Среда, 06 Јуни 2018   
Учество на КУД „Илинден" од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан" од Виндзор, Канада во Македонија (38)

ilinden38-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

На свеченостите, што по повод 80-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република, беа одржани во Република Македонија, учествуваа и КУД „Илинден" од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан" од Виндзор, Канада. Двете културно-уметнички друштва беа гости на Матицата на иселениците од Македонија во периодот од 18 јули до 3 август во  1983 година..

Гостите од Виндзор пристигнаа во Републиката во неколку грули во почетокот на јули, додека членовите на КУД „Илинден" на 14 јули. Пријатната вест по повод доаѓањето на фолклорните групи на македонските  иселеници, преку средствата за јавно информирање се прошири, не само во Скопје, туку и насекаде низ Републиката. Всушност, секој од гостите беше очекуван од роднини, пријатоли, другари...

Претседателот на КУД „Илинден" од Сиднеј, познатиот иселеник Кире Циревски, инаку по потекло  од селото Перово, Преспа, неʼ информира дека друштвото било формирано на 26 ноември 1966 година од група македонски ентузијасти ком живеат во далечна и пријателска Австралија, а дека работат во рамките на МПЦ „Св. Петка" од Рокдеил. Во него членуваат повеќе од 150 членови, претежно Македонци од битолско-преспанскиот крај.

„Играорците работат во пет групи под раководство и будното око на кореографот, Цане       Пеовски. Гостуваме во Републиката по втор пат, а списокот на добиените награди, пофалници и признанија е огромен. Нашите настапи во Австралија се секогаш следени од голема публика, затоа нашата улога еод непроценливо значење не само за одржување и зачувување на македонскиот фолклор, туку и за збогатување на мозаикот на мултинационалната култура на Австралија“, рече Циревски

Претседателот на КУД „Ѓердан" од Виндзор, пак, Славко Ѓорѓиевски, истакна: „Нашето друштво е формирано за време на илинденското празнување во 1980 година, а работи во состав на МПЦ „Св. Никола" од Виндзор. Тогаш работеше само женската фолклорна група под раководство на кореографот, Ѓорѓи Котевски, и со успех настапуваше пред Македонците од Виндзор и Детроит, како и на голем број национални претстави во Канада и САД. Друштвото за првпат гостуваше во Републиката, и сакаме да  се претстави со многу програма што ветува иднина за КУД „Гердан“, рече Ѓорѓиевски.

ilinden38-2
Куд „Илинден“ од Сиднеј

Според програмата на Матицата на иселениците од Македонија, гостите од Канада и Австралија своето официјално гостување го започнаа на 18 јули, кога и почна нивната напорна турнеја низ Републиката. Меѓутоа, уште на 15 јули КУД „Илинден" го одржа својот прв концерт пред бригадирите на Сојузната работна акција „Скопје 63 - 83" во Катланово, недалеку од Скопје, каде во пријатна атмосфера гостите од Австралија се запознаа со работата, активностите и животот на акцијашите, кои ја продолжуваа убавата традиција од времето на обновата и изградбата на Татковината. На средбата се зборуваше за активностите, успесите, проблемите, интересот кон македонскиот фолклор и за сеʼ што е сврзано со нивниот живот.

Во периодот од 18 до 21 јули двете друштвата беа сместени во хотелот „Скала" во Скопје, а притоа имаа средби со лретставници на Музичката младина на Македонија, Домот на младитд „25 Мај" и КУД „Гоце Делчев". Исто така, ја посетија црквата „Св. Спас" и гробот на најголемиот македонски син, Гоце Делчев, црквата „Св. Диштрија" и гробот на поглаварот на МПЦ, починатиот архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј.

Тие беа примени и во Македонската архиепископија и ги посетија Соборната црква „Св. Климент Охридски“ (тогаш во изградба), Етнолошкиот музеј, Трговскиот центар, Старата чаршија и новиот дел на Скопје. Двете друштва беа први гости на Скопје што се возеја на стариот начин низ градот, со пајтон и со стариот автобус, кои служеја за туристичко разгледување на градот.

Работниот ден од програмата на 21 јули беше целосно исполнет. По одржаната проба, во вечерните часови, гостите од Канада и Австралија настапија со своја програма на Кејот на Вардар, пред Камениот мост, во рамките на „Скопското културно лето". Пред околу четири илјади посетители, културно-уметничките друштва „Илинден" од Сиднеј и „Гердан" од Виндзор, се претставија со сиот фолклорен сјај, за што беа наградени со бурни, искрени и долготрајни аплаузи.

Вечерта, на заедничката вечера во хотелот „Скала", од Матицата на иселениците од Македонија на претседателот на КУД „Ѓердан" му беше предадена Златна плакета за заслугите што ги имаше ова младо културно-уметничко друштво во популаризирањето и зачувувањето на македонскиот фолклор во Канада.

Златна плакета на Матицата на иселениците  КУД „Илинден" доби при гостувањето во 1978 година, а овојпат, заедно со гостите од Виндзор, доби две народни носии подарок од Матицата. На славјето и доброто расположение им немаше крај. Се пееше и се играше до доцна во ноќта.

ilinden38-3
Црквата „Свети Никола“ во Виндзор

Гостите од Сиднеј и Виндзор ја започнаа турнејата низ Македонија на 22 јули. Најпрвин го посетија Тетово, градот под Шара, од каде голем број Македонци живеат во прекуокеанските земји, особено во Детроит, САД. Заедно со големата група иселеници кои дојдоја во родниот крај, го посетија текстилниот комбинат „Тетекс" и „Алумина " - Тетово, а потоа со автобус се искачија на Попова Шапка и се восхитуваа на убавините што лриродата ги подарила на оваа македонска убавица.

Вечерта, во преполнетата сала на Културниот дом во Тетово, одржа целовечерен концерт. Во Тетово каде наидоја на срдечно добредојде, чувство на љубов, признание и задоволство. Домаќините сториле сеʼ гостувањето на двете групи да биде што поуспешно.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.