Среда, 13 Јуни 2018   
КУД „Илинден" од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан" од Виндзор, Канада на турнеја низ Македонија (39)

ilinden39-1

ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

КУД „Илинден" од Сиднеј, Австралија и КУД „Ѓердан" од Виндзор, Канада, изутрината, на 23 јули 1983 година, го продолжија патувањето за Штип, каде беа топло пречекани од голем број граѓани, општествено-лолитички работници, стопанственици од „Македонка,“ и „Астибо". Притоа, имаа можност да се запознаат со постигнатите резултати на најстарата текстилна фабрика кај нас, „Македонка", и достигнувањата на модната конфекција „Астибо".

Исто така, ја посетија Детската градинка што работи во состав на „Астибо" и Споменикот на паднатите броци. Во вечерните часови, на Летната сцена, каде што тешко можеше да се најде слободно место се одржа планираниот концерт.

Другиот ден, на пат за Неготино, домаќините од Штип организираа посета на училиштето во Ново Село во кое учителствувал Гоце Делчев, како и на Галеријата на икони што се наоѓа во состав на црквата „Св, Богороцица", лоцирана во непосредна близина на училиштето.

Во Неготино, друштвата стаса околу пладне кога заради жешкото сонце и лозарите се прибираа во ладовина. Како и во претходните години, гостопримството на домаќините беше на висина. Им го покажаа Градскиот музеј и направија прошетка низ градот што се гордее со своите убави нови градби. Вечерта, за време на концертот, во Неготино вриеше како во кошница. Цел град беше на Плоштадот каде се одржа заедчичкиот концерт на гостинските друштва и КУД „Јане Сандански" од Неготино.

Малку изморени од претходната бурна ноќ, другиот ден гостите заминаа за Прилеп, каде уште на чешмата кај Плетвар беа топло пречекани од домаќините. Таму, во дебелата сенка на паркингот, симпатичниот состав на КУД „Весели Прилепчани" кој работи во рамките на Сојузот на пензионерите од Прилеп, ги пречека гостите со избор на староградски песни и им посака добредојде во градот херој.

Потоа, ја посетија Могилата на непобедените, Тутунскиот комбинат и фабриката „11 Октомври". Вечерта, во преполнетата величенствена сала на Домот на културата „Марко Цепенков", се одржа заеднички концерт со КУД „Мирче Ацев".

ilinden39-2
МПЦ „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штип

По напорните неколку дена и четирите концерти, фолклористите пристигнаа во Ресен, каде малку здивнаа, се одморија и ја почувствуваа свежината и убавината на Преспа и Преспанското Езеро. Потоа ги посетија: Отешево, Претор, Крани, фабриката „Агроплод" и одржаа концерт во Царев Двор, каде голем број присутни, меѓу кои повратници, иселеници и времено вработени, топло ги поздравија и возвратија со долготраен аплауз за нивниот успешен културно-уметнички настап.

Секако, најзначаен и најинтересен момент за гостите беше учеството на Дефилето низ улиците на Битола и учеството на КУД „Илинден" на првата вечер на манифестацијата „Илинденски денови". На преполнетото ракометно играпиште, десетилјадната публика долго им ракоплескаше на играорците на КУД „Илинден" од Австралија кои „гореја" на сцената за преку орото и песната да ја покажат и докажат љубовта кон Илинден, кон Македонија.

На 30 јули, во центарот на Ресен се одржа XX „Преспанска иселеничка средба" на која заедно со гостите настапи и КУД „Таше Милошевски" од Ресен. Средбата им остана во трајно сеќавање на гостите по успешниот настап пред широкиот аудиториум и по извонредното гостопримство од страна на домаќините.

По традиција, беше избрана убавица на сродбата. Ласкавата титула и припаднала на Виолета Толеловска од КУД „Ѓердан", а за придружнички беа избрани Вирџинија Главинчева од КУД „Илинден" и Дорина Маљановска од КУД „Ѓердан".

Наредниот ден гостите заминале за „Св. Наум", каде учествуваа на „Охридската иселеничка средба". Исто така, во вечерните часови настапија на традиционалните „Езерски средби" кои се одржуваа на Пристаништето во Охрид.Завршната вечер од фестивалот „Илинденски денови" во Битола им припадна на КУД „Ѓердан", чии играорки ги воодушевија посетителите. За нив тоа беше најдоброто и најпријатното фолклорно доживување.

ilinden39-3

На Илинден, на славниот ден на македонскиот народ, тие учествуваа на „Битолската иселеничка средба" во Трново, на која пред околу десет илјади посетители, од кои повеќе од две илјади беа иселеници, ги покажаа своите високи фолклорни квалитети. Истиот ден заминаа за Крушево за да настапат на „Гумење" и да земат учество на прославата на 80-годишнината од Илинденското востаиие и Крушевската република.

Од Крушево, заминаа за Битола каде голем број членови остана да ги посетат своите. Таму имаше искрени, пријателски и другарски разделби, размени на адреси и многу солзи радосници од членовите на двете друштва. Потоа, неколку членови останаа во Ресен и Охрид, а другите се придружија на заедничката веселба со Делегацијата на Матицата на иселениците од Македонија што се одржа во Маврово.

Во текот на гостувањето низ Републиката двете културно-уметнички друштва приредија 14 концерти на кои присуствуваа околу 50 илјади посетители. Исто така, гледачите на малите екрани имаа можност да ги следат директните преноси од нивните настапи на фестивалот „Илинденски денови" во Битола, преку кои тие се претставија и на широката публика во Република Македонија.

Успехот што го постигнаа културно-уметничките друштва „Илинден" од Сиднеј и „Ѓердан" од Виндзор беше дело на сите членови и управите на друштвата, а во организација на Матицата на иселениците од Македонија. Нивниот ентузијазам и богатство на фолклорот, беа израз на чувствувањето на фолклорниот дух и традициите на македонскиот народ, а со тоа и љубовта кон дедовската земја Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.