Среда, 13 Јуни 2018   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (14)

ab14-1

ПРОГРЕСОТ, ПОДЕМОТ И ПАДОТ НА МАНС

„Борбата на Македонците
Претставува стремеж
Кон слобода на еден јасно
Оформен и свесен народ“

Едвард Боил
англиски општественик и државник

За време на Втората светска војна, МАНС, заедно со прогресивните европски, балкански и други организации во САД, ги имал насочено своите сили кон активно помагање на антифашистичката борба. Во текот на тие немирни времиња, по иницијатива на МАНС, во сите длеови на САД, каде што постоеле македонски прогресивни групи, биле основани месни комитети за помагање на антифашистичката борба.

Нападот на фашистичка Германија врз Полска, Чехословачка, Југославија и Советскиот сојуз, мошне болно одекнал меѓу македонските прогесивни иселеници. Тие не можеле да се помират со монструозните теории на фашистите за пониски и повисоки раси во единствениот човечки род и за божемните инфериорни психофизички вредности на словенските народи. Повредувањето на овие чувства било пресудно за огромното мнозинство македонски иселеници да се определи на страната на обединетата антихитлеровска коалиција.

Како резултат на тоа, голем број членови на МАНС се собрале на антиминхенските демонстрации во Чикаго, на кои учествувале двесте илјади демонстранти од словенско потекло. Исто така, во текот на декември 1938 година се состанале околу 400 делегати од словенско потекло, со цел да се договорат како да ја продолжат борбата против оние луѓе во САД кои јасно застанале на страната на фашистичка Германија. По нападот на фашистите врз Југославија, како и врз СССР во 1941 година, голем број Американци од словенско потекло се приклучиле кон широките американски народни маси во борбата против фашистичката агресија.

Во текот на Втората светска војна, заедно со другите прогресивни организации во САД, МНС ги имал насочено своите сили кон активно помагање на антифашистичката борба. Членовите на МАНС се бореле за ликвидирање на фашизмот, а биле поборници за изградба на живот што ветувал поголеми демократски слободи и траен мир. За таа цел, а по иницијатива на МАНС, биле формирани месни комитети за помагање на антифашистичката борба. Основната задача на овие комитети била да собираат парични средства со кои требало да се купат, главно, лекови и разни санитетски материјали како помош на борците што се бореле против фашизмот.

ab14-2

Приходите за вакви потреби се собирале од влезниците на организираните концерти и други забавни приредби, како и од доброволни парични прилози на голем број Македонци од трите дела на Македонија. Месните комитети, организирани преку МАНС, посебно агитирале меѓу своето членство за купување на таканаречените воени бонови, што претставувало своевиден заем за финансирање на зголемените воени потреби. Така, во тој период меѓу Македонците во САД владеел вистински натпревар за купување воени бонови. Многу од нив настојувале секој заштеден долар да биде искористен за добротворни цели.

Исто така, треба да се нагласи дека МАНС вложил големи усилби за воспоставување контакти со своите блиски во Македонија и во цела Југославија, во која македонскиот народ, рамо до рамо со другите народи, водел жестока борба против германските освојувачи и нивните верни слуги.

Членовите на МАНС се залагале за поголемо заедништво меѓу прогресивните сили на сите балкански народи. Кај нив се разгорел пламенот посебно за поддршка на Народноослободителната борба на македонскиот народ во заедница со југословенските народи. Тие секојдневно го следеле текот на војната и целосно биле на страната на југословенскиот народ.

Притоа, одржувањето на Второто заседание на АВНОЈ, на 29 ноември 1943 година, било од огромно значење за македонските и за југословенските иселеници воопшто. Тој бил голем ден затоа што бил усвоен  федералниот принцип што ја признал целосната еднаквост на народите од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, и Босна и Херцеговина.

За Македонците оваа историска одлука за рамноправност, еднаквост и федералност во рамките на Југославија значела многу зашто првпат во периодот од пет векови добил право на самоопределување и за национална независност, за своја држава, во рамките на Федеративна Југославија.

Една од позабележителните акции на МАНС била, секако ,,Меморандумот за решавање на македонското прашање”, што на 11 февруари 1945 година Националниот комитет на МАНС го упатил до американското Министерство за надворешни работи и до меѓународната јавност. Констатирајќи дека Македонија е една географска и економска целост, каде што во мнозинство живее еден словенски народ, земја со богато и крваво историско минато.

Националниот комитет на МАНС сметал дека единственото историско праведно решение на ова прашање е обединувањето на трите дела на Македонија во една слободна Македонска држава во заедница на демократските јужнословенски и себалкански нации...

Веднаш по завршувањето на Втората светска војна задачите на МАНС, од разбирливи причини, биле поинаку конципирани. Оттаму, националните комитети биле преименувани во комитети за помош, што имале за цел материјално да ја помагаат обновата и изградбата на опустошената татковина.

МАНС во САД имал задача да ја помага не само борбата против неправдите што се вршеле над поробените Македонци во родниот крај, туку бил активен и во борбата што била насочена против неправдите што се јавувале во САД. Значи МАНС бил прогресивна народна организација во чиј фокус на интересирањето биле и настаните во старата и ситуациите во новата татковина.

ab14-3
Трумановиот комитет

Меѓутоа, кампањата против прогресивните организации и симпатизерите на левицата пожестоко започнале по 1947 година, кога започнала и студената војна. Тогаш во САД дошла до израз и работата на Комисијата за испитување на антиамериканската дејност, што била составен дел на таканаречената Труманова доктрина.

Под силна тортура се наоѓале и илјадници Американци. Доволно било да се критикува Трумановата доктрина или повоената политика на САД, па човек да биде малтретиран, сослушуван, затворан и сл. Многу организации во овој период биле прогласени за субверзивни. Таква етикета му била прилепена и на МАНС кој бил прогласен за пресвртничка организација.

Во услови на ваква клима, МАНС го закажал својот XIX редовен конгрес во Гери (Индијана) за септември 1949 година. И, без оглед на тешкотиите, XIX конгрес на МАНС бил одржан. Потоа стапила во сила одлуката на Државниот обвинител, според која тамошната дејност на Македонско-американскиот народен сојуз згаснала засекогаш.

Така, трагично завршил долгогодишниот труд на најпрогресивниот дел од македонската емиграција во САД, на оние луѓе кои први и единствени надвор од татковината разбрале и се бореле за правилно решавање на македонското национално прашање, за братска љубов и слога меѓу сите балкански и другите народи во светот.

Во повоениот период, кога Македонците ја извојуваа слободата, по иницијатива на МАНС бил основан Комитет за помош во обнова на Македонија. Таков Комитет бил формиран и во МНКС во Канада. Нивните задачи не се разликувале од задачите на Комитетот за помош на Југославија.

Голем број од овие средства биле наменети за Македонците од Јужна Македонија, односно од Егејскиот дел на Македонија, каде што беснеела Граѓанската војна во Грција. Македонците од Егејскиот дел биле изложени на невидено насилство од страна на грчките власти кои вршеле асимилација. Илјадници Македонци биле убиени, затворени интернирани и принудени да ги напуштат изгорените села и да побараат закрила во други земји.

Една од поголемите помошти од македонските доселеници во САД и во Канада за Македонија била помошта за изградба на болницата во Скопје. Тие средства биле собрани од болничките македонски комитети, какви што биле формирани во сите организации на МАНС и МНКС во САД и во Канада, кои всушност биле иницијатори на оваа хумана акција.

ab14-4

Инаку, по својата природа, поради неостварените цели на ослободителната борба на македонскиот народ – ослободувањето на цела Македонија и нејзиното конституирање во самостојна држава на Балканот, македонското иселеништво било прилично политички индиспонирано. Во суштина тоа секогаш било тесно поврзано со положбата и со развојот на настаните во Македонија.

Во периодот меѓу двете светски војни во редовите на македонското иселеништво се рефлектирале поделбите во ослободителното движење, кое било поделено на две основни струи: левица и десница. Левицата на иселеништвото ги имала сите белези на левицата во Македонија. Таа била под влијание на ВМРО (Об.), односно на Коминтерната, иако организирана во неполитички организации; Македонски народен сојуз, односно Македонско-американски народен сојуз (МАНС) или Македонско-канадски народен сојуз (МКНС).

Десницата, пак, била под силно влијание на организацијата на Иван Михајлов, со пробугарска ориентација, организирана во своја ,,Македонска патриотска организација” (МПО).

Продолжува

katin14
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.