Среда, 18 Април 2018   
Македонскиот клуб „Илинден 1903“ од Хамбург (31)

ilinden31-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Хамбург е една од поголемите метрополи во Германија, а и во Северна Европа.Тоа е град кој има значајно историско минато и сегашност за германскиот народ и град пристаниште со статус на сојузна покраина на Германија, оддалечен стотина километри од Лабинската утока, преку која е поврзан со Северното Море.

Хамбург е најголемо пристаниште во Германија за прекуокеански сообраќај, а за увозно-извозната трговија е еден од најголемите центри во светот. Големи прекуокеански бродови се укотвуваат во Какехафен, на устието на реката Елба. Исто така, тој е важна сообраќајна раскрсница за железничкиот и за авионскиот сообраќај.

Во него е развиена машинската, дрвната, авионската, хемиската и други индустрии; тој, во исто време, е град со бројни театри, библиотеки, високообразовни институции и институти, цркви и многу други културн-историски споеници; оваа метропола е родното место на големиот светски композитор Јохан Брамс.

Хамбург е градот во кој се доселиле жители од европските и други земји, меѓу кои и околу две илјади Македонци, од сите краишта на Македонија. Првите дојденци или “привремно вработени”, како често ги нарекуваме (а кои останаа постојано), се доселиле околу 1970-та година, кога започна кај нив првиот процес на собирање, другарување, а со тоа и јакнење на врските со родната земја Македонија.

Подоцна тие активности се зголемуваа и прошируваа во одреден број асоцијации. Меѓутоа, се чини дека Македонскиот клуб “Илинден 1903” и Македонската православна црква “Св. Јоаким Осоговски” остануваат да бидат место на најзначајните активности што ги реализираат Македонците во тој дел од Германија. Македонскиот клуб, во 1998 година прослави дваесет лета од своето формирање, а понуди интересни активности кои ги поврзуваат постарите со помладите македонски генерации

ilinden31-2
Хамбург

Иницијативниот одбор во 1978 година го формирал клубот “Илинден 1903”, со повеќе секции. На 11 апри 1998 година Клубот го прослави големиот и значаен јубилеј - 20 години од своето постоење и успешно делувае. Тоа се години на постојани успеси, на континуирани пробиви и афирмативни програмски содржини во мултикултурната средина на Хамбург и воопшто на северногерманските простори.

Исто така посебен белег на нивниот живот му дава македонската црковна општина “Св. Јоаким Осоговски”, која за нив претставува интегративен фактор кој ги обединува, како православни христијани, врз национална и верска основа. Црковниот живот за Македонците во Хамбург, а и за сите во другите делови на светот, претставува „ѕрirituѕ moveпѕ“ (дух кој поврзува) за зачувување на македонскиот национапен и културен идентитет.

Јубилејот беше убава пригода за потсетување на изминатото време, при што им се оддаде должната благодарност на плејадата активисти кои во изминатите години на своите плеќи го понесоа најголемиот товар, но јубилејот беше и пригода за организирање на повеќе свечености. Домаќините беа почестени и со присуството на гости и пријатели, претставници на клубови, црковни општини и асоцијации со кои Клубот активно соработувал досега, особено оние во Дизелдорф, Келн, Бремен, Хановер, Берлин, Вилхемскафен, како и во Шведска, Данска и во Република Македонија.

По обраќањето на претседателот на Клубот, беше промовирана монографијата Македонскиот клуб - “Илинден 1903”, што за оваа пригода ја подготвија Фиданка Танаскова и Славе Николовски - Катин, публикација која ги опсервира активностите на Македонците во Хамбург за овие дваесет години. Притоа, на присутнуте птигодно се обрати и авторот на овие редови, Славе Катин, кој специјално допатува во Хамбург за промоцијата на делото.

Монографијата за Македонскиот клуб “Илинден 1903”, низ досега остварените активности во неговата временски скромна, но со содржини богато исполнета рамка, ги потврдува токму овие факти за нас Македонците, кои, независно од нашата дестинација на планетата, остануваме она по што сме препознатливи за секоја цивилизација како делови од еден народ со бурна и непокорна историја, на која сме горди.

Денес таа не мотивира, низ богатите форми и содржини на нашето делување на овие простори, во развиениот културен систем на Хамбург, да ја зачуваме нашата културна традиција и да го дадеме својот придонес за збогатување на германската културна ризница со нови вредности.

Мотивирани од овој факт, во рамките на Клубот успешно функционираат КУД “Црвени каранфили”, Женската, Рецитаторската секција, особено спортските активности, како што се фудбалот, пинг-понгот и шахот, кои ги мотивираат членовите на Клубот, а особено младите, да ги откријат и афирмираат своите творечки афинитети во разни области на културата, уметноста и спортот.

Монографија ќе остане како трајно сведоштво за животот и работата на Македонците во Хамбург во изминатите дваесет години, но и како обврска за младите локоленија да ја продолжат и надградуваат активноста на овој клуб.

Посебна атмосфера во тој период создаваа учениците во Клубот, коишто го посетуваа училиштето за дополнителна настава по мајчин македонски јазик. Токму тука, во тој своевиден македонски храм, ја учеја азбуката, химната, ја учеја историјата и географијата на Македонија. Тие се огледало на идните генерации продолжувачи на македонските традиции, донесени од дедовата земја.

ilinden31-3
Свети Јоаким Осоговски, Музејот „Илинден“

Погледот на Клубот го привлекуваат македонските војводи, револуционери и заштитни дејци кои некогаш се вградија себеси во темелните постулати на она што низ вековите стана - македонско денес. Гоце Делчев, Јане Сандански, Никола Карев, Питу Гули, Ѓорче Петров, се лекција за младите и потсетување на оние кои полека заминуваат.

Монографијата за Македонскиот клуб “Илинден 1903”, низ досега остварените активности во неговата временски скромна, но со содржини богато исполнета рамка, ги потврдува фактите за нас Македонците, кои, независно од нашата дестинација на планетата, остануваме она по што сме препознатливи за секоја цивилизација како делови од еден народ со бурна и непокорна историја, на која сме горди.

Монографијата мотивира, низ богатите форми и содржини на нашето делување на тие простори, во развиениот културен систем на Хамбург, да ја зачуваат нашата културна традиција и да го дадат својот придонес за збогатување на германската културна ризница со нови вредности.

Мотивирани од овој факт, во рамките на Клубот успешно функционираше КУД “Црвени каранфили”, Женската, Рецитаторската секција, особено спортските активности, како што се фудбалот, пинг-понгот и шахот, кои ги мотивираа членовите на Клубот, а особено младите, да ги откријат и афирмираат своите творечки афинитети во разни области на културата, уметноста и спортот.

Македонскиот клуб "Илинден 1903" во Хамбург, ја одбележа дваесетгодишнината од своето основање воо 1978 година. Тогаш беа удрени темелите на институцијата што ја продолжи традицијата и континуитетот на одржувањето на македонскиот национален субјективитет и интегритет. Овој пат во една друга национална средина, во срцето на Европа, во пазувите на еден пријателски народ со долга историја и култура, во Германија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.