Среда, 16 Мај 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (10)

atanas-bliznakov-10-1

ЖИВОТНИОТ СОПАТНИК СЛАВКА ПОПОВА – БЛИЗНАКОВА

...Татковино, та ликот твој ме опива
И гласот твој ме вика и ден и ноќ
Жалта вечно по тебе ми открива
Невидени и цветни брегови

Никола Ј. Вапцаров

Славка Стојко Попова – Близнакова беше вечниот сопатник на Атанас Близнаков и негов верен брачен другар. Таа е олицетворение на една честита и благородна Македонка со која Атанас скоро шест децении го делеше и доброто и злото.

Славка е родена на 12 март 1913 година во Д’мбени. Нејзиниот татко Стојко Попов и мајка ѝ  Љаца (Кираца), или Стојковица, како што постојано ѝ  се обраќале роднините и соселаните, била исто така по потекло од Д’мбени и, како и останатото население од тие македонски простори, се занимавала со земјоделство и со сточарство. Според кажувањата, за што Славка не се сеќава, презимето Попови веројатно го добиле бидејќи во минатото во нивното семејство имало некој поп.

Како резултат на големата љубов и почитување меѓу Стојко и Кираца (Стојковица), а во тоа време се имало особена почит кон мажот, главата на семејството, се родиле две ќерки и еден син. Најстара била Софија, која била родена 1903 година, потоа Стасе се родил во 1905 година, а Славка е најмала и последно дете во бракот. Стасе е роден во Д’мбени, каде што и останал да живее сé до Граѓанската војна во Грција, а потоа во немирните времиња се преселил во Скопје, каде што и починал.

Стасе во бракот со Лефтера имал три ќерки: Мица, Мара и Кула. Најстарата ќерка Мица, по Граѓанската војна, прво заминала во Унгарија, каде што се родила ќерка ѝ  Ержика, а потоа постојано се преселила во Скопје. Мара живее заедно со татка си во Скопје. Исто така, и Кула живее во Скопје, каде што во бракот со Даниелчо ги роди синот Марјанчо и ќерката Тинка.

Сестрата на Славка – Софија (често нагалено ја викале Софка) се омажила за Илија Куртевски од македонско село Апоскеп, коешто се наоѓа во непосредна близина на Костур. По Граѓанската војна Софка и Илија се преселиле во Скопје, каде што Софка починала во 1967, а Илија во 1977 година. Тие во бракот имаат три сина и една ќерка. Најстар од синовите е Ристо и тој живее во Скопје и има два сина. Вториот син Јани во бракот со Лепа имаат две ќерки: Јанка и Маргарита. Јани и ќерката Зоја се починати во Скопје.

atanas-bliznakov-10-2
На прослава во Гери

Третиот син Нуме Куртевски до 1951 година живеел во Солун, а бидејќи бил непожелна личност за грчките власти, Атанас и Славка го повлекле во САД. Нумо дошол во Гери како Нумо Куртис. Нумо или Наум, како што често го викаат, во бракот со Васкра имаат една ќерка и еден син. Ќерката Софка е мажена за Митре Китановски, по потекло од селото Радожда, Струшко, со кого живее во Краунт Поинт, во државата Индијана.

Тие се чести гости во Македонија, а со купувањето на станот во Охрид нивната врска со Татковината уште повеќе се зајакна. Тие имаат две деца, Александар и Катерина. Синот, пак, Кристи живее заедно, односно блиску со Нумо и Васкра, неговите родители. Во разговорите со Славка особено беше истакнувана роднинската врска и заедничкиот живот во САД и во Македонија со семејството на Нумо и Васкра и со нивните деца, кон кои Атанас и Славка негуваа посебна љубов.

Инаку, Славка Близнакова е израсната во честито македонско семејство на Стојко и Љаца, кои среќно живееле во Кладенското Маало во Д’мбени. Таму кај кладенецот, кај бунарот, се собирале младите моми и момчиња, невестите од селото, а за време на верските празници пееле песни и играле народни македонски ора.

Славка се омажила за Атанас на 28 август 1935 година, на денот на света Богородица. Свадбата ја направиле во куќата на Атанас, а бидејќи времето било допло, свадбарските обичаи ги правеле во дворот и на широкиот чардак. Таа како невеста носела фустан, за разлика од обичаите во другите македонски села каде што се носеле народни носии, или свечени руби за невести, а имала долга коса. Специјално за свадбата имале порачано музика од Костур, а кум им бил Андон Шмагранов од селото.

Ручекот го приредиле на чардакот во куќата на Атанас, јаделе на големи софри, а имале голем број гости од Д’мбени и од соседните села. За свадбата добила многу подароци, меѓутоа, најдраг подарот за Славка бил герданот со три наполеони – златници што го добила од свекрвата Доча. Златницит биле наредени на една игличка, обесени на градите, и јасно можеле да се видат. Славка му дала на Атанас чорапи и една крпа (риза) како подарок за свадбата.

Во времето кога Атанас се оженил со славка било обичај момчињата да бараат пари од невестите и, во зависност од имотноста на родителите, сумата се движела од 50 до 200 долари. Ваквиот обичај и сега е на сила во некои делови од Грција. Меѓутоа, Атанас не побарал пари од родителите на Славка, бидејќи во тоа време тој бил дојден од Америка. Првпат Атанас и Славка се виделе во 1935 година кога Атанас доаѓал од Костур, а Славка одела на збирање снопје. Таа прва го видела, а потоа преку некои соселанки се сретнале и во кус период се вериле и направиле свадба.

По свадбата Атанас се вратил во САД и веднаш започнал со подготвување на документи за доселување на Славка и на мајка му Доча. Тоа и му успеало и наредната година Славка и Доча пристигнале во Гери, каде што останале сé до нивното прво доаѓање во Македонија по Втората светска војна во 1958 година.

Славка и Доча добро се сложувале како снаа и свекрва. Заедно оделе да купуваат по дуќаните, заедно оделе в црква, на посети кај многу Македонки, заедно го делеле и доброто и лошоти, како што често велеше тетка Славка во разговорите.

Во Гери, Славка често ја викале со името Силвија или Глорија, додека Атанас го викале Том. Славка постојано го викаше со името Насо, а тој неа со ,,бабе”.

Во текот на животот, Славка Близнакова го следела, го бодрела, му била десна рака и вистинска сопруга на Атанас. Во периодот од четириесетина години, колку што живеела во САД никогаш не работела туку се грижела за Атанас и за домот, при што особена грижа водела за мајката на Атанас, свекрвата Доча, со која другарувала и живеела сé до нејзината смрт.

По доаѓањето во Скопје, Славка ја продолжи својата активност како сопруга на Атанас, но сега како пензионерка на САД, по старосна основа. Во периодот од дваесетина години, таа беше особено ангажирана во сите активности што Атанас ги преземаше во Татковината. Со нејзиниот љубезен однос, благодарност и добрина сите кои го посетиле нивниот дом, понеле убави спомени, зашто тетка Славка, како што многумина ја викаа, на сопствен начин знаеше да ја изрази љубовта кон сите луѓе.

atanas-bliznakov-10-3
Последна фотографија од Славка и Атанас

По смртта на Атанас, Славка остана да живее во станот на ул. ,,Орце Николов” заедно со Нуша Киро Пачкова, која е роднина на Атанас и која вистински се грижеше и за неа. И покрај нејзината болест – ревма, таа од фотелјата, во која ги помина старечките години, секогаш се трудеше да им угоди на посетителите. Многу тагуваше поради загубата на Атанас, често плаче, но таа беше жена и со силен дух. Незаборавни се миговите кога на гробот на Атанас, со солзи на очите, знаеше да собере храброст и со одбрани зборови да каже нешто за својот сопруг.

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.