите цркви во светот кои ќе ја прифатат како Апостолска Црква и како една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија односно Патријаршија и на Јустинијана Прва. Ние, Македонците во Канада, ќе ги користиме сите дозволиви средства, секогаш секаде и пред секого, за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација!

protest-toronto-4

Од говорницата пред насобраниот македонски народ проговори и  прота-сврофор Трајко Босеовски, архиерејски намесник на канадското намесништво на американско-канадската македонска православна епархија и свештеник во Св. Димитрија Солунски од Маркам кој повика на македонско единство во името на Бога, искажувајќи длабока загриженост за случувањата во нашата татковина.

Претседателот на Организацијата Обединети Макеоднци од Канада Мендо Бакаловски во својот говор ги осуди сите обиди за промена на нашето уставно име и разнебитувањето на македонската држава.

Големо внимание предизвика обраќањето на Бил Николов претседател на  Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права кој ги повика сите организации и поединци вклучени во процесот на уништување на македонкиот идентитет да го слушнат гласот на Македонците и престанат со кршење на основните човекови права.

protest-toronto-5

Во името на цркавата проговори и Отец  Гоце Деспотовски свештеник во МПЦ Св. Мала Богородица од Кембриџ чии што патриотски восклици одекнуваа пред зградата на парламентот на Онтарио.

Младите Македонци и овојпат беа претставени од   Веле Тошевски – претседател на Асоцијацијата на студенти Македонци од Универзитетот во Торонто и Кристијан Роштанковски претседател на Младинската Мрежа Мајнет кои изјавија дека  македонската младина од Канада најдлабоко ги осудува чекорите и последиците предизвикани од делувањето на актуелната Влада на Зоран Заев.

Додека Македонците скандираа ,,Едно име имаме,, и ,,Македонија,, ,,Македонија,, претседателот на Здружението Андон Лазов Јанев Ќосето од Канада Живе Латиновски со длабок патриотски набој ги искажа ставовите на организацијата, ветувајќи дека се’ што му е одземено на македонскиот народ, се’ ќе му биде вратено, а на  виновниците истиот тој народ ќе им суди.

Овации кај Македонците на протестот во Торонто предизвизвика и импулсивниот патриотски говор на Стив Сарагил долгогодишен македонски активист кој има многу  придонесено за македонската заедница во минатото но и сега искажувајќи ја својата целосна поддршка на Македонија.Тој потсети на вистината за Македонија од 1913-та до денес и го повика Зоран Заев да ги слушне Македонците и нивните пораки испратени од собирот во Торонто.

protest-toronto-6

Македонската заедница од Канада сплотена во сите  македонски патриотски организации и македонските православни цркви за олеснување на транспортот до Онтарискиот парламент на овој протест им овозможи организиран превоз на сите заинтересирани Македонци.

За поздравување е и присуството на бројни Македонци од Виндзор, Кембриџ, Лондон како и од соседните американски држави од Рочестер, Бафало, Њу Џерси, Чикаго, Детроит и други места.

Во име на Македонците од Рочестер своите пораки ги пренесе Нада Димитрио претседател на црквата Св. Димитрија Солунски, а гласот на Македонците од Виндзор го искажа секретарот на управата во МПЦ Св. Никола Лилјана Ѓуровиќ.

Поддршката на пријателска Турција ја пренесе Исмаил Ватанер од Турската Федерација во Торонто чиј што говор наиде на позитивни овации од страна на насобраниот народ.

Соња Лозановска
Од весникот „Македонија“ - Торонто

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.